|
|
ОМО Илинден организира чествување на 998 години од големата битка на Самоил |
Невладината организација ОМО Илинден во недела во Петрич ќе чествува 998 години од големата битка на македонскиот цар Самоил. Основачот на ОМО Илинден Кирил Иванов вели дека одбележувањето ќе почне во 10 часот кај место Самоилова карпа. Тој забележува дека Невладината организација ОМО Илинден се уште не може да се регистрира, бидејќи постапката се уште е во Врховниот суд на Бугарија. Иванов забележува дека меѓународниот суд за човекови права во Стразбур по петти пат дава само препорака на бугарските судови да се регистрира невладината организација. -Пред еден месец ни издадоа едно решение дека не можеле да го разгледат делото и тој состав на судии во Врховниот суд се откажа. Ние со нашиот адвокат Милош Бараков направивме друго барање, за да тоа решение го земе друг состав на судии, вели Иванов. Регистрација на невладината организација ОМО Илинден трае неколку години. Сепак според него продолжуваат притисоците врз македонците кои живеат во Бугарија. - Ако си Македонец не можеш да се вработиш во Полицијата, ако си Македонец не можеш да бидеш новинар во Радио Благоевград, ако си Македонец не можеш да бидеш судија. Јасно е дека притисоците си одат од друга страна, тоа е страната на бившата државна безбедност, а сега се нарекува ДАНС, рече Иванов. Превземено до: Ирис Телевизија
Викторија Димитрова - Јованова |