Среда, 31 Јули 2013   
Вечна му слава на Ѓорги Томов - Џорџ (18 март 1933 - 5 август 2008)

Петгодишен помен од загубата на првиот амбасадор на македонската култура во САД, патриот, уметник и пред се’ пријател на сите Македонци и пријатели на Македонија.

gorgi-tomov

Ѓорги ЏорџТомов кој живееше во Њујорк (САД), роден брат на Јанко Томов, од Бризбен, Австралија, повеќе од 40 години е основач на „Gold Dance Foundation“ на Америка и на Фолклорниот ансамбл и студио George Tomov. Добитник е на ОРДЕНОТ НА ЧЕС­ТА за 2005 година, што го доделува Владината орга­низација НЕКО (од Владата на САД). Ова највисоко Општествено признание, за ПРВПАТ е доделено на МАКЕДОНЕЦ за АВТЕНТИЧНО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАКЕ­ДОНС­КАТА КУЛТУРА. Меѓу досегашните добитници на ОРДЕНОТ НА ЧЕСТА, се шест досегашни Претседатели на САД, како и извесен број познати американски државјани, меѓу кои: Џими Картер, Џорџ Буш, Роналд Реган, Бил Клинтон, Хилари Клинтон, Мохамед Али, Боб Хоуп, Френк Синатра и други, а меѓу нив и Ѓорги Томов.

Еве ги првите реакции за смртта на Ѓорги од неговите најблиски пријатели и познаници во македонските медиуми во 2008 година и тоа од Јордан ПЛЕВНЕШ:

„Веста за смртта на Џорџ Томов одекна насекаде како голема загуба, не само во Македонија, туку и низ сите меридијани каде што живеат Македонци, од Австралија и Нов Зеланд преку Европа до Канада и САД, бидејќи Џорџ Томов беше митско име на современата македонска историја.

Уште од својата рана младост, Џорџ Томов (роден 1933 година во Струмица) започна со своите професионални ангажмани, прво во „Танец”, а потоа во хрватскиот ансамбл „Ладо”, за потоа, со неговото патешествие, преку Франција до САД, во новиот главен град на светот, Њујорк или Големото јаболко, на Менхетен да ја формира институцијата „Интернационален ансамбл за танц- Џорџ Томов” низ која поминаа над 3.000 лица од американскиот континент и нашинци раселени низ светот.

Џорџ Томов, меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина.

Симболиката сакаше, кога владата на САД го формираше „Музејот на емиграцијата” на Елис Ајланд, каде што доаѓаа многубројните емигранти во новиот свет, токму неговото име да биде гравирано во вечноста на светската меморија: Џорџ Томов - Македонија, бидејќи тој го научи целиот свет да игра на македонски.

Кога во декември 2007 како потпретседател на Интернационалната асоцијација на УНЕСКО, заедно со американскиот конгресмен Бил Паскрел, имав чест да го промовирам американското издание на Монографијата за неговата животна одисеја, во организација на почесниот конзул на Македонија во Њу Џерси, Славко Маџаров, во тој миг знаев дека на сите светски сцени на коишто Џорџ Томов ги играше македонските ора, од антиката до денес, и во сите илјадници срца каде што тој со својата скулпторска имагинација ја внесе кореографијата на неговиот бескраен талент, ќе го запаметат чинот во кој тестаментално го одигра прошталното оро „Чупурлика” пред овациите на воодушевената њујоршка публика.

Томов го познаваше секој центиметар на Њујорк и при последната средба на Бродвеј ми рече: „Она што Александар го замислил пред 2300 години со Александрија, за светската заедница на народите се оствари денес во Њујорк”.

Денес се отвора едно поглавје во кое неговото заминување ги обврзува Македонија и македонската заедница во САД да изградат Музеј на интернационалниот танц што ќе го носи неговото име, во кој ќе бидат сместени илјадници реквизити, костими и снимки и во кој ќе се изучуваат македонските танци и ора, на коишто им го посвети својот живот во петте децении исклучително посветени на афирмација на Македонија во светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.