Среда, 28 Август 2013   
ИВАН ТРПОСКИ НАЈЗАСЛУЖЕН ПОЕТ ОД ДИЈАСПОРАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

za_mail

На интернационалниот поетски фестивал во Струга на нашиот поет Иван Трпоски му беше врачена наградата „Стојан Христов“ која традиционално се доделува на овој фестивал на најзаслужен поет од дијаспората.

Советот на СВП едногласно одлучи престижната награда „Стојан Христов“ оваа година на 52-та поетска манифестација да му ја додели на поетот Иван Трпоски за неговата книга избор поезија „Угрејсонце во мојот сон“ што влезе во конкуренција со уште десетина други книги од Македонци од дијаспората.

Наградата „Стојан Христов“ на Иван му беше врачена на завршната програма „Мостови“ на Дрим каде Иван настапи со своја поезија. Ова беше негов трет настап меѓу интернационални поети каде заслужено ги преставуваше сите поети од Австралија како преставник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

Инаку Иван Трпоски е најобјавуван поет и писател од дијаспората. Зад него има голем број објавени дела кои биле наградувани во Австралија и Македонија. Во 1995 година ја доби наградата „Иселеничка грамота“.

Иван е автор на делата: „Површински корења“ (Сиднеј – 1985), „Големиот брод“ (Скопје – 1988), „Оковано море“ (Сиднеј – 1988), „Преселба на запад“ (Сиднеј – 1990), поемата „Тодорка“ (Скопје – 1995), „Свитило“ (Сиднеј – 1999), „Меѓу две огништа“ (Охрид – 1999), „Немирни ветрови“ (Сиднеј – 2004), „Љубовна имагинација“ (Сиднеј – 2004), „Зад синиот бран“ (Штип – 2008), „Угрејсонце во мојот сон“ (Сиднеј-Скопје 2013); на патописите: „По патот на сонцето во Македонија“ (Сиднеј – 2000), и „Македонија моја татковина“ (Сиднеј – 2002). Исто така тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ (Струга – 2004) и на биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“ (Струга - 2008).

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.