|
|
Самостојна изложба на американскиот уметник Дик Робертс |
Во организација на ДЛУМ во кафе Галерија 8 – Безистен Стара скопска чаршија, вчера- вторник (03.09.2013) во 21:30 часот се отвори изложбата „Моето македонско патешествие“ на американскиот уметник Дик Робертс,долгогодишниот пријател и љубител на Македонија. Роден е 1947 во Дурам, Северна Каролина САД, каде што и оддржува едно од студиата „Acme Art Studios“во Вилмингтон. Дипломира сликарство и керамика приуниверзитет за ликовни уметности во Западна Каролина 1979 година. Дик Робертс,има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство. Како најзначајни се представувањата во Германија, Франција, Црна Гора и САД. |