|
|
Церемонија за кревање на знамињата по повод 8ми Септември во Мелбурн и Викторија |
Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија, под патронство на Генералниот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн, во координација со и под покровителство на Federation Square, ве поканува да учествувате на традиционалната церемонија за кревање на знамињата, по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Македонците одсекогаш сонувале за своја самостојна држава. Така по десет дневната Крушевска Република во 1903, Македонците конечно го оствариле својот сон во 1944 година. Сепак, вистинска самостојност преку демократските процеси не се остварила се до 8ми Септември 1991 г., кога Република Македонија стана суверена и самостојна држава. Заради ова, 8ми Септември прересна во еден од најголемите празници на Македонскиот календар. Сите се добредојдени да учествуваат на овој настан кој што ја слави слободата, демократијата и мултикултурното општество.
Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија РАДИО ИЛИНДЕН - Мелбурн
|