Среда, 16 Октомври 2013   
Одбележан 11 Октомври во Перт

По повод „11 Октомври“ денот на народното востание на македонскиот народ во неделата (13 октомври 2013 година)во Перт во Македонскиот Културен Центар „Илинден“ беше организирана богата културна програма.

На почетокот на прославата Претседателот на Македонскиот Културен Центар „Илинден“ г-нот Васко Шобески ги поздрави присутните гости и објасни за значењето на „11 Октомври“, а свештеникот на МПЦ-ОА отец Веско Каранфилоски одржа панихида за сите кои ги положија своите животи пред олтарот за слободата на Македонија.

Откако беа интонирани македонската и австралиската химна, реферат за значењето на „11 Октомври“ поднесе секретарот г-нот Трајче Трајковски, кој меѓу другото потенцира дека одбележувајќи го денот на Македонското Револуционерно Востание од 11 октомври 1941 година ние се потсетуваме на еден од многуте драматични периоди низ кои врвел македонскиот народ во борбата за своја суверена и независна држава Македонија.

Најмладиот учесник на оваа културна програма беше Томи Трајковски кој изведе рецитал на борбени македонски револуционерни песни, а присутните гости го поздравија со голем аплауз. Љубовта на неговите родители кон татковината го натерала Томи на својата десетгодишна возраст да се вљуби во револуционерните песни.

Венци и свежо цвеќе положија претставници на Македонската Општина за Западна Австралија, претставници на МПЦО Св. Никола, претставници на МКЦ Илинден, Задграничниот Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ, претставници на женската секција при МКЦ Илинден, Ромската Општина како и преживеаните борци од Втората Светска Војна г-нот Ристо и г-нот Јане Трпин од селото Бапчор- Егејска Македонија, учесници во крвавите борби на Грамос и Вичо Планина.

pert-11-okt-4
Најстариот и најмладиот учесник

pert-11-okt-2
Јоте Кандоски, претставник на Македонската Општина за Западна Австралија


pert-11-okt-1
ПретставницинаМакедонскатаПравославнаЦрковнаОпштинаСв. Никола

pert-11-okt-3
Мирко Аврамоски, претставник на МКЦ Илинден

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.