Среда, 30 Октомври 2013   
Ревија на малите книжевности - Македонија во фокусот

Загреб, Република Хрватска

makedonija-vo-fokusotМинатата седмица, во организација на хрватското здружение за унапредување на културата „Културтрегер“ ("Kulturtreger"), во клубот „Букса“ ("Booksa") во Загреб се одржа деветтата Ревија на малите книжевности. Оваа година, Ревијата беше посветена на македонската книжевност и по тој повод, во издание на „Културтрегер“ е објавен избор од творештвото на десет македонски автори кои согласно критериумите на организаторите се помлади од четириесет години и се афирмирани во својата земја, а нивна книга, до сега не е објавена во превод на хрватски јазик. Приредувач на овој избор е Венко Андоновски.

Ревијата започна со разговор помеѓу Андоновски и Бруно Локотар кој во Хрватска важи за легендарен покренувач на бројни книжевни фестивали и човек кој со својата работа има дадено голем придонес за високите стандарди на хрватското издаваштво. Преку разговорот, многубројната публика се запозна со основните карактеристики на македонската современа книжевност, во компарација со хрватското книжевно искуство. Притоа, Андоновски истакна дека новата генерација македонски книжевници (иако не може да се говори за генерација во класична смисла) се одалечи од постмодернизмот и иронизирањето на реалноста, односно дека новите имиња на македонската книжевна сцена, мошне често и го ирнонизираат постмодернистичкото иронизирање на реалноста. Потоа, со дел од своето поетско творештво се претставија Владимир Мартиновски и Иван Антоновски.

На претставувањето, како карактеристика на поетското творештво на Мартиновски беше забележана посебната форма на интертекстуалност којашто тој ја негува, додека Антоновски беше претставен и доживеан како поет и критичар кого и во поезијата го краси полемичен тон. Претставувајќи го, Андоновски ја истакна и неговата работа на антологијата на најмладата македонска поезија и проза „Ветерот носи убаво време“, во која самиот отвори дебата со претходниците. До одличен спој на овие двајца поети кои негуваат различна поетика, дојде во завршницата на книжевната вечер, кога Мартиновски, на тамбура и кавал го придружуваше читањето на стиховите на Антоновски. Своевидниот перформанс на двајцата поети ја воодушеви публиката за која просторот во клубот „Букса“ беше претесен.

На втората книжевна вечер, пред хрватската публика, преку разговор со нивни хрватски колеги и со читање на нивните текстови застапени во објавениот избор се претставија прозаистите Калина Малеска и Жарко Кујунџиски. Со Малеска разговараше хрватската прозаистка Ивана Симиќ-Бодрожиќ, додека Кујунџиски беше претставен преку разговор со истакнатиот прозаист Едо Поповиќ. „Предавате книжевност и теорија на книжевност, а истовремено и пишувате, па како се комбинираат овие две работи, дали теоријата помага при пишувањето?“ - беше едно од прашањата кои Симиќ-Бодрожиќ и` ги постави на Малеска. „Доколку се имаат предвид некои теориски ставови, тоа може да помогне во пишувањето, но доколку премногу се обидуваме да ги следиме теоретските правила и ги изгубиме од предвид реалноста и спонтаноста, тогаш, теоријата може да претставува отвор за пишувањето“ - истакна младата македонска прозаистка во завршницата на одговорот на ова прашање.

Претставувајќи го Кујунџиски, Едо Поповиќ ја потенцираше „густата биографија“ на овој македонски автор, истакнувајќи дека релативно млад има објавено повеќе книги во кои негува различни книжевни форми, се бавел со маркетинг, активен е и како издавач, пишува колумни итн. „Работам сè и сешто, од внатрешен инает“ - рече Кујунџиски, додавајќи дека „писателите се како политичарите, затоа што секогаш мораат да се објаснуваат самите себеси“. Во завршницата на вечерта беше претставен и младиот македонски прозаист Андреа Јанковски, преку разговор којшто му беше посветен нему, а го водеа Динко Телечан и Венко Андоновски, како и преку читање на негов расказ, преведен на хрватски јазик. Модератор на двете вечери посветени на македонската книжевност беше Миленка Булевиќ, а програмата беше збогатена и со музички настапи - на првата вечер, со изведба на три македонски народни песни, настапи составот „Чипкице“, додека на втората, како музичар се претстави поетот Мартиновски.

Според јавно изнесените впечатоци на организаторите на оваа значајна книжевна манифестација, Ревијата посветена на македонската книжевност се издвојува како најуспешна од сите кои до сега се организирани, и тоа и според интересот на публиката, и според интересот на медиумите и според естетските квалитети на творештвото на застапените автори во изборот објавен на хрватски јазик.

Во изборот чиј приредувач е Андоновски, поместени се и делови од творештвото на: Румена Бужаровска, Игор Крајчев, Снежана Младеновска-Анѓелков, Звонко Танески и Јовица Тасевски-Етернијан. Како што е нагласено во предговорот на изборот, десетте автори чии текстови се застапени „...се иднината на македонската книжевност, и во овој момент, претставуваат нејзина голема реконструкција“. Објавените текстови од младите македонски автори, на хрватски јазик ги преведоа студентите кои студираат јужна славистика на Филозофскиот факултет во Загреб, под менторство на Ивица Баковиќ.

makedonija-vo-fokusot-1

makedonija-vo-fokusot-2

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.