Среда, 30 Октомври 2013   
Ревија на таленти на Натпреварот по рецитирање во НЈВ

Успешна Традиција

Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по шести  пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.

recitiranje-2

Преку сто и седумдесет ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.

Рецитирањето е древна македонска вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.

Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните наставници кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваата грижливите  родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот.

Жири комисијата во состав: Иван Трпоски-поет и хроничар, Кире Пашовски–долгогодишен активист и Славица Ристеска–професорка по македонски јазик во СЦ Когра, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд, но одлучија оваа година наградите да ги добијат:

recitiranje-1

Од забавиште

Милена Стојковска од Carlton PS

Stage 1 (6-8 год.)

1. Кристина Савеска  од  Yagoona PS

2. Тијана Петровска од Carlton PS

3. Никола Петковски од Bankstown  PS

Stage 2 (8-10 год.)

1. Дамјан Димовски од „Филип II“ Peakhurst
2. Костадин Игески  од  MEU „Никола Карев“ Bonnyrigg

3. Тијана Паревска од МЕОU „11-ти Октомври“ Yagoona

Stage 3: (11-13 год.)

1. Алексеј Кочовски  од  „Климент Охридски“ Rockdale

2. Филип Трифуновски од Carlton PS

3. Христијан Спировски  од „Кирил и Методиј“  Shellharbour”

4. Дамјан Стевановски  од „Браќа Миладиновци“ Manly Village

Жаклина Михајлова – Учителката
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.