|
|
Македонците од Мала Преспа организираа македонска вечер во Канада |
По третпат традиционално на 16 ноември во Мисисага, Канада, Македонците со потекло од Мала Преспа кој што живеат во Канада и Америка организиираа македонска вечер по повод православниот празник “Св.Архангел Михаил”. Владимир Терпо македонски иселеник од Мала Преспа кој што живее во Канада за весникoт Македониум изјави дека гостите се дружеа до доцна во ноќта и се веселеа со македонски песни и ора со групата “Бисер Торонто”. “Веќе станува традиција еднаш годишно, Македонците со потекло од Мала Преспа кој што живееме во Америка и Канада да се собереме заедно за православниот празник “Св.Архангел и Михаил”. Овој ден преставува добра можност за сите нас да се дружиме, веселиме но и да позборуваме за нашиот роден крај.”- изјави Владимир Тeрпо за весник Македониум. Исто така, на ова македонска вечер се организираше богата лотарија, додека целиот приход ќе се донира за доизградба на македонската православна црква “Св.Архангел Михаил” во Пустец, Мала Преспа. После 1991 година за Канада и Америка емигрираат значителен број на Македонци од Мала Преспа. (Македониум) |