Сабота, 23 Ноември 2013   
Во Тирана се промовира препечатеното издание на Македонско - Албанскиот речник на Никола Беровски

Во Националниот Историски Музеј во Тирана, синоќа, по повод 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија се одржа промоција на препечатенoто издание на речникот на Никола Беровски, Македонско-Албански речник од авторот Фоте Никола.________________Prespa_copy

На промоцијата, покрај Македонците што живеат во Тирана и претставниците на Македонците во Албанија, учествуваа и амбасадорите на Република Македонија и Црна Гора во Тирана, Стојан Карајанов и Ферхат Диноша.

На промоцијата поздравија амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Стојан Карајанов, Илинден Спасе, синот на познатиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, Драгица Беровска ќерката на Никола Беровски како и Аријана Шутку секретар на фондацијата “Никола Беровски”.

Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, авторот на препечатеното издание на речникот Македонско-албански на Никола Беровски како што пренесува весник Македониум, истакна дека делото на Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот Македонско- албански речник со над 10 илјади зборови.Berovski_promocija_2

„Деновиве е испечатено второто издание после 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Многубројните учебници што Никола ги преводи или ги состави за основното училиште во Мала Преспа веќе се реновирани и деполитизирани, програмите веќе се променети, ќе се вршат други посовремени преводи на македонски јазик на делата на Стерјо Спасе, Дритеро Аголи, Исмаил Кадаре и др. Само Македонско-албанскиот речник ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство но и на сите граѓани во Република Албанија“ - истакна Никола.

Тој, исто така, се осврна и на просветителското дело на Беровски во Албанија и тешкотиите во тоа време за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.

„Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски“- истакна Фоте Никола.Berovski_promocija

Овој речник е испечатен во 500 примероци, кој ќе се подарат на Македонците во Албанија и е подржан од министерството за надворешни работи на Република Македонија.

За ислкучителниот придонес за образовно воспитната дејност и за неговата макотрпна работа во заштита и ширење на македонскиот јазик, култура и писменост, Владата на Република Македонија во 1991 година на Никола Беровски му го додели високото признание – наградата “Климент Охридски”.Berovski_promocija_1

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија.

Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, промоција на овој речник ќе се одржи во Корча и во Пустец, Мала Преспа.

Македониум

 

 

 

 

 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.