|
|
Незаборавни моменти од свеченоста на Денот на независноста 2013 година (1 дел) |
Јанко ТОМОВ Моето присаство на свеченоста за Денот на независноста 8 Септември 2013 година во МОБ во Скопје ми причини особено задоволство. Тоа задоволство, од моја страна, кое сакам да го прикажам, е со поука да се биде разумен и стрплив, пред да реагирате на одлуките на власта на републиката. Од друга страна пак за во иднина, од официјалните претставници на власта и опозицијата, да се има поголемо внимание и почитување, барем на познати македонски патриоти, кои го даваат своето драгоцено време за промоција на македонската кауза во дијаспората и пошироко во светот. При осумдневниот престој во Македонија, при седумнеделните патувањата низ европските држави, со мојата супруга Маргарет која сестрано ми помага во моите публикаци и промоции од македонски историски карактер, ми причини големо задоволство. Мојот вложен труд во промоција на македонската кауза во последните 43 години, меѓу македонското иселеништво во дијаспората и Македонија, донекаде беше задоволително. Во тоа кратко време имавме можност да се сретнеме со драги и почитувани наши пријатели, меѓу кои и мојот истомисленик и активен патриот, главен и одговорен уредник на „Македонска нација“, г-дин Мане Јаковлески. Се слушнав со директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија, г-дин Васил Наумов и поедини негови службеници. Го посетив вечниот дом и се поклонив на мојот соборец за македонската кауза и основач на ВМРО-ДПМНЕ, покојниот Драган Богдановски во Куманово. Го разгледавме и се восхитувавме на експонатите, восочните фигури, костумите и националните уметнички цртежи, слики и други национални вредности од македонски културно-историски карактер во Музејот на македонската борба во Скопје. Се сретнав со лидери од ВМРО-ДПМНЕ и власта на републиката за што досега немав таква можност. Бидејки сум физички отсатен од животот во Скопје и Македонија со децении, иако сум скопјанец, Македонец, речиси не познавам лично никој од политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ или од опозицијата. Од друга страна, духовно сум присутен со Македонците и во Македонија, а тоа ми го овозможуваат македонските електронски медиуми, интернет и допишувањето со моите стотина читатели на статии од национален, политички и историски карактер. За поканата за присаство на свеченоста на Денот на независноста изразувам благодарност до мојот пријател Мане Јаковлески, преку г-дин Александар Ѓорѓиев од Министерството за култура на Р. Македонија. Исто така сум му благодарен на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, г-дин Васил Наумов, кој лично ги предал примероците од моите историски книги на премиерот на РМ, г-дин Никола Груевски и претседателот на РМ, д-р Ѓеорге Иванов, кои не беа во можност да ме примат во нивните кабинети, поради актуелни државни обврски. Пред влезот на МОБ имаше црвен тепих и беше подобро организаиран влезот, од предходната прослава во 2009 година. Времето беше топло и пријатно, а пред зградата имаше извесен број на граѓани, кои имаа прилика од близу да ги видат и поздрават позначајните посетители на свеченоста. Салата беше полна. На бината имаше повеќе од 30 инструменталисти, а во редовите над нив во 3 реда, беше хор со околу 60-тина пеачи, како и женски и машки оперски пеачи.
Со најавување на делови од програмата, водителотна крајот го најави говорот на претседателот на РМ д-р Ѓеоге Иванов. Претседателот течно и убедливоподнесе реферат за значењето на Денот на независноста и значењето на соживотот на мултикултурното општество. Претседателот д-р Иванов се прикажа како голем говорник и претседател на сите граѓани на републиката. Во говорот д-р Иванов неколку пати потенцираше, дека владата на Република Македонија, со сите нејзини институци, кои му служат лојално на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, ќе го сочуваат македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура, македонската историја и македонската сувереност со уставното име на Македонија, а и понатаму ќе ги спроведуваат потребните реформи за прием во ЕУ и НАТО.
После говорот на претседателот следуваше коктел каде присуствуваа повеќе од 100 посетители врвот на владата, собранието, министри, амбасадори и преставници на поедини институции на власта, кои се поздравуваа и си честитаа. Јас и мојата сопруга најпрво се запознавме со претседателот д-р Ѓеорге Иванов честитајќи си го празникот, а потоа малку поразговаравме при што посредоточив дека Македонците од дијаспората се добри, лојални, а во нивните срца и мисли е Македонија. На моето прашање, дали ги добил моите историски книги, претседателот одговори потврдно. Ми беше драго, бидејќи пред неколку месеци му испратив писмо, дека би сакал да оствариме средба за да му поклонам некои од моите античко-историски книги за битноста на Македонците и Македонија, во кои свој удел даваат и странски автори на историски дела. Фотографиите се успешни спомени, кои со задоволство ќе ме потсетуваат на средбите во Македонија со ценетото раководство на Република Македонија.
|