|
|
Незаборавни моменти од свеченоста на Денот на независноста 2013 година (2 дел) |
Јанко ТОМОВ По говорот на претседателот д-р Ѓеорге Иванов на свеченоста за Денот на независноста која се одржа во Македонска Опера и Балет (МОБ) во Скопје, сите се упатија кон холот каде имаше коктел и каде се среќаваа и поздравуваа видни личности од политичкиот и општествениот живот од Македонија и нивни гости и познаници. Откако остваривме средба со Претседателот д-р Ѓеорге Иванов, јас и мојата сопруга Маргарет се упативме кон Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. Премиерот Груевски беше опколен со повеќе гости. Со почитуваниот премиер Никола Груевски отпочнавме мала конверзација, со ракување и честитање за Денот на независноста. Покрај моето лично преставување ја преставив мојата ценета супруга Маргарет, дека сме од Австралија на посета на Република Македонија. При тоа премиерот не` праша како сме ние Македонците во Австралија, на што му одговорив дека и ние го чувствуваме и славиме овој празник како наш. Премиерот г-дин Груевски, запознавајќи се со мојата супруга, пријателски и со насмеано лице, дозволи таа да не` фотографира.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и воедно Премиер на владата на Република Македонија, кој на Парламентарните избори во 2006 година победи и во коалиција со ДУИ ја поведе републиката во прогрес кој ниту една досегашна влада го нема ниту од близу остварено. За правилната политика од национален, економски и државен карактер, премиерот г-дин Никола Груевски е награден од народот. Како способен државник по трет пат ги освојува симпатиите на македонскиот народ и на последните вонредни Парламентарни избори во Република Македонија, како во републиката така и од дијаспората,а тоа е награда и за способноста на сите негови соработници. Посебните значајни остварувања на Премиерот Груевски, се во спроведувањето на реформите предложени од ЕУ, за кои секоја година заслужено Македонија добива позитивни оценки и препораки за Пристапни преговори со ЕУ. Исто така, досега се позитивни препораките и за членство во НАТО. Посебни напори Премиерот прави во дипломатската борба за зачувување на Уставното име на Македонија, за што цело патриотското иселеништво потполно го поддржува и му заблагодарува.
Уште од мојата прва посета на Република Македонија во 2007 година, заедно со мојата супруга Маргарет, бевме примени во кабинетот на премиерот г-дин Никола Груевски од страна на неговите соработници кои ни укажаа гостопримство и се извинија поради неможноста за прием и уверување со добри желби, дека следниот пат премиерот ќе не прими. При нашата посета во 2009 година, премиерот Груевски беше зафатен од државнички задолженија, но затоа бевме примени од г-ѓа Силвана Бонева, координатор на Парламентарната владина група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ. Повторна средба со г-ѓа Силвана Бонева остваривме и на оваа свеченост, во чија близина беше и Претседателот на Собранието на РМ г-дин Трајко Вељановски. Двајца јаки застапници на владата кои ја организираат активноста на Законодавниот дом на Македонија, се интересираа за нашето иселеништво за што накратко посредоточив, дека иселеништвото е лојално на матичната родна Република Македонија.
Исто така посебно задоволство ни беше и запознавањето со Министрот за надворешни работи на РМ, г-дин Никола Попоски. Г-дин Попоски е интелигентна и преставителна млада македонска личност, како и другите лидери на владата и нејзините институции. Г-дин Попоски е перспективна личност, која со успех ја води македонската дипломатија, при што покрај ценетите манири при контакти и средби во своите активности, покрај англискиот се служи и со други светски јазици.
Г-дин Љубиша Георгиевски со супругата, во разговор со Јанко Томов од Австралија |