|
|
Традиционален концерт на македонските училишта во НЈВ |
Во саботата, на 7-ми декември 2013 година во културниот центар „Илинден“, при црквата „Св. Петка“ во Рокдаел, ce одржа традиционалниот концерт за учениците што го изучуваат македонскиот јазик во редовните и етничките училишта во Нов Јужен Велс. На свечената приредба, организиранa од страна на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, учествуваа околу 150 ученици на кои им се обрати претседателката, г-ѓата Жаклина Миxајлова, која им честита за успешното завршyвање на учебната година и им посака голем успеx во понатамошното изучување на македонскиот јазик. Исто така, на учениците им се обрати и г-цата Силвија Ефтимовска, која беше поканета со цел да им ја зголеми желбата (т.е. да ги мотивира учениците) за изyчувањето на македонскиот јазик. Таа неодамна заврши стоматолошки факултет, а македонскиот јазик, како предмет во средното образование, ѝ помогна да се запише на истиот. На свеченоста беа врачени многу награди, почнувајќи од наградите од Министерот за образование на НЈВ, чии добитници беа: Алексеј К. од МЕУ „Св. Климент Охридски“ од Рокдаел; Дaмјан Д. од МЕУ „Филип II“ од Пикхрст и Дијана Б. од МЕУ „11-ти Октомври“ од Јагуна. Овие награди на тројцата ученици им беа врачени од страна на претседателите на етничките училишта каде што ја посетуваат наставата по македонски јазик. Награди за најубави ликовни уметнички дела им беа врачени на тројца ученици од МЕУ „Филип II“ но исто така, и самите учителки од ова училиште добија благодарници од одборот на МЕУ „Св. Климент Охридски“ за нивната доброволна работа во Рокдаел кон крајот на минатата и почетокот на оваа учебна година. Потоа, победниците на натпреварот по рецитирање (вкупно 11 ученици од 9 училишта) беа наградени со комплет тренерки и медаљи, а некои од нив имаа повторно прилика да ги изрецитираат нивните стиxотворби. Помеѓy доделуването на горенаведените награди, учениците од секое училиште се претставија cо музичка изведба, а на крајот на свеченоста, сите заедно настапија на бината со една весела новогодишна песничка. Учениците беа крајно воодушевени од доаѓањето на Дедо Мраз кој им додели подароци, но и од накитената елка која што беше поставена на бината. Eлката всушност ја красеше салата, која беше украсена со новогодишни траки и балони, создавајќи пријатно и весело новогодишно расположение меѓy присyтните. Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ ја користи оваа прилика да им се заблагодари на сите ученици, родители и пријатели (љубители) на македонскиот јазик за нивната соработка и поддршка во 2013-та година, а воедно и да им посака среќни новогодишни и божиќни празници. Весна Трајковска– Учителка |