Среда, 08 Јануари 2014   
Да се поддржи иницијативата - предлогот за името до Советот за безбедност на ОН

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Предлог иницијативата за барање на Република Македонија до Советот за безбедност на ОН, за спроведување на Хашката пресуда против Грција во 2011 година, треба сестрано да се поддржи. Оваа иницијатива е од страна на претседателот на републиката д-р Ѓеорге Иванов, изразена неодамна откако Европската Комисија се изјасни негативно за пристапните преговори за членство во ЕУ во декември 2013 година.

Најбрзо треба да се организира дипломатска група на владата на Република Македонија, под водство на Министерството за надворешни работи. Итноста е важна од многу аспекти, а првенствено за да се зачува македонскиот идентитет и да се спречи дистабилизацијата на Република Македонија. Меѓу останатите негативности е и да се спречи наездата на албанските нереални анти-македонски-дрски барања, кои го оптеретуваат буџетот на републиката, кое може да прерасне во економска нестабилност. Исто така да се спречат насилствата  од страна на албанскиот блок, поттикнати од Охридскиот-рамковен договор и поддржувани од САД и НАТО, кои допринесуваат за дестабилизација на Република Македонија.

За потсетување ќе спомнам некои реагирања од страна на македонските медиуми во деновите во очекување на извештај од Европскиот Парламент.

30 октомври 2013, наслов во Нова Македонија: „Рамковните вработувања го силуваат административниот систем“.

Во оваа статија пишува дека секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, распишува бланко-конкурси за вработување на Албанци во државните служби- „Секоја година мора да се вработат по 400 граѓани од малцинствата“. Понатаму стои дека, вработени граѓани (Албанци м.з) седеле дома (невработени), чекајќи трансвер во некои државни институции, додека не се создаделе работни места!

Ова е еден од нереалните начини за заштитниците на Рамковниот договор, со кој се создава неквалитетен вишок на државни службеници, кои ја загрозуваат економијата на Република Македонија...

Кога се мисли и кога се работи за било какви преговори со Грција и Бугарија, што се однесува за македонскиот народ, уставното име, историјата, културата, традициите и сл., во било која врска, која произлегува за нашето име и “добрососедски односи” наметнати од ЕУ, тие треба веднаш да престанат. Престанокот треба да биде драстично изразен, како желба на сите Македонци во Македонија и во светот. За таа цел, владата на РМ треба да достави  барање, паралелно со тоа на Советот за Безбедност на ОН, овој пат до Генералното Собрание на ОН, за  да се признае Република Македонија, со нејзиното уставно име. Тоа е желба на целото иселеништво, невладини  организации во Македонија и дијаспората како и поголемиот дел на жителите на Република Македонија.

Со поднесувањето на барањата до ОН, сите ќе бидеме начисто, бидејќи постојат многу негативности кои се во завршна фаза, за кои наскоро ќе биде доцна да се заштитат, со кои грчките и бугарските шовинисти ја докрајчуваат асимилацијата на Македонците во Северна Грција и Бугарија. Како еден од фактите е и изјавата на Евгенија Нацулиду, претставник на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) во Република Грција и активист за човекови права на Македонците во Егејска Македонија (СевернаГрција), при што, за информативото списание изјавила: „Македонскиот јазик е загрозен во Грција“.

Нацулиду била загрижена за грчкото негирање за користење на македонскиот јазик кај Македонците. Загриженоста се прелеа од Грција во Европската Унија, со нејзиното учество на семинар во Даблин пред десетина дена, на кој заседавале претставници на мрежата за промоција на јазична разновидност, каде се избришал македонскиот јазик!?

Што поскоро треба да се даде поддршка на изјавата на Претседателот Иванов,  Советот за безбедност на ОН, еднаш за секогаш, позитивно да го реши овој наметнат пробем со името на Македонија и нејзините права, според меѓународното право, а во врска со привремената спогодба со Грција.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.