|
|
Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија |
До сите македонски иселенички организации и асоцијации Предмет: Информација за одржување на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија и барање сугестии и предлози за темите на дневен ред Почитувани, Ве известуваме дека во тек е подготовката на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи во втората половина на јули месец 2014 година во Република Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Воедно предлагаме најдоцна до 7 април 2014 година да дадете ваши сугестии за темите на дневниот ред кои ќе се разгледуваат на конференцијата и се од интерес за иселеништвото, а се во рамките на законската надлежност на Агенцијата за иселеништво. На Четвртата годишна конференција која се одржа минатата година на 25 и 26 јули во Скопје, теми на дневен ред беа: ПРВА ТЕМА: Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи ВТОРА ТЕМА: Државјанство и избирачко право ТРЕТА ТЕМА: Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ЗАВРШНИ ДИСКУСИИ: Прашања и одговори со пратениците од дијаспората |