Среда, 12 Март 2014   
Македонците од Голобрдо изолирана тема за Албанија

golobrdo

„Македонци муслимани не беа досега предмет на изучување првенствено затоа што албанските власти ја држат во тајност темата поради желбата Албанија да ја претстават исклучиво како моно-етничка држава“ – вели рускиот научник А.А. Новик во својата статија „Македонци – Муслимани во Албанија – Материјали експедиција 2008 година“

Статијата од А. А. Новик  „Македонци – Муслимани во Албанија“ преставува резултат на истражувањата на рускиот Музеј на антропологија и етнографија император Петар Велики (Кунсткамера / Kunstkamera) и Балканската комисија (Balkan - Kommission) на Австриската академија на науките во селoто Требиште во септември 2008 година. Цел на ова истражување кое од руска страна го водат А.А. Новик и проф. Андреј Н. Соболев се Македонците  муслимани кои живеат во пограничните територии на Североисточна Албанија.

Истражувачите од двете земји особено ги привлекува регионот на Голобрдо кој се карактеризира со извесна архаичност на општествените односи и покрај процесот на глобализација кој во значителна мера ја опфатил територија на Балканот, но многу малку влијаел врз начинот на животот на Гораните. Тие ќе забележат дека врските меѓу оделни региони (области) продолжуваат да остануваат многу слаби и покрај очигледното развивање на трговските односи.

Според А.А. Новик во оваа област: „Исклучително е силна улогата на роднинските врски. Ова влијае не само на изборот на брачниот партнер, приоритетите во општествените врски и т.н., но исто така и во социјалната и политичката активност.“ Рускиот научник смета дека „собраниот материјал за општествениот живот под терминот на сродство за идните експедиции ветува дека ќе даде многу интересни и целосно нови информации“. За него од особена важност е проучувањето на семејството и брачните односи, кои носат печат на старите стереотипи и ставови.

Рускиот научник во својата статија го дава клучниот одговор зошто досега Македонците муслимани од пограничните територии на Североисточна Албанија беа запоставени. А.А. Новик вели дека „Македонци муслимани не беа досега предмет на изучување првенствено затоа што албанските власти ја држат во тајност темата поради нивната желба Албанија да ја претстават исклучиво како моно-етничка држава.“ Според него оваа „Експедицијата ...ќе овозможи да се срушат познатите стереотипи и ставови“ за Албанија.

Едно од прашањата за кои се интересираат истражувачите на двете институции е прашањето за социјализација на жената во услови на мултиконфесионално и полиетничко општество. Посебен интерес тие пројавуваат за појавата виргиреш – жени девици, кои од различни причини се откажуваат од бракот и во општествениот живот ја играат улогата на мажите. Овој феномен кој е опишан за северот на Албанија во минатото, денес не се проучува. Според Новик за нив би било интересно да се дознае дали имало ваква појава кај Македонците муслимани во Северна Албанија.

Опишувајќи го присуството на различната вероисповест кај населението, рускиот научник забележува дека: „Соживотот на различни вери на ограничен простор доведе до изненадувачки синкретизам во однос на различните верувања. Во муслиманските семејства на Албанците во соседните региони понекогаш се вапцуваат јајца за Велигден и се слави Божиќ, а христијаните учествуваат во колење на жртва на Курбан-бајрам и го слават Новруз.“ Овој „опис и анализа на комплексноста на религиозните верувања и ставови на Албанците и Славјаните во услови на повеќевековни контакти овозможуваат да се изучуваат механизмите на воведување на новини во составувањето на компонентитите на сликата за човековиот свет.“ – вели А.А. Новик

Исто така, како посебен дел од континуираното истражување, за научниците претставува проучувањето на културната синтеза во услови на меѓуетнички контакти. Говорејќи за ова рускиот научник во својата статија ќе забележи дека: „Јазичните, културните, битовите позајмувања често доведуваат до губење на овие или други симболи на етничната припадност. Најважната задача на теренското истражување е да го следи степенот на јазично и културно мешање во однос на соживотот на различни етнички групи, кои зборуваат различни јазици и практикуваат различна вероисповед.“

Комплексниот пристап при спроведување на експедицијата, како што пишува Новик „ќе им овозможи на етно експертизата на албанско-славјанското погранична територија, да се утврди нивото на етнокултурното мешање во различните области на Западниот Балкан, а исто така ќе им овозможи да се споредат податоци за јазичната и културната интеграција со соседните полиетнички области ( Епир, Родопите, Косово).

Истражувачите на рускиот Музеј на антропологија и етнографија император Петар Велики (Кунсткамера / Kunstkamera) и Балканската комисија (Balkan - Kommission) на Австриската академија на науките сметаат дека „Систематска работа на постојните учесници во проектот преку анкети овозможува да се собере опширен фактички материјал, како одраз на состојбата на јазикот и културата во услови на континуирани етнички контакти“, како и тоа дека .„Анализата на набљудувањата помагаат да се развие приод кон предвидување и донесување решение за меѓуетнички и меѓуконфесионални конфликти.“ – пишува А.А. Новик

„На научно значење на истражувањето на албанско- славјанското погранична област не може а да не се гледа и низ призмата на практичната компонента.“ – вели рускиот научник Новик. Говорејќи за етнографските збирки во руските музеи кои од XIX век редовно се обновуваат со предмети од традиционалната култура на балканските народи, Новик ќе забележи:  „Благодарение на собирањето на нашите предци, музејските збирки на МАЕ РАН и рускиот Етнографскиот музеј имаат уникатни работи кои ја карактеризираат посебна култура на народите на Балканот, каква нема никаде на друго место во светот. Во текот на изградбата на социјализмот во СССР музејот бил поддржуван од државата, а затоа Балканската колекција на нашата збирка се мултиплицира преку подароци и превземања, што овозможува нашата збирка да биде уникатна. По распадот на Советскиот Сојуз престана да и се дава должно внимание на музејската збирка. Од почетокот на 1990-тите, не се превземаат  комплексни експедиции на Балканот, не е извршена теренска работа поради тешките услови предизвикани со воените конфликти и т.н. Сето ова доведе до губење на можност да се соберат етнографски предмети и да се опише културата на народите на Балканот во поширока хронолошка рамка, а за збирката, ..беа неповратно изгубени цели области на народната култура.“

На крајот од својата статија за истражувањата на Македонците муслимани во Голобрдо во 2008 година А.А. Новик вели: „Теренско истражување во овој регион ќе овозможи до одреден степен да се направи се за пропуштена можност, да се соберат уникатни предмети и да се зачуваат за потомството. Од експедицијата кај Македонците-муслимани во 2008 година беа донесени бројни фотографии (кои имаат етнографска вредност - повеќе од двесте ), кои го пополнија илустративниот фонд на MAE РАН. Во блиска иднина им предстои опис и каталогизација за понатамошен влез во научната револуција. Прелиминарните резултати на експедицијата, говорат во корист на продолжување истражувања во регионот на границата на Албанија и Македонија. Ова ќе овозможи да се следи динамиката на процесите кои се случуваат во регионот.“

Проследувајќи ја оваа статија можеме да забележиме дека рускиот научник А.А. Новик ги потенцира клучните елемента поради кои се вршат истражувањата кај Македонците муслимани во Голобрдо. Укажувајќи дека имаат стратешки интереси на Балканот, рускиот научник ќе посочи дека „анализата на набљудувањата можат да им помагнат да развиат приод кон предвидување и донесување решение за меѓуетнички и меѓуконфесионални конфликти.“ Тргнувајќи од овој факт Македонија мора да сфати дека треба да посвети многу повеќе внимание кон Македонците муслимани зошто тие можат да бидат еден од главните фактори за стабилноста на земјата.

(извор: А.А. Новик „Македонци – Муслимани во Албанија – Материјали експедиција 2008 година“

Македонска нација
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.