|
|
Поради лични интереси се напаѓа актуелната власт |
Јанко ТОМОВ Повеќе од активистите во македонското движење во дијаспората, со доаѓање на власт на СДСМ по осамостојувањето, се имаат или откажано од својата помош кон македонското движење или пак се оградиле, а некои станале противници на поранешните влади, а по инерција на тоа, исто и на актуелната влада на Република Македонија со нејзините институции. Денешната антимакедонска политичка активност на противниците се состои од критики кои се насочени кон актуелната власт на Република Македонија. Цел на тие критики е подлегнување на барањата на албанскиот коалиционен партнер ДУИ. Читајќи ги тие критики од поединци лидери или членови на поедини македонски заедници и општински црковни организации, понекогаш се комични и непромислени, а повеќе несериозни и без доволно аргументи. Неодамна со здружување на епархијата на МПЦ за Австралија и Нов Зеланд, почнуваат да влијаат на штета на македонското единство и на штета на актуелната коалициона влада на републиката, користејќи ја како оправдување наводната анти- македонска расипничка административно-финансиска активност на епархијата на МПЦ за Австралија и Нов Зеланд, под водство на владиката Петар, за кое нема доволно точни податоци! Мое мислење е дека и едните и другите се “забегани“, несакајќи или неразмислувајќи доволно за своите постапки, кои пред се` антимакедонски влијаат врз македонските верници во дијаспората. Тоа, што ја срамат актуелната коалициона влада исто така не е исправно и е антимакедонски! Зошто? Ако ги следиме дневните политички настани, сосема лесно ќе заклучиме, дека надворешните фактори-големите сили како САД, ги диктираат условите за поповолно спроведување на Охридскиот договор во полза на албанските жители на Македонија, а на штета на етничките Македонци и останатите етникуми во РМ. Од друга страна делот од македонската дијаспората, од политички лево ориентираното иселеништво кое е незначително, но кое е на раководни функции со долги години и децении при македонските општини и македонски црковни општини, претежно со мнозинство на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Тие добро знаат дека актуелната влада на републиката има донекаде “врзани” раце за спроведување на уставот, специјално со прекумерното користење на наметнатиот Охридски-Рамковен договор и настојувањата на ЕУ и нивните шовинистички членки Грција и Бугарија, за уцените за присилно менување на уставното и национално име на Македонија. Ако пак тие, кои не сакаат да знаат и да не веруваат во горното, нека ги убедат своите политичари во САД, Канада и Австралија, дека САД вршат неферско влијание врз актуелната влада на Република Македонија. Дали некаде во некои медиуми, освен Фејсбук, на интернет има написи или коментари од нив, во кои се брани актуелната власт на РМ, во однос на името и заштита на националноста и сувереноста? Гарантирам дека нема! Убедувањето треба да биде малку подрастично за актуелните политичари и лидери на демократската партија на САД, која во последните години ги заштитува шовинистичките и фашистички елементи на грчката влада, а на штета на македонскиот народ и на државата Република Македонија. Првенствено сите македонски емигранти да престанат да ја поддржуваат Демократската партија на САД, а да ги снабдуваат нивните политичари и дипломати со историски факти (постојна литература за историјата на Македонија и Македонците) и демонстративно јавно, со демократски приципи, но без криминални методи да го искажуваат своето незадоволство кон нив. Во овие несакани опозициони активности, сакајќи или не, на некој начин се вклучени поединци поранешни и актуелни видни активисти, кои своеволно беа ангажирани во поедини области од животот во дијаспората, за афирмација на македонската култура. Тој дел од активностите и денес е изразен преку македонски поетски и прозни дела, драми, македонски фолклор и сл. Македонските интелектуалци во Австралија, без нивна согласност дозволија црковната администрација на епархијата да ги подели и создаде извесни негативни активности, кои го отежнуваат и попречуваат и онака отежнатото македонско единство во дијаспората. По мое мислење, како недостаток на интелектуална енергија и организираност во дијаспората, за да се реши проблемот кој станува се подлабок, иако се појавуваат некои македонски организирани субјекти кои без успех се обидуваат да се реши тој административен-верски проблем во Австралија, неминовно е потребна помош од централата на ВМРО-ДПМНЕ, поедини институции на власта и личности од македонскиот медиумски сектор. Помошта е најдрагоцена потреба, не само во деновите на претседателките и парламентарните избори на РМ во каде учествуваат, поради технички причини и штетни влијанија, извесни антимакедонски елементи, туку и во скора иднина, на вистинска масовна гласовна застапеност на македонските иселеници, нивното масовно стекнување и обновување на државјанствата и што е најважно јакнење на македонското национално и политичко единство. |