|
|
За грчкото потекло |
И додека соседите со децении му докажуваат на светот дека има само една Македонија (во Грција), упорно го монополизираат името, историјата, македонските симболи, сосема го занемаруваат фактот за нивното оригинално потекло. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во една своја статија пишува: Сегашните Грци не се ништо друго освен мешавина од племиња, кои периодично преминувале во земјата како агресори или како бегалци и емигранти. Всушност и генетски е докажано дека Грците имаат исти DRB1 гени со Етиопјаните. Тоа ја докажува цврстата поврзаност со суб-Сахарското (Етиопското) население. Античките грчки историчари, Херодотус и Диодорус Сицулус (Herodotus, Diodorus Siculus) го користеле зборот Aethiopia ( Αιθιοπία ) и кој главно се однесувал на граѓаните кои живееле веднаш на југот од древниот Египет , посебно од областа сега позната како античкото кралство Куш. Во античко време името Етиопија главно се однесувало за Судан со седиште во горниот дел на реката Нил јужно од Египет но исто така и за цела Африка. Името Етиопија (Ethiopia) e од грчко потекло и значи “изгорени лица“. Како што е познато, Етиопија е најстара независна земја во Африка и една од најстарите во светот. Исто така се верува дека најстарите остатоци од човечкиот предок се откриени во преплавена долина во Етиопија. Доказ за тоа е откривањето на "Луси", 3.2 милиони години стар скелет, откопан во истата област во 1974 година. Фосилот Луси, го претставува најкомплетниот, дотогаш пронајден човеколик фосил. И грчкиот историчар Херодотус, од петтиот век пред нашата ера, често пати пишувал за Етиопија во неговите дела. Денес во Етиопија, поточно во главниот град, Адис Абeба, живеат околу 3000 Грци. Тие имаат училиште во главниот град и православна црква во градот Св. Фроумендиос. Училиштето брои околу 120 студенти , од кои многумина добиваат стипендии да ги продолжат своите студии во Грција. Сепак постои зголемена иницијатива од страна на Грците да ги искористат предностите и можностите за инвестирање во Етиопија. Последните генетски истражувања на популацијата на Балканот јасно покажаа дека популацијата во Македонија нема никаква сличност со грчките гени. Македонската популација има генетска сличност со жителите на медитеранските острови Крит, Корзика, Сицилија, Сардинија. И јазикот е нешто кое никогаш немало врска со грчкиот. Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал ја докажува засебноста на древно-македонскиот јазик, и пишува: Исто така тој тврди дека Македонците не знаеле ниту еден единствен збор од грчкиот јазик. Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик. Оценувајќи ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува: “Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел младешки да не и се восхитува на атинската интелектуалност, и да се ослободи од непријатното чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.” Полесно им е да се служат со лаги отколку да ја прифатат вистината за себе, за она што всушност се. Не постојат никакви натписи на грчки јазик на територијата на Македонија за што и Грчкиот професор Пецас, во својата статија „Едно свинче патешественик“, пишува дека не е пронајден ниту еден грчки натпис од раниот древен период во Македонија. Во енциклопедијата ЦД Гролиер 1995 се вели дека старогрчкиот јазик не е спомнат дури ни како говорен јазик во Македонија: Гордана Димовска |