Среда, 18 Јуни 2014   
Градоначалникот на Монтес ла Жоли со посебна благодарница за Сурловска

Сузана Сурловска која подолго време живее во Франција преставува пример за успех. Како претседател на француско македонската асоцијација “Блаже Коневски“ помога во културната размена меѓу Франција и Македонија. За својата повеќегодишна активност на полето на афирмација на Република Македонија таа доби благодарница од градоначалникот на Монтес ла Жоли ( Mantes-la Jolie), Мишел Виали (Michel VIALAY).

suze2

Градоначалникот на Мантес ла Жоли со посебна благодарница од 6 јуни 2014 година, во писмена форма ги наведува поединечните активности на претседателот на  Француско-македонска асоцијација „Блаже Конески“, Сузана Сурловска. Во неа градоначалникот Мишел Виали со огромно задоволство го истакнува нејзиното ангажирање во заедницата и вели:

„ Имам големо задоволство да Ви се заблагодарам за сите активности кои се спроведуваат во нашата општина.

Навистина, многу сте присутни во животот на градот,  особено сте вклучени во асоцијативниот живот на Мант ( Mantais) во три клучни области  "да се живее добро заедно", за што посебно сте  ценети на нашата заедница.

Во областа на културата и образованието, прво, преку асоцијацијата  “Блаже Конески“ на која и сте претседател, им овозможувате на младите Македонци  во нашиот регион да научат или да ја откријат културата, фолклорот и јазикот на земјата од каде потекнуваат нивните родители, што е дел од процесот на интеграција во нашата земја, вклучувајќи го тука и вашето присуство на годишните состаноци "спортот и културата"  за време на Изложбениот Саем во Мант ла Жоли (Mantes-la Jolie), секоја година како град  домаќин.

Во хуманитарни цели, исто така, важно е вашето учество на Телетон, и придонесот во осетливиот хуманитарен домен.

Благодарност и на  вашата  поддршка, исто така, за развој на интергенерациски односи, која преку вашите акции како Генерален секретар на асоцијацијата "Еден покрив за вас", промовира грижа и сместување на студенти кај постари лица, кои имаат потреба од сместување во близина на Институтот за технологија  L’ IUT Mantes En Yvelines.

Исто така,  за сите овие акции, сакам да ви честитам топло и искрено во име на сите од Мант.

Ви  ја  искажуваме нашата благодарност, и ве молиме да верувате, Госпоѓо,  на нашите  најдобри желби.“

Инаку, како дел од активностите на македонската асоцијација, Сузана Сурловска секоја сабота наутро, држи курсеви по два часа на кои преку практични вежби на децата им ја открива култура, фолклорот и јазикот на земјата од каде потекнуваат нивните родители. Така децата ги прошируваат своите хоризонти, стануваат побогати со знаење кое ги прави блгородни и стануваат способни да се интегрираат во заедницата. Истовремено тие го збогатуваат својот речник и го сочувуваат македонскиот јазик од заборавот.

Магијата на нејзината работа е во тоа што таа прави тие да можат да се разбере едни со други на нивниот мајчин јазик, и тоа е вистински предизвик за комуникација и меѓусебна размена.

Сузана Сурловска, мајка на две деца, која доаѓа во Франција во 2001 година, почнала да работи како асистент во средно образование, што не било секогаш е лесно. Денес таа е мошне активна и станува пример за успешна жена. Освен што работи во Канцеларјата за информации за младите, таа пишува книги за деца од училишна возраст за македонскиот свет, за неговата култура и работи на разни други проекти.  А токму зборот „размена“ на културното богаство е клучот за разбивање на стереотипите и успешна интеграција во општеството, што истовремено пак придонесува и за афирмација на Република Македонија.

suze1

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.