|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (3 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишувања во врска со историјата За античките Македонци се знае дека биле засебен народ, главно создаден од мешањето на старите домородни племиња, кои живееле на територијата на Македонија. Денешната грчка пропаганда се труди да докаже пред светот дека античките Македонци биле “Грци”, се` со цел да ја оправда својата окупација на дел од Македонија, која се случи во 1913 година и трае до денес. Меѓутоа, историската вистина и фактите зборуваат дека античките Македонци не биле никакви Грци, иако оваа вистина не е секогаш коректно презентирана во литературата. Презентирањето на грешките и фалсификатите во врска со оваа вистина ќе го почнеме со книгата „Историјата на античка Грција“ од Натаниел Харис (History of Ancient Greece), објавена во Велика Британија (2000 година, ИСБН: 07535 0546). На стр. 6 од оваа книга читаме: „Античките Грци биле први во историјата кои изгледа дека зборувале совршено и слободно“. (На англиски: „The Ancient Greeks are the first people in history who seem to speak to us fully and free“). Понатаму, во истата книга, читаме: „Раните Грци ги знаеме околу Бронзовата епоха како воини Микенци кои ја научиле својата уметност и вештина од соседните цивилизации на Крит“ (На англиски: „The earliest Greeks we know about were Bronze Age warriors, the Mycenaeans, who learned their arts and skills from the neighbouring civilization of Crete“). Како коментар на ваквите тврдења ќе кажеме дека е добро познато оти имало и постари народи од Грците кои зборувале “совршено и слободно”. Овде се, на пример, Египјаните, Критјаните и други. Секако дека овде се и Македонците, според некои откритија од поново време за древната македонска писменост (што ќе ги спомнене во продолжение). Што се однесува до населението на Крит (Критјаните) добро се знае дека тие не биле никакви Грци (иако до не така одамна постоеше прогрчка теорија според која древните Критјани биле “Грци”). За прв пат Крит влезе во границите на Грција дури во 1913 година, а пред тоа Крит никогаш не бил грчки. Освен тоа, Грците дошле на Балканот дури во Бронзовата епоха на Балканот, кој тогаш се нарекувал Мореа (стар македонски збор, што значи земја на многу мориња). Кога дошле Грците од Африка, на Балканот веќе имало високо развиена цивилизација, која тие ја примиле, а подоцна и ја присвоиле, претставувајќи ја како “грчка”. Оттаму, воопшто не е коректно кога некои современи учени се повикуваат само на Грците од овој период, при што ги запоставуваат другите тогашни балкански народи и цивилизации. Грците биле малцинство во однос на домородните народи, па попрво тие ја прифатиле нивната култура, отколку домородните народи грчката. Практично авторот Натаниел Харис уште во самиот вовед на книгата доаѓа во судир со историската вистина, кога без основа тврди дека “античка Грција” (иако таква држава никогаш не постоела) била “темел на европската цивилизација”. Дел од современите научници и историчари постепено се ослободуваат од заблудите на своите постари колеги и со помош на новите наоди и новото интерпретирање на досега познатите податоци, докажуваат дека имало и други бројни народи од кои Грците примале културни сегменти, кои подоцна ги прикажувале како “грчки”. Ова подоцна, било уште поинтензивно валоризирано со воспоставувањето на современата грчка држава во 20-те години на 19 век. Тогаш странските автори почнуваат да го прифаќаат грчкото искривување на историјата, па се создаваат низа небулозни термини како што се: “античка Грција” (иако таква држава никогаш не постоела), “Грчки Полуостров” (наместо Балкански Полуостров), “грчко писмо” (иако се знае дека тоа писмо било феникиско), “Грчка митологија” (иако оваа митологија припаѓала на сите балкански народи и пошироко) и сл. Тенденциозноста во книгата на Харис се гледа и во неговиот заклучок дека походот на Александар Македонски во Азија бил “грчко-македонска експедиција” (на англиски: “Greco-Macedonian expedition”). Во врска со ова ќе кажеме дека е точно оти во војската на Александар имало и голем број Грци, но нечесно е тие да се пишуваат пред Македонците затоа што Грците во оваа војска биле малцинство во однос на Македонците, а вака испаѓа дека тие биле пред Македонците, иако ова може да се протолкува и дека Македонците биле “Грци”, т.е. “Грко-Македонци”. Во војската на Александар имало и бројни Тракијци, Илири па дури и Евреи. Од друга страна познато е дека на страната на Персија против Македонската војска се бореле десетици илјади Грци, но Харис не ја нарекува Персиската војска како “грко-персиска”, туку тоа тенденциозно го прави само кога е во прашање македонската. Познато е и дека за време на походот на Александар во грчките градови-држави што биле под македонска окупација имало постојано немири и негодувања против македонската власт. Продолжува
|