Среда, 23 Јули 2014   
Признато македонското малцинство во Албанија

slave-katin

СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
ОД ПАТУВАЊАТА НИЗ АЛБАНИЈА (1)
(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“)

До Втората Светска војна судбината на македонскиот народ во основа била иста во сите делови на поделена и поробена Македонија. Врз македонското население се вршеле, а и денес во Бугарија и Елада (Грција) му се оспоруваат основните човечки права, и се врши асимилација, поделби и раселувања, но и духовно и физичко асимилирање. Од тие причини во некои краишта на етничка Македонија настанале крупни миграциски и етнички измени што имале катастрофални последици за македонското население.

По Втората Светска Војна и ослободувањето на дел од етничка Македонија, се водела посебна грижа за Македонците кои живееле во соседните земји и тие да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик. Тоа било изразено особено во периодот од 1945 до 1948 година во Пиринска Македонија и во Албанија, каде постоеле македонски училишта, книжарници, библиотеки, фолклорни групи и други институции со сите македонски национални карактеристики и белези. 

Треба да се нагласи дека веднаш по војната Албанија побарала од тогашната југословенска влада да испрати учители за настава по македонски јазик во подрачјата во кои живеело македонско население. Наставниот кадар, пред сè, бил потребен во селата Туминец, Пустец, Долна и Горна Горица, Глобочани, Шулини Зрновско, кои се наоѓаат во Мала Преспа, а припаѓаат во корчанскиот регион, како и воселата Врбники Церје во околијата Билиште, потоа во Лин, во поградечкиот регион и во други населени места.

Сите наставници – ентузијасти кои го ширеле, го обновувале, го чувале и го пренесувале македонскиот јазик, културата и традициите особено на младите генерации во Албанија одиграле важна, ако не и најзначајна улога во афирмирањето не само на македонскиот литературен јазик, туку и на македонскиот народ на своите корени и на Република Македонија во целина. Затоа, со право се вели дека наставниците по македонски јазик во Албанија и во Пиринска Македонија се значаен дел на мозаикот и темелот на литературниот македонски јазик, кој со својата кодификација станал еден од трите официјални јазици на тогашна НР Југославија уште од 1945 година.

Сето тоа се одвивало до периодот на Информбирото, кога сите учители по македонски јазик во Албанија биле отпуштени и вратени назад. Единствено учителот Никола Беровски останал во Албанија. Тој до својата смрт работел на ширењето на македонскиот јазик; напишал бројни учебници, граматика и други школски книги за Македончињата во Албанија, посветувајќи го својот работен век на неговиот мајчин јазик, кој се учел од прво до четврто одделение, а натамошното школување било на албански јазик.

За разлика од Грција и Бугарија, Албанија го признала постоењето на македонското национално малцинство на својата територија и немала негаторски однос кон македонската нација во целина. Тоа било видливо и од нејзините уставни и други прописи, со кои барем формално на Македонците им се дозволувало да ги остваруваат своите национални права. Меѓутоа, поради својата надворешна и внатрешна политика, Албанија во комунистичкиот режим не му дозволувала на македонското малцинство да комуницира со матичниот народ во Република Македонија. Затоа, со право се вели дека Македонците во Албанија биле разделени, но засекогаш останаа неодродени.

Се смета дека Благој Попов, како претседател на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија, бил првиот државник кој официјално ја посетил Албанија во октомври 1980 година. Тоа била прва средба на висок претставник на тогашна Југославија со Македонците во Пустец и околните населби, кои по 32 години затвореност се сретнале со Македонец од слободна Македонија.

Во тој период и покрај тоа што било запишано во една декларација дека на Македонците им се „гарантира заштита и развој на националната култура и традиции, потребата на мајчиниот јазик и рамноправност во сите облици”. Меѓутоа, во суштина, Македонците во комунистичка Албанија не ги уживале ниту елементарните национални права. Тие биле изложени на интензивна денационализација, изолација и албанизација. Единствено во регионот на Мала Преспа, во селото Пустец, во првите одделенија на основното училиште наставата се изведувала на македонски мајчин јазик. Но, во повисоките одделенија, како и во средните и високите школи, македонскиот јазик воопшто не бил застапен, за разлика од застапеноста на албанскиот јазик во сите образовни институции во Република Македонија.

Според тогашните податоци во Долна Преспа се вели дека имало 10 села со околу  5.000 исклучително Македонци, дека појавата на маларични туберкулозни заболувања била искоренета, а смртноста на доенчињата намалена, дека биле освоени многу нови обработливи површини, изградени нови плантажи со овошје и лозја кои се наводнувале и дека било развиено стопанството и риболовот. Се нагласува дека животниот стандард на луѓето во Долна Преспа бил на повисоко ниво, бидејќи во секое село имало електрично осветлување, водоводи поголем број нови куќи, потоа дека секое семејство имало радиоапарат, а секое село имало телевизор.

Во селото Пустец, пак, имало пошта, универзална продавница, сала за приредби, во која се одржувале и кино претстави, дека вработените во Кооперативата добивале плата по 10-12 лека дневно, дека секое семејство имало право на земја на која се садело зеленчук и лозја, што обезбедувало семејството да има вино и ракија за сопствени потреби.

Исто така, во документите се вели дека немало неписмени и дека покрај осумгодишното училиште во селото Пустец, во другите села имало четиригодишни училишта во кои наставата се изведувала на македонски јазик. Во училиштето работеле поголем број учители–Македонци, а само двајца биле Албанци. Исто така, во тој период од Мала Преспа имало 17 Македонци – студенти на разни факултети во Тирана и Корча и дека поголем број Македонци стекнале факултетско образование и како лекари, агрономи, економисти и правници нашле вработување во повеќе места во Албанија. Во Пустец, пак,  имало болница која била нов објект и за селски прилики голема, на приземје и на кат, имало амбуланта со интерно, акушерско и стоматолошко одделение, како и аптека, а лекарите, сестрите, фармацевтите и другите вработени биле Македонци.

За Пустец и другите населби, не само локалните жители, туку и албанските раководители од Корча говореле дека таму живеело чисто македонско население и дека немало ниту еден Албанец. Меѓутоа, сите јавни информации, натписи и пароли, со исклучок на две – три пароли, биле испишани на албански јазик. Така, називот на селото бил променет од Пустецво „Ликенас”.

Меѓутоа, веројатно вистината е поинаква, бидејќи Македонците од Мала Преспа со децении очајнички се бореле да преживеат како земјоделци и сточари. Како лавови се грижеле за своите семејства да опстојат како Македонци и покрај тоа што нивните имиња биле поалбанчени. Тие се бореле да ги негуваат вредностите на националната самобитност на македонскиот народ. Накусо, останаа Македонци на својата земја и огниште, со свој мајчин македонски јазик, македонска култура, традиција, историја, македонски нишани...

ohrid-prespa

Охридско-преспанскиотрегион

nikola-berovski

Учителот Никола Беровски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.