Среда, 30 Јули 2014   
Контрастите во Албанија

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”)
ОД ПАТУВАЊАТА НИЗ АЛБАНИЈА (2)

Во бројни документи во демократските држави во светот, особено во Европската унија е запишано дека националните малцинства, кои и да се, и каде и да се наоѓаат, не еднаш, и не на едно место треба да претставуваат непроценливо богатство за зближување меѓу народите, мостови за воспоставување трајна соработка, што ќе придонесе за бришење на границите и создавање на идниот заеднички европски дом.

Во проучувањето и изнесувањето на многубројните проблеми од оваа област се ангажирани голем број експерти. За жал, ова правило не важи целосно во Албанија, чии сонародници во Република Македонија, наспроти Македонците во Албанија, уживаат толку многу права и благодети, некои и многу повеќе отколку што се пропишани со овие документи, како на политичко, национално, социјално или друго ниво. И не само еднаш, ваквите демократски права се злоупотребени, особено на политички план, додека на Македонците од православна вероисповед во Мала Преспа и на Македонците од муслиманска вероисповед во Голо Брдо, Гора и на други места ширум Албанија е неспоредлива ситуацијата, положбата и животот.

Денес Албанија, за разлика од минатиот период, е земја на спротивности. Меѓу скапите автомобили, сосема вообичаена слика е да забележите коњска запрега. Од другата страна на улицата пред хотелот „Еуропарк”, каде ноќевањето чини повеќе од 150 долари, пасат овци. Има нешто трагикомично во сите тие глетки. Како и во онаа глетка кога во дворот пред објектот во кој се одржува, на пример, прес-конференцијата на претседателот на државата, спокојно пасат крави. Никаде нема да видите на улиците, во секое време од денот, толку многу мажи кои ништо не работат, како што е тоа случај во Албанија.

Денес во Албанија за голем број Албанци, Македонци и други националности потешко се живее, нема доволно услови за нормален живот. Нема доволно работа, нема пари, нема вода.... Многу нешта се изградени, но исто така многу нешта се уништени, дури и она што беше стекнато, речиси, е загубено. Нема да навлегуваме во социјалниот, политичкиот, културниот и другиот живот, зашто нашата цел беше само да се сретнеме, да ги видиме, да разговараме и да оставиме скромен текст за животот, судбината, минатото, сегашноста и иднината на Македонците во Албанија.

Затоа тргнавме од хипотезата дека за нашата посета на Албанија, една од најважните цели се Македонците, особено во Мала Преспа, кои беа тотално отцепени од секаква можност, не само за допир со современото, туку и за контакти со македонскиот народ во слободниот дел на етничка Македонија, чиј дел се и самите тие. Тие слободно можат да се наречат херои, бидејќи со децении очајнички се бореле да преживеат не заборавајќи ги своите македонски корени. Како резултат на тоа, и покрај прекинот на односите со Југославија, што го наметна Албанија во 1948 година, Македонците во селата од Мала Преспа успеаја да ги негуваат и да ги зачуваат вредностите на националната самобитност како македонскиот народ. Всушност, тоа е прв случај на официјална употреба намакедонскиот јазикво РепубликаАлбанија. Тие постојано се бореле да ги негуваат вредностите на националната самобитност на македонскиот народ. Накусо, останаа Македонци на својата земја и огниште, со свој мајчин македонски јазик, култура, традиции, обичаи, вера, историја... 

Беше работен ден кога ја преминавме македонско – албанската граница кај Ќафасан и тргнавме по патот за Тирана,главниот градна РепубликаАлбанија кој се наоѓа во средишниот дел од земјата. Населбата била основана во 1614 година од страна на Сулејман паша, аглавен граднаАлбанијастаналво 1920 година. Патувањето беше интересно, бидејќи авторот на овие редови како секретар на Здружението на новинарите на Македонија, заедно со група новинари од бројни медиуми од Македонија за прв пат се најдоа на почвата на таа блиска, асепак, далечна земја. Целта на нашето патување во Албанија беше посета на Тирана, Корча и Мала Преспа.

Инаку, делот од Македонија познат како Мала Преспа, или Долна Преспа бил даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот „мировен”договор во 1919 година. Со тој неправеден договор завршила поделбата на етничка Македонија меѓу новоформираните држави: Србија, Грција, Бугарија и Албанија за потоа да започне ерата на денационализација,присилна асимилација и иселување на македонскиот народ од своите вековни корени.

При нашата посета во Албанија бевме информирани дека реалниот број на етнички Македонци во таа соседна земја е оценет на околу 200.000 лица. Притоа треба да се потенцира дека Македонците во Албанија имаат поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права. Албанија го признава статусот на македонското етничко малцинство. Уште од 1945 година во Мала Преспа започнала настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, образование за кое биле издадени учебници од страна на државата.

Се очекува дека правото на настава на својот мајчин јазик, во согласност со меѓународните стандарди, исто така, да биде продолжено со учениците од македонска  етничка припадност и во другите делови на Албанија. Тоа значи дека Албанија во согласност со договорите за соработка во областа на образованието потпишани пред повеќе години се обврзува да воведе настава на македонски јазик во средното и во високото образование, односно на факултет.

Треба да се нагласи дека Македонците во Албанија имаат неколку организирани и активни здруженија и партијата „Македонска алијанса”, но можностите за политичка активност се мали, бидејќи државата не дава финансиска поддршка на нивните организации. Уште од 1993 година започнало да излегува првото периодично списание на македонски јазик, „Мир”, а потоа „Преспа”и други, а има радио и телевизиска програма и на македонски јазик.

Меѓутоа, исто така, треба да се потенцира дека позицијата на етничките Македонци во Албанија е далеку од онаа на етничките Албанци во Македонија. Додека во Македонија етничките Албанци се и министри и пратеници во Собранието и нивната голема партија е коалициски владин партнер, Македонците во Албанија сė уште немаат можности за вистинско политичко учество. За жал, не постојат етнички македонски пратеници, а мал број од Македонците се застапени во институциите на државната власт и локалната самоуправа.

Кога се зборува за прашањето на статусот и положбата на етничките Албанци во Македонија и оние на етничките Македонци во Албанија, Македонија досега никогаш не инсистирала на реципроцитет, туку ги сметала правата на албанското малцинство како еден од клучните фактори на нејзината демократија. Но, мора да се разбере дека Тирана не може неограничено да го бара невозможното од Македонија, додека правата на етничките Македонци во Албанија остануваат под најелементарно ниво. И пописот, кој за жал не се спроведува во Република Македонија, а во Албанија и покрај тоа што се изврши со учество на европски и меѓународни институции, не го покажа вистинскиот етнички состав на населението во оваа земја.

tirana

Центарот наТирана

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.