|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (6 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишувања во врска со историјата И авторот Шон Шехан во својата цитирана книга пишува дека Миноанците не биле никакви Грци. На стр. 41 од неговата книга читаме: “Миноанците биле основачи на најраното напредно општество во Европа, кое постоело околу 2200 година пред Христа. Тие не биле Грци, но имале витално влијание врз Микенската цивилзиација”. (На англиски: “Тхе Миноанс њере тхе фоундерс оф тхе еарлиест адванцед социетѕ ин Еуропе, њхицх девелопед ароунд 2200 БЦ. Тхеѕ њере нот Греекс, бут тхеѕ хад а витал инфлуенце оф Мѕцениан цивилизатион”. Гледаме дека овде авторот коректно ја презентирал историската вистина. На стр. 61, заедно со географската карта на Балканот од времето на антиката, читаме: “Грција била создадена од бројни мали држави, сите независни, но поврзани со грчкиот јазик и грчката култура. Тракија, чиј дел денес се наоѓа во современа Грција, не била грчка, додека Македонија била сметана како заостанат и далечен дел од грчкиот свет”. (На англиски: “Грееце цонсистед оф а нумбер оф смалл статес, алл индепендент, бут линкед бѕ тхе Греек лангуаге анд Греек цултуре. Тхраце, парт оф њхицх ис ноњ ин модерн Грееце, њас нот Греек анд Мацедон њас регардед ас а бацкњард, дистант парт оф Греек њорлд”). Овој автор не успеал да се ослободи од предрасудите дека Македонија и Македонците пред взаемното мешање на културите, немале ништо заедничко со Грците и за ова веќе наведовме поголем број докази и тоа токму од антички автори. И авторот Бари Сонлиф, во својата книга (цит. дело) на неколку места ја спомнува Грција во антиката, иако таква држава, а ни земја, тогаш не постоела. Во продолжение ќе наведеме некои податоци во врска со разликите помеѓу античките Македонци и Грци. Најнапред ќе се задржиме на една заблуда што ја шири големогрчката пропаганда. Честопати грчките пропагандисти тврдат дека најголем доказ според кој Александар Македонски наводно бил Грк, бил фактот што нему му било дозволено да учествува на Олимписките игри, на кои, било дозволено да учествуваат само Грците. Меѓутоа, историските податоци ни зборуваат дека учеството на Олимписките игри на Александар Први (предокот на Александар Велики Македонски) воопшто не одело така лесно и било допуштено дури по неговото упорно инсистирање и тоа со строго ограничување, според кое, само македонските кралеви можеле да учествуваат на Олимписките игри, додека нивниот народ (Македонците) и натаму останале да бидат третирани како инаков народ (варвари). Од друга страна и на Александар Први Македонски целта му била што повеќе да биде присутен во грчкиот свет, иако соработувал и со Персија. Неговата сестра била мажена за висок персиски достоинственик, поради што, за време на грчко-персиските војни, Александар Први играл улога на преговарач меѓу завојуваните страни (што е детално опишано кај Херодот), кој бил, ту на едната, ту на другата страна. Дури отпрвин тој бил на страната на Персијанците, но ноќта пред битката помеѓу Перисјанците и Грците кај Платеја, тој наеднаш се свртел на страната на Грците и поради тоа го добил прекарот “Филхелен” (љубител на Хелените), што исто така сосема јасно зборува дека тој не бил никаков “Хелен”, туку странец кој ги почитувал Хелените. Впрочем, Херодот пишува дека уште неговиот татко Аминта од страна на Персијанците сосема јасно бил нарекуван како - Македонец, а и самиот Александар Први, во една прилика рекол дека е Македонец. Освен непостоечката етничка врска помеѓу Македонците и Грците, некои антички Македонци (поради горенаведените причини) тогаш сметале дека постои митолошка врска помеѓу нив и Грците. Во ова посебно се истакнувале Филип и Александар Македонски, кои, честопати изјавувале дека Македонците биле потомци на Херакле (кој, всушност, претставува митска личност). Но, и ова нивно тврдење било негирано од Грците. П р о д о л ж у в а
|