|
|
ЗАКОН, МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИЈАСПОРАТА |
Говор на Славе Груевски претседател на здружението на Македонците во Моравичкиот Округ „Даме Груев“ - Србија, на 5-тата конференција на ислениците ТРЕТА ТЕМА: Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии „ЗАКОН МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИЈАСПОРАТА“ Организирањето на Македонците во дијаспората, секаде е различно во однос на прописите, законите, условите, можностите во секоја земја. Имаме здруженија, национални совети, Македонски црковни општини/МПЦО... Тука се и асоцијациите кои во своите програми имаат координација и заедничка работа на нашите асоцијации во светот, како што е Обединетата Македонска дијаспора и други. Во однос на условите и законите на секоја земја, ние како дијаспора, сме и политички ангажирани. Во повеќето земји, како претставници на партиите во тие земји, а кај нас во Србија, имаме и своја политичка партија на Македонците, Демократска партија на Македонците. Целите на делувањето на нашите асоцијации секаде се исти. НЕГУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ФОЛКЛОРОТ, ТРАДИЦИИТЕ, ОБИЧАИТЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН И КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ... Организацијата, работата, барањата, проблемите, пропустите во работата на нашите асоцијации, секаде се специфични. Но грижата за подобра организиранот и поврзаност на ислениците и организациите, треба да ни е заедничка. Затоа се јавив да кажам нешто, да дадам некои предлози. ЗАКОН ЗА ДИЈАСПОРА И минатата година го покренав ова прашање. Знам дека нешто е расправано, дискутирано, сработено и по овие прашања. Повторно го покренувам ова прашање, сега само подетално ќе го образложам: - заради јакнење и остварување на врските на ДИЈАСПОРАТА со матичната држава, //Македонците во регионот и иселениците//, во согласност со член 49 од уставот на РМ, - заради подобрување на положбата и заштита на правата на Македонците од регионот и иселениците, - заради грижа за економските, културните и социјалните права на дијаспората, - заради унапредувањето на економската соработка на Македонија со дијаспората, - заради потпишување на меѓународни договри за заштита на правата на Македонското малцинство, во согласност со меѓународните стандарди, - заради организирано учење на Македонскиот јазик, чување и негување на културата и спречување на асимилацијата, - и најповеќе, заради надминување на делбите, пропустите, слабостите, недоразбирањата во делувањето на асоцијациите на Македонците во светот и остварување што поцврсти врски со матичната држава, Време е да се донесе Закон за дијаспората. Дали ќе гласи како “Закон за дијаспората и Македонците во регионот”, или, како “Закон за односите на Република Македонија со Македонците надвор од Република Македонија“, најмалку е битно. Мислам дека се створени потребните услови, да се донесе ваков закон. Свој придонес во донесувањето на тој закон ќе дадеме и ние од дијаспората. Потребно е доста работи да се регулираат на едно место, во еден закон. Стратегија за односот на Република Македонија кон дијаспората, Собрание на дијаспората Од овој закон ќе излезе потребата за надоградување на досегашниот Стратешки план на Агенцијата за иселеништво и Министерството за надворешни работи и стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во врска со дијаспората, или за донесување на нова Стратегија за односот на Република Македонија, кон дијаспората. Од таков закон за дијаспората, ќе произлезат нашите цели, заложби, нашите надлежности во оваа област, нашата соработка со нашите допломатски претставништва, нашата меѓусебна поврзаност и соработка во земјите каде живееме и соработката со органите во Република Македонија. Од оваа стратегија ќе произлезе потребата за формирање на Собрание на дијаспората, како највисоко претставничко тело на дијаспората, кое ќе одржува свои редовни годишни конференции. Од таа стратегија ќе произлезат и обврските на Еконсмскиот совет на дијаспората, и сите други совети и органи кои ќе се формираат за наша подобра работа. МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИЈАСПОРА Со проблемите на Македонската дијаспора, се бават МНР на РМ, преку Секторот за следење на националните приоритети и Агенцијата за иселеништво. Секако дека тука се и пратениците од дијаспората. Според МНР, терминот и концептот ДИЈАСПОРА, значи поим што во себе ги опфаќа Македонското национално малцинство во соседните земји на РМ и иселениците /лица со поранешно македонско државјанство? Дали ваквата формулација е прифатлива? Барем и за ова треба да имаме заеднички став. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ги врши работите и задачите кои се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија, помагањето на нивниот културен развој и унапредувањето на врските со нив и нивните организации, запознавањето на иселениците од Македонија со состојбата во Република Македонија, создавањето услови за враќање на иселениците во Република Македонија, создавање услови за вклучување на иселениците во јавниот и економскиот живот на Република Македонија и други работи утврдени со закон. Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот Македонски конгрес, и сите други здруженија и асоцијации на Македонците од регионот, регистрирани во Македнија, на свој начин се бават со продлабочувањето и проширувањето на контактите со Дијаспората. Но да не заборавиме, они се регистрирани како здруженија на граѓани во Република Македонија, како невладини, непрофитни организации, и они се финансираат како и сите други невладини организации. Нека си постојат и они, нека организираат свои активности, но нам ни треба, со проблемите на иселениците и Македонците во соседните земји на Македонија, со финансирањето и подршката на планираните проекти на дијсапората, првенствено да се бават надлежните институции на нашата татковина, секако со вклучување и на сите други невладини организации. Само да не ни се повторат некои недоразбирања, нејаснотии, посебно во организирањето на некои активности овде во Македонија, каде што се вклучуваат некои наши асоцијации. Затоа повторно ја истакнувам иницијативата, за повторно формирање на Министерство за дијаспора и Македонците во регионот, или Ако не може министерство, потребна е подобра регулатива за надлежностите на МНР-Секторот за
Кога веќе постои Агенција за иселеништво, потребно е само меѓусебно да се регулираат обврските, ингеренциите, задачите со секторите од МНР на РМ, и да се формира посебна Агенција за дијаспора. Ќе се согласите сите, дека има испреплетеност на функциите, обврските, задачите на овие две државни институции, во делот на работата со дијаспората. Да објасниме само на примерот на евиденцијата на дијаспората и асоцијациите на нашите организации во светот. И МНР и Агенцијата на своите сајтови имаат повик за регистрација на ислениците. Прашувам? Дали тие нивни податоци се потполни, дали меѓусебно ги разменуваат, дали конечно имаме потполни податоци за нас, за дијаспората, за нашите асоцијации, здруженија? Искуствата со организацијата на последното гласање на дијаспората, покажа дека и тука ни треба едно заедничко тело кое ќе ги координира и обединува сите тие активности, посебно ако во иднина се усвојат предлозите за електронско гласање на дијаспората. Свои бази на податоци за научните истражувачи и соработници во земјата и во странство, водат и останатите министерства. Прашањето е, дали едно министерство, агенција, посебно тело, може сите овие податоци да ги обедини и покорисно да ги доставува до сите субјекти во Македонија и странство. Што е со финансирањето и подршката на проекти за нашите асоцијации. Слушнавме колку средства оваа година се одобрени за подршка на проектите. Можеме да дискутираме колку и како сакаме, и да се љутиме на ова или она, но сите ние знаеме какво беше тоа финансирање на проектите од лани до денес? Зошто е тоа така, и дали може да биде подобро, јас мислам дека може. Нема да се огледуваме на тоа колку соседните земји на Македонија, одвојуваат средства за својата дијаспора. И заради тоа ни треба посебно министерство, или агенцијата за дијаспора, со пропишани повеќе ингеренции и задачи. Ни треба планско и организирано вклучување на нас, дијаспората, во сите тие активности. Конференцијата на ислениците се организира еднаш годишно. Ќе слушнеме и за реализацијата на заклучоците од ланската конференција. Но каде е нашето влијание, континуирана работа и делување за подобра работа. Каде се другите плански активности на нашата дијаспора. Каде е нашето делување за економската дипломатија и постојана помош за привлекување на странски инвестиции. Почитувани претставници од Министерството за надворешни работи, од Агенцијата за ислеништво, господо пратеници од дијаспората: На сите ни е јасно дека ни е потребна подобра организираност и меѓусебна поврзаност на нашите асоцијации и уште подобра соработка со институциите во Македонија. На сите ни е јасно дека доста ни се делбите, меѓусебните недоразбирања помеѓу нашите асоцијации, црквени општини. Што е тоа што ни пречи, што не прави да сме такви. Можеме ли да научиме за работата на дијаспората од другите народи во светот, каде што живееме и постоиме и ние, Македонците? Еве некои конкретни предлози, за подобрување на состојбата: Прва фаза: Во период од август до крајот на оваа година, во земјите каде што живееме и делуваме, за Европа, за секоја земја посебно, а за Америка и Австралија, по градови, региони, да организираме конференции, расправи на оваа тема, по овие прашања. Носители на ова можеме да бидеме ние, асоцијациите, здруженијата кои сме овде, секако во соработка со нашите дипломатски претставништва и нашите пратеници од дијаспората. Не се потребни големи средства за вакви советувања, ако треба да се подржат и како проекти од страна на МНР.
Забелешките од сите тие конференции, советувања, да се забележат, обединат, да се достават до сите асоцијации во таа земја. Втора фаза: Сите забелешки, искуства, поуки, предлози, да се достават до МНР и до Агенцијата за ислеништво. Во период од јануари до април 2015 година, овие две институции, заедно со нашите пратеници од дијаспората, и со организаторите на овие советувања, конференции, да ги проучат, систематизираат сите овие искуства, предлози, барања. Во првата половина на мај 2015 година, овде, во Скопје, да се организира заедничка конференција. Учесници, претставници за секоја земја од Европа и Америка и од соседните земји на Македонија. Цел на конференцијата, согледување на организираноста и поврзаноста на дијаспората на Македонија во светот, и предлози за донесување на мерки, закони, прописи за подобра работа. Почитувани пратеници од дијаспората.
Овојпат нема да ги изнесувам и другите детали за формирање на други тела на дијаспората и формирање на еден заеднички фонд за работа на Дијаспората и подршка на Македонија и Македонците. Тоа ќе произлезе од понатамшните наши активности.
|