|
|
Продолжение на книгата: „Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска |
Книгата е публикувана во Битола, Република Македонија, 2014 година, од “Љубители на литература, култура и наука – Св. “Висарион”, ISBN 978-608-4545-36-1 и COBISS.MK-ID 95410442, а промовирана во Шелдон Рецепција, Мелбурн, Австралија, на 2 Август-Илинден. Во Четвртата глава, Гордана преку своите поетични и литературни написи, полни со патриотизам, ги опишува македонските револуционери од Илинденскиот период, каде е застапен достоинствен општ почит, кон сите борци за слободата на Македонија, посебно ги спомнува: војводата Иван Алабакот и Димче Могилчето. Читаме во написот: ЗА ЈАЗИКОТ НАШ МАКЕДОНСКИ-Македонскиот јазик симбол на националното постоење.Овде Гордана Димовска ги набројува македонските комшии кои во балканските војни ја разделија и поделија Македонија помеѓу себе и воспоставија свои јазици врз македонското население, а го забранија македонскиот јазик. По се изгледа дека грците во тоа време, преку владеењето на Матаксовата диктатура имале најстроги мерки за јазикот према македонското население, специјално во Егејска Македонија. Поради Турското-Отоманско владеење во Македонија, како што спомнав, мнозина Македонци го оформиле своето образование во околните славјански ослободени земји, меѓу кои бил и славниот Крсте Петков Мисирков, за кого Гордана има посебен восхит. Тој ја напишал книгата: „За Македонските работи“. Крсте Мисирков, како еден од најголемите Македонски лингвисти, со оваа книга, ги поставил современите темели на македонскиот литературен јазик, на 25 декември 1903 година во Софија. Понатаму среќаваме за античкиот Македонски јазик. Овој Македонски јазик бил близок до Тракијскиот и јазикот на Фригите или Бригите. Да додадам дека Македонскиот јазик е еден со најголемиот број на дијалекти и тоа 27, кои се зборуваат во цела Македонија, а и во дијаспората. Најстарата Македонска писменост е запазена и во “Каменот од Розета”, пронајден од Французите на Наполеон Бонапарта во Египет, во кој има писма  составени од 3 дела: Египетски хиероглифи; средниот дел- Демонското Македонско писмо, со рецките и крајното Дајанско писмо (старогрчко!?), според Бошевски и Трентов, кое всушност е писмо на Коине, одноно “Коине глоса”, кое го усвоиле и модефицирале хелените. Коине бил всушност званичниот антички меѓународен јазик или познат и како Есперанто јазик на Македонската империја, составен од 27 антички јазици од Средоземниот и Црноморскиот базен, со делови од народите од Блискиот Исток. Поради поточна прегледност, еве ги првите резултати на Бошевски и Трентов, при дешифрирањето на каменот од Розета: „Текстот е пишуван како декрет на Птоломеј Петти Епифан Евхаристос од 27 март 196 г. п.н.е. Најдени се уште два камена пишувани по Каменот од Розета. Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египјаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Се (Светлина, Севс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж', тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј'ви (јави), б'де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн. Досега се дешифрирани повеке од 120 зборови“.
Во Глава Четврта, Гордана пишува за Илинденската епопеја. Тука се опишуваат делови од херојските подвизи на славните Илинденци Македонци.Исто така се прикажани херојствата преку неколку песни – поезија, за комитите од кои е еден од нив војводата Иван Наумов Алабакот. Во Петта Глава , се пишува за патриотизмот: Гордост е да се родиш и да умреш за Македонија. Статија од Гордана Димовска, во која посебно авторката пишува за елитните Илинденски ликови на Македонија, како што биле Гоце Делчев и Даме Груев. Притоа авторката се навратува на античката историја и спомнува археолошките ископувања во Кутлеш (Вергина), Егејска Македонија во 1977 година. Тоа е гробницата на Филип Втори Македонски, со ковчегот на кој е 16 зрачното Македонско сонцето-античкото Македонско знаме. Во Глава Шеста на страна 81, во насловот: Насилство врз македонскиот народ сведоштва за теророт и прогонувањата на Македонците. Авторката опишува поедини болни чувства, за страдањата на Македонскиот народ, во минатите Балкански и светски војни, каде ние Македонците бевме прогонувани од своите родни огништа. Евоцирање на историски тажни спомени, преку поедини факти за злобата, теророт и прогонувањата на Македонскиот народ, по туѓи земји. Преку написите во книгата на Гордана, добиваме болни чувства за поедини наши роднини, прародители и родители и наши пријатели Македонци,кои се полу асимилирани или тотално асимилирани и денационализирани, во тие трагични историски периоди за нас Македонците. Тоа се протега, но со повеке историски аргументи, до последната Осма глава, на оваа интересна поетична и со високи вредности литературна и филозофска книга, од која преку цело време се чувствува љубовта и со љубов кон својот напатен сој и напатената, родна носталгична Македонија. Читањето на делови, а посебно на цела книга претставува, не само спомнување, туку и будење интерес за евиденциите од историските факти за македонската битност, од праисторијата, преку античкиот и средновековниот период до денешната современост на Македонците и на Македонија. Тоа е пропратено со големо духовно почитување и признавање на сите борци, специјално паднатите борци- војводи, лидери и претседатели на Македонските револуционерни организации, како познатата организација ВМРО, борците од Илинденската епопеја, борците и хероите од Првото Заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) од 1944 година. На крајот од мојот осврт на промоцијата, ќе се вратам на првите написи, со насловот од рецензентот на книгата Вангелко Лозаноски: Гордана не восхитува и инспирира со нејзините дела. Притоа следи насловот: Македонија е наша иднина за која Гордана се бори секојдневно. Тука Вангелко ги потврдува литературните, а исто така и научните естетски мисли на Гордана, која ги користи во опејување со издавање на големи признанија на македонските борци за слобода на Македонија, со што сите нас не инспирира и ние на ист начин или на сличен начин да ги почитуваме делата на сите кои се бореа за Македонија. Вангелко, користејки ги насловите на книгата на Гордана, напомнува за потребното Македонско единство, со тоа дека меѓу нас Македонците е потребно меѓусебно толерирање, срдечна соработка и меѓусебно помагање, во современата дипломатска борба за опстанок и просперитет на македонската националност и сувереност. Вангелко ги набројува следните карактеристики, кои носат успех за Македонската кауза: Пожртвуваност, достојна посветеност со љубов, време и финансиски и материјални средства за македонската светлина. Таква љубов се сретнува и кај поедини автори на патриотски и историски Македонски дела во дијаспората. Со тоа се прикажува како пример за младите македонски поколенија, да го продолжат патот на поранешните македонски патриоти, кои покрај поседување својства на храброста, истовремено се мислители и автори на македонски дела. Авторските дела се факти кои сами зборуваат за вистината за Македонците и за Македонија, кој никој не може да ги побие, факти кои произлегуваат од праисторијата-древнина до денес. Македонски факти од археолшки наоди, како и факти кои ги потврдуваат странски учени-мислители, научници и автори на историски, јазични, верски, културни, фолклорни и други Македонски катактеристики. Посебно е истакнато за активноста на тие македонски мислители и автори во дијаспората, кои живеат и работат за Македонија, во други непознати средини со потешки услови, од колку тие нивни колеги кои живеат во Република Македонија. Благодарение на тие како Гордана и други нејзини колеги, кои се спомнати во оваа книга, а исто така и колегите и соработниците, на Гордана, кои придонесоа за оваа промоција. Со што гледам има услови и во иднина да се створат нови промоции на нивни книги и идеи за Македонскиот просперитет во светот, во кој живееме Македонците, со своите пријатели и комшии, кои со ист или сличен елан-интузијазам, активно работат за афирмација на македонската националност и сувереност, согласно со правосудствата на државите, во кои живее Македонското иселеништво. Како што гледате, сите историски показатели за македонската битност од древнина до денес, од осамостојувањето на дел од античка Македонска држава, Република Македонија, каде секојдневно се вршат стручни и научни археолошки ископувања, на стотици новооткриени археошки подрачја и локалитети, се сведуваат на суштинта на насловот на книгата „ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА“. |