Среда, 10 Септември 2014   
Од патувањата низ Србија (4)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”

ПРИЗНАНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ШИРУМ СРБИЈА

Со распадот на поранешна Југославија сите народи од другите републики, меѓу кои и Македонците што живееја во Србија, станаа малцинства и мораа да се организираат заради остварување на своите малцински права, според Уставот, републичките закони како и актите на локалните самоуправи во Србија. До тоа време никој не прашуваше кој сте и од каде сте, но, сепак, имаше регионални дружења со забавен карактер. Така, на пример, постоеја црногорски, македонски, лички, ромски и други вечери на кои луѓето се среќаваа, веселеа и го ширеа кругот на пријателство.

Во овој период, покрај македонските институции, во Војводина, кои работеле со успех во период од седумдесетина години, Македонците како малцинство во Србија имаат свои нови македонски организации, друштва, клубови, училишта, фолклорни групи и друг вид асоцијации, кои влеваат надеж дека состојбата ќе се подобри и дека ќе имаат посреќно утре.

Меѓу другите, треба да се споменат следните: Националниот совет на Македонците во Република Србија, Списанието „Македонска виделина“, Здружението „Гоце Делчев“ - Врање, Пејачката женска група „Тоше Проески“ во Качарево, Клубот „Илинден“ во Јабука, Здружението „Бели мугри“ во Пирот, Домот на културата „Кочо Рацин“ и Основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука, Здружението „Македониум“ од Белград, Здружението „Гоце Делчев“ од Врање, Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов“ во Јабука  и други. Се чини дека најголем успех е воведувањето на македонскиот јазик да биде во јавна (службена) употреба во локалната управа на Општината Пландиште кај Вршац и избор на пратеник од македонската заедница во Собранието на Србија.  

Во Белград бевме гости на академикот проф. д-р Антоније Шкокљев–Дончо. Тој е еден од оние доблесни Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палеолингвистиката и на древните корени на народите на Балканот. Во исто време, тој е посветен на добрите односи меѓу Србија, каде го поминува најголемиот дел од животот и на Македонија, неговата родна земја. Тој, како човек со голема љубов кон своите две татковини - Србија и Македонија, како тој умее да го каже, дал извонредно голем придонес во развивањето на српско-македонските односи и врски, пред сè, на научно и на публицистичко поле.

Животниот пат на академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо започнал во познатото македонско револуционерно село Д’мбени - Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелектуалци, кои се бореле за афирмација на македонските идеали. Во Д’мбени се родил и најголемиот донатор од македонската дијаспора, Атанас Близнаков, кој живееше во Гери, Индијана, во САД, и кој за иднината на македонската младина, за студентите, ја формира најголемата фондација во Република Македонија, Фондацијата „Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За академик Шкокљев Белград е градот на животот, љубовта, науката, напредокот… Таму тој го завршил Медицинскиот факултет и специјализирал максилофацијална и орална хирургија на Воено медицинската академија во Белград и станал доктор на медицински науки. Тој е основач и организатор на Клиниката за максилофацијална и орална хирургија на Воено медицинската академија (ВМА), потоа бил доцент и редовен професор. Како воен стручњак и професор на Воено медицинската академија во Белград, добива чин  генерал-мајор.

Антоније Шкокљев присилно ја напуштил својата родна земја – Македонија, но спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот македонски народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на неговото потекло сместена на балканските простори. Затоа, покрај неколкуте стотини стручни и научни истражувачки трудови, десетте стручни и други книги, уште како млад научник, започнува да се занимава со палеолингвистички истражувања за Балканот. Со голема љубов и познавање на повеќе светски јазици навлегува длабоко во историското минато на Балканот, особено на Македонија, со цел да даде свој придонес за вистината на Македонија и македонскиот народ во античкиот период.

Триесетина години се занимава и со лингвистички истражувања на Балканот, посебно за Србија и Македо-нија. Поаѓајќи од сопствените, оригинални претпоставки дека во врска со една од најстарите докажани циви-лизации во Европа, како што е Лепенски Вир, постои и јазик кој одговарал од тоа време, за што се публикувани многу интересни оригинални пронајдоци, смета дека таков јазик постоел и во другите древни културни цивилизациски центри во Македонија и пошироко на Балканот.

Животот и делото на академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо е тесно поврзан со научната и со публицистичка мисла на македонскиот и на српскиот народ. Тој ја потврди желбата на секој Македонец, без разлика од кој дел на Македонија припаѓа, да го промовира својот национален идентитет и земјата на неговите предци. Неговите научни, едукативни, историски, културни и други активности, оставаат длабоки траги во неговите две татковини, Република Македонија и Република Србија.

akademok-anotonije-skoklev-donco
Академик Антоније Шкокљев - Дончо

balkans

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.