Среда, 01 Октомври 2014   
Вистината за Македонија (3)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

МАКЕДОНИЈА – ОД АНТИЧКО ВРЕМЕ ДО ДЕНЕС

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

На многу народи судбина им била историјата, а на Македонците историјата им била судбина. Следејќи ја хронологијата во тринаесетте последни векови, Македонците цели девет века поминале под разни ропства и тоа: 517 години под турско, 225 години под византиско, 76 години под бугарско, 83 години под српско ропство и само 70 години поминува во слобода.

Народот на кој најубавата песна и најдоброто оро му се викаат „тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и потешко минато. Македонија не само што отсекогаш била на секот на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и се вкрстувале многу различни култури. И токму таа Македонија, всушност, била и е лулка на цивилизациските средишта како една не само од најстарите, туку поточно и една најстара цивилизација.

Македонија, најверојатно, е единствената земја во светот која, воопшто не го менувала своето име. Како што се смета, името го добила според богот Македон, Богот на светлината и син на Зевс.

Познатите истражувачи на митологијата се на мислење дека зборот Зевс доаѓа од македонскиот збор - ѕвезда, па така симболот на Македонија била ѕвездата со шеснаесет зраци, односно Сонцето со шеснаесет зраци од Кутлеш (Вергина - Палатица).

Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините: Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море до утоката на реката Места. Планината Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западните делови на Родопите. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 километра квадратни .

Голем број историски и археолошки наоди, на коишто изворите им се од Македонија и за кои ние Македонците треба да бидеме горди, потврдиле бројни факти од балканско, европско и светско значење. Меѓу бројните карактеристики за Македонија се следните:

pela
Пела

Во Македонија е роден Александар III Македонски (Велики), кој заедно со својот татко Филип II Македонски претставува меѓник на историјата на војувањето, тактиката и досега е ненадминат војсководец;

Античка Македонија како прва европска империја воспоставила специфични цели и однесувања со потчинетите народи, како: почитување на културите на покорените, неприменување насилство и грабежи на оние кои доброволно се согласиле да се приклучат кон Империјата, утврдување на карактеристични државни обележја и организирање посебна одбрана на териториите;

Македонците биле првите во Европа кои го прифатиле христијанството како религија и преку кои се проширило во Европа и Азија;

Од Македонија потекнуваат браќата свети Кирил и свети Методиј кои ги превеле црковните христијански книги на посебно славјанско писмо (старомакедонското), со корени од Македонија;

Во Охрид е отворен првиот словенски универзитет, од кој покрај христијанството се формирала и ширела посебната славјанска култура;

Во селото Таор, Скопско е роден и најпознатиот византиски владетел Јустинијан, чии правни одредби се учат и денес во сите светски универзитети;

Во Македонија е роден „таткото” на современа Турција, Кемал Ататурк;

Во Скопје е родена Мајка Тереза, една од најхуманите жени во светот.

Затоа, со право се вели дека Македонците не само што постоеле, не само што постојат, туку и ќе постојат сè додека светот светува и векот векува, зашто не е лесно да се искорени еден народ таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на злосторства, насилства и денационализација.

Општопознато е дека македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички е различен од народите од соседните земји. Од тие причини туѓите буржоазии од првиот момент од 1913 година, својата власт ја прошириле над Македонија, изградиле политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.

Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, србизација, бугаризација и албанизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според големодржавните потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Егзодусот на Македонците како последица од војните и од репресивните режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.

Проблемот на македонскиот егзодус ја претставува оската околу која гравитира фалсификуваната историја на соседите. Егзодусот може да се проучува од историски, политички, психолошки, етички и друг аспект и како тема на најочигледен начин го изразува колективното и индивидуалното страдање на македонскиот народ.

За жал, во цела Беломорска и Пиринска Македонија денес владее национално и политичко ропство. Таму националистите, јаничарите и шовинистите прават големи усилби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ, за што пишувале голем број интелектуалци, паталци, патеписци и добронамерници.

Својата вековна слобода, но само во вардарскиот дел, Македонија ја извојувала во Народоослободителната борба што ја водела во текот на Втората светска војна против германско-бугарско-италијанските фашистички окупатори. Во текот на, речиси, петгодишната крвава борба, во која Македонија дала повеќе од 20.000 жртви, македонскиот народ за првпат во својата историја се здобил со своја државно-правна заедница.

Од 1991 година па до денeс Македонија минува низ макотрпен период  во својата демократска трансформација. Жилаво се бори со тешките економски, социјални, меѓуетнички, верски и други проблеми, кои ја потресуваат од корен. Иако со статус на членка на Обединетите нации, асоцијативна членка на Европската унија, на Советот на Европа и на многу меѓународни организации, македонската млада држава, сè уште не може да се ослободи од старите апетити на некои соседи, но и од глобалните интереси на големите држави, кои се прекршуваат на Балканот.

skopje-denes
Скопје денес

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.