|
|
Промоции на дела со иселенички содржини |
На 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне, во салата на катедралната Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржаа промоции на публикациите “Светот на дланка” и “Love stories”, или како македонско издание насловено “Иселеничка вртелешка”, од авторот Славе Николовски - Катин, кои се изданија на издавачките куќи “Тримакс” и “Македонска искра” од Скопје. Овие дела со иселенички содржини беа промовирани во рамките на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” кое е во состав на црквата “Св. Климент Охридски”, а во исто време кога се одржуваше интересната Модна ревија во организација на Женската секција при Црквата. Во присуство на голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, за делата зборуваа проф. Филип Ангеловски, водител и диригент на Црковски хор кој ја отвори промоцијата и Соња Лозановска, главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” од Торонто. Филип Ангелковски во своето излагање, меѓу другото, истакна дека книгата “Светот на дланка” на публицистот Славе Николовски – Катин се промовира за прв пат на северно - американскиот континент и дека таа претставува репортерско видување, патувачки летопис, документ на хроничарски пристап и фактографска меморија на волшебната имагинација на авторот. Делото “Светот на дланка” кое содржи 440 страници на едно место, како на дланка пред читателот отвора широки хоризонти и тој може да пропатува во 40 земји ширум светот, да се запознае со голем број места, градови, интересни споменици на културата на домородното и другото население во светот со различни култури, обичаи, религии и голем број специфики. Оваа публикација, всушност, е интересна патувачка сага на доживувања, настани, видува-ња, записи и написи, низ кои се спојуваат или премостуваат времиња и епохи, мориња и океани, меридијани и транс-ферзали од Северна преку Латинска до Јужна Америка, во многу земји на старата дама Европа, а преку афри-канско – азиските простори дури до најдалечната-Австра-лија. Исто така, авторот во оваа книга пишува и за Благоевград, Пустец, Костур, Белград, Загреб, Истанбул, Москва, Киев и многу други градови и земји каде што живеат Македонци од сите деловина Македонија во светот. Поради една или друга причина, голем број земји во светот биле дестинации и испирации на Славе Катин како новинар, како член на владини и црковни делегации, а особено како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија. Инаку, Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите публикации, како и по бројните новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците, но и за низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Затоа, не е случајно што во ова дело тој започнува и завршува со љубовта изразена кон родната земја – Македонија, рече на крајот проф. Филип Ангелковски. Во своето излагање, пак, Соња Лозановска рече декапознавањето на историјата, културата, фолклорот, јазикот, духот, религијата и дриги карактеристики на Македонците од сите делови на Македонија, расселени насекаде по светот, му овозможи на Славе Николовски - Катин да напише текстови со љубовна содржина кои се интересни и евидентни, а кои се однесуваат на судбината и вистината на македонските иселеници. Книгата “Иселеничка вртелешка” на Славе Катин е прозно дело на македонски јазик, а е отпечатено и на англиски јазик под наслов “Love stories” (“Љубовни приказни). Таа содржи дваесет љубовни стории, главно, за љубовниот живот во Татковината и во дијаспората, каде се случуваат најразлични љубовни настани, кои се невообичаени, пикантни и интересни. Интимните приказни во оваа издание, рече Соња Лозановска на свој начин го потврдуваат љубовниот, семејниот, македонскиот дел од животот. Во делото се пренесени типичните интимни прашања и проблеми, особено на Македонците во дијаспората. А, Славе Катин познавајќи го животот, напредокот, животните судбини, семејните обичаи и постигнувањата на Македонците во Канада, САД, Австралија и Европската Унија, успева на сликовит начин, раскажувачки да не пренесе во љубовните лавиринти, кои оставаат силен впечаток кај читателите. Затоа, книгите “Иселеничка вртелешка”, на македонски јазик и “Love stories” на англиски јазик на Славе Катин со задоволство и топло ги препорачувам на македонските читатели. Алексо Лозановски |