Среда, 29 Октомври 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (19 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Во книгата на Нигел  Кавторн под наслов "Александар Македонски Велики" (Лондон, 2004), на стр. 14 читаме за љубомората од страна на Грците од Атина против Филип Втори Македонски и Македонија.  Овде читаме:

"Атинскиот говорник Демостен бил посебно навредлив кога го нарекол Александар 'маргитес', комична карикатура на Ахил." (на англиски: "The Atenian orator Demosthenes was particulary insulting, calling Alexander 'margites' - the comic caricature of Achilles").

На стр. 14 читаме за задушувањето на востанието на Грците од Теба против Македонија, кое го извршил токму Александар Македонски. Притоа тој ја срамнил Теба со земја, а ги поштедил само храмот и куќата на поетот Пиндар, затоа што тој порано (цитат): "пишувал пофални зборови за претходниот македонски цар, кој исто така се викал Александар".

Ова се однесува на Александар Први Македонски, кој бил наречен "Филхелен", т.е. "Пријател на Грците". Познато е дека Грците не му дозволиле да учествува во нивните Олимписки игри затоа што сметале дека тој не е Грк, а на овие игри учествувале само Грци.

Меѓутоа, и покрај досега презентираните објективни циати од книгата на Кавторн, сепак ни тој не се ослободил од заблудата Македонија да ја сместува во "северна Грција", т.е. во држава која  тогаш воопшто не постоела. Така, тој пишува:

"Александар Велики  бил роден во Пела, антички главен град на кралството Македонија во северна Грција". (на англиски:  "Alexander the Great was born in Pella, the ancient capital of the kingdom of Macedonia in Northern Greece")..

Во продолжение, овој автор дава еден многу интересен и малку познат податок. Тој тврди дека вистинското име на Олимпија (жената на Филип Втори и мајка на Александар Македонски) било "Муртале" (Мurthale), но дека подоцна си го сменила името во Олимпија, откако  тркачката кола на Филип (која исто така се викала Олимпија) победила на Олимписките игри во 356 година пред Христа. Во истата таа година бил роден и Александар.

Продолжуваме со наведување фалсификувани (па дури и навредливи) податоци за историјата на Македонија и Македонците.

Во книгата од Натаниел Харис (Nathaniel Harris) (цит. дело, стр. 47), пишувајќи за династијата на Птолемеите, вели дека била составена од "Грци", кои "владееле со Египет".

 Иако, спомнавме дека најпозната потомка на македонската династија на Птолемеите била Клеопатра Седма, овде ќе дадеме објаснување за  династијата на Птолемеите. Притоа ќе се послужиме со податоци од книгата на Александар Донски "Исус Христос и Македонците" (Штип, 2000 год.).

По смртта на Александар Македонски рековме дека огромната Македонска империја бргу се распаднала на неколку држави. Но, Македонците и натаму останале да владеат со некои од нив. Така, на пример, Македонците останале да владеат со Египет. Веќе рековме дека Египет се одделил како самостојна држава, на чие чело застанал александровиот генерал Македонецот Птолемеј Лагов. Тој ја основал македонската династија Птолемеи, чии припадници останале да владеат со Египет уште речиси триста години по смртта на Александар Македонски.

Македонското етничко потекло на Птолемеите го потенцира и Јосиф Флавиј. Кралевите од династијата на Птолемеите тој сосема јасно ги нарекува "Македонци" (Flavius Against Apion, II, , 5).

За македонското етничко потекло на Птолемеите пишува и рано христијанскиот писател Иринеј. Дел од неговото творештво го пренесува познатиот ранохристијански историчар Евсевие Кесариски (околу 260 - 340 год.).Пишувајќи за создавањето на библиотеката во Александрија и Иринеј го споменува македонското потекло на Птолемеите. Овде читаме:

"Уште пред Римјаните да ја воспостават својата импе-рија, во времето кога Македонците с# уште ја држеа Азија, Птолемеј синот на Лаг, посакал да ја збогати библиотеката што тој ја направи во Александрија со вредни книги од сите луѓе..." (Eusebius of Caesarea: Church History, Book V, Chapter 8, The Statements of Irenaeus in regard to the Divine Scriptures).

Македонското етничко потекло на Птолемеите е спомнато и во светски познатата американска ЦД енцикло¬педијата  "Microsoft Encarta" (USA, 1998; наслов: Ptolemaic Dynasty). Овде читаме:

"Династијата на Птолемеите претставува македонско семејство кое владеело со Египет за време на хеленистичкиот период, од смртта на Александар Велики во 323 година пред Христа, па с# до времето кога Египет станал римска провинција во 30 година пред Христа. Во различни временски периоди Птолемеите ја држеле под својат власт и Киренајка (која се наоѓа во северна Либија), Палестина и Кипар. Династијата била основана од александровиот генерал Птолемеј. Тој бил поставен за гувернер на Египет од самиот Александар, а во 305 година пред Христа се прогласил себеси за независен владетел, под името Птолемеј Први Сотер. Кралството доживеало голем напредок, како под  негова власт, така и под власта на неговите наследници: Птолемеј Втори Филаделф и Птолемеј Трети Евергет, кои постојано имале спорови со припадниците на уште една македонска династија - династијата на Селевкидите во Сирија, околу превласта на источниот Медитеран. Иако не биле со египетско потекло, Птолемеите се придржувале кон повеќе египетски традиционални обичаи. Исто како што правел и Александар, така и тие се претставувале себеси на јавните споменици во египетски стил и облеки... Сепак, во нивната војска доминирале грчките и македонските должносници. Последната и сигурно најславна владетелка од Птолемеите била Клеопатра, која независно владеела, прво со  поддршката од Јулие Цезар, а подоцна и од Марко Антоние..."

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.