|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (20 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишувања во врска со историјата Македонското етничко потекло на Птолемеите е спомнато и на официјалната веб-страница на Интернет, поставена од египетската влада (конкретно од Министерството за туризам на Египет). Во краткиот осврт кон историјата на Египет, Птолемеите се наречени како "Македонска династија ("Alexander the Great, Macedonian Dinasty,http://interoz.com/egypt/ macdyn01 .htm). Прв владетел од династијата на Птолемеите рековме дека бил Птолемеј Лагов (познати и како Птолемеј I Сотер). Тој бил роден во 367 година пред Христа. Од 323 година пред Христа бил гувернер на Египет и на Либија, а од 305 до 284 година пред Христа владеел како крал. Во неговата биографија, во споменатата енциклопедија Енцарта (наслов Птолемј I), читаме: "Птолемеј Први бил основач на династијата Птолемеи. Син на Лаг и Македонец по род, Птолемеј бил генерал во армијата на Александар Велики, кој играл главна улога во подоцнежниот поход на Александар во Азија..." За македонското етничко потекло на Птолемеј Први ни зборува и фактот што тој бил другар од детството на Александар Македонски. Поради тоа, тој подоцна станал еден од најдоверливите генерали на Александар, кој посебно се истакнал во битките за покорувањето на Персија. Откако станал крал на Египет, тој ја прогласил Александрија за главен град на своето кралство. Птолемеј И ја основал и познатата Александриска библиотека, на која подоцна ќе се задржиме. Тој напишал и биографија за Александар Македонски, која денес не е сочувана, но се знае дека од неа црпеле подоцнежните антички биографи на Александар. Птолемеј Први бил оженет со Береника Прва. Умрел во 283 година пред Христа. Во 284 или 285 година пред Христа, Птолемеј Први го напуштил престолот во полза на својот син Птолемеј Втори (309-246 пред Христа). Птолемеј Втори војувал со македонската династија на Селевкидите (кои тогаш владееле со дел од Азија и за кои во продолжение подетално ќе пишуваме). Во негово време Египет доживеал силен економски и културен процут. Птолемеј Втори значително ја збогатил библиотеката во Александрија и активно ја поддржувал уметноста. Притоа многу му помагала неговата сопруга Арсиноја (316-271 пред Христа), која имала големо влијание во неговото владеење. Птолемеј Втори бил наследен од својот син Птолемеј Трети (околу 282-221 пред Христа). Тој успеал да ја припои Киренајка кон Египет. Исто како и неговиот татко, и тој ја збогатил библиотеката во Александрија и ја поддр-жувал уметноста. Во негово време економијата на Египет доживеала уште поголем процут. Потоа на власт дошол Птолемеј Четврти, чија сопруга исто се викала Арсиноја. Тој не владеел долго и бил наследен од својот син Птолемеј Петти, кој формално дошол на власт по смртта на својот татко, кога имал само пет години. Тогаш практично власта во Египет била во рацете на корумпираните министри на Птолемеј Четврти, што довело до последици по државата. Птолемеј Петти имал сестра, по име Арсиноја (Трета). Користејќи ја ваквата состојба и таа посакала да дојде на власт. Но, во тоа не успеала бидејќи била убиена веројатно по налог на корумпираните министри. Практично Птолемеј Петти бил само формален владетел на Египет. Кога наполнил шеснаесет години, бил оженет со Клеопатра Прва, која била ќерка на Антиох Трети, македонски крал од династијата на Селевкидите. Во бракот со Клеопатра Прва му се родиле два сина. Птолемеј Петти умрел на возраст од дваесет и осум години. Се смета дека бил отруен. Бил наследен од својот син Птолемеј Шести, кој исто така имал само пет години кога умрел неговиот татко. Птолемеј Шести (околу 186 - 145 пред Христа) исто така немал среќа во владеењето со Египет. Тој војувал против Антиох Четврти (кралот на Селевкидите) при што бил заробен. Тогаш бил заменет од својот брат Птолемеј Седми. По падот на Антиох Четврти, Птолемеј Шести се вратил на престолот во Египет и заеднички владеел со својот брат Птолемеј Седми. Подоцна избил судир помеѓу нив. Во 145 година пред Христа на власт во Египет дошол Птолемеј Осми, кој исто така бил син на Птолемеј Петти. Тој бил опишан како суров владетел, иако вовел либерални реформи во религиозните институции. Бил оженет со Клеопатра Трета. Во бракот им се родиле два сина (Птолемеј Деветти и Птолемеј Десетти Александар) и три ќерки (Клеопатра Четврта, Клеопатра Трифена и Клеопатра Селена). Птолемеј Осми умрел во 116 година пред Христа. Престолот на Египет тогаш дошол во рацете на неговата жена Клеопатра Трета. Таа го форсирала својот помлад син Птoлемеј Десетти како нов владетел на Египет, иако граѓаните на Александрија повеќе сакале Птолемеј Деветти да им биде крал. Птолемеј Деветти прво бил поставен за гувернер на Кипар, но под притисок на граѓаните на Александрија, бил вратен да владее со Египет. Подоцна неговата мајка Клеопатра Трета го обвинила дека наводно подготвувал заговор против неа и повторно успеала да го испрати на Кипар. Наместо него, на престолот повторно дошол неговиот помлад брат Птолемеј Десетти. Клеопатра Трета умрела во 101 година пред Христа. Птолемеј Десетти останал да владее со Египет како мошне непопуларен крал. Загинал во една битка во 88 година пред Христа. По неговата смрт, Птолемеј Деветти повторно се вратил од Кипар во Еипет и повторно станал крал. Тој владеел со Египет уште осум години, с# до својата смрт. Птолемеј Деветти имал два сина, но тие умреле како мали деца. Поради тоа, бил наследен на престолот од својата ќерка Клеопатра Береника. Според египетската традиција (според која секоја жена владетелка морала да има крај себе личност од машкиот пол за да може да владее) Клеопатра Береника била принудена да се омажи за својот братучед Птолемеј Единаесетти, кој бил син на Птолемеј Десетти. Но, само по деветнаесет дена од свадбата Птолемеј Единаесетти ја убил својата сопруга Клеопатра Береника. Тоа ги разгневило граѓаните на Александрија, кои насилно влегле во кралскиот дворец и го убиле својот крал Птолемеј Единаесетти. Тогаш во Египет завладеал хаос. На престолот дошол Птолемеј Дванаесетти, кој бил син на Птолемеј Деветти и кој владеел до својата смрт во 51 година пред Христа. Тој имал четири ќерки и два сина. Една од неговите ќерки била Клеопатра Седма. Тоа всушност е познатата египетска кралица Клеопатра, чие име денес е познато во целиот свет!
|