|
|
Западните народи изучуваат фалсификувана историја и географија за Македонија |
Пишува: Јанко ТОМОВ Како македонската емиграција, во државите на западната хемисфера, го изучува англискиот говорен и литературен јазик, како се здобива со наобразба и квалификации, преку универзитетите, се повеке доаѓа до контрадикторни сознанија, во дел од нивните образовни системи, во кои не се изучува македонската историја, посебно македонската античка историја! Не постојат никакви написи за Македонците и за Република Македонија, во наставните четива-книги за основно, средно и универзитетко образование. Само во едено издание,како прво што сум го забележал и користел, е Светски Атлас-Фактопедија – Колинс со ИСБН: О-7322 5049 8 од 1994 година, публикувана во Сиднеј, НЈВ, Австралија, каде од страна 548-549, во Нациите на светот, постои се за Македонија, во која спаѓа македонската националност, сувереност, број на жители и дргуги Македонски карактеристики, па дури и официјалното знаме на Република Македонија- античкото Шеснаесет-зрачно сонце, во тоа време. Често пати интелектуалниот народ на тие западни држави знае за повеќе сфери на животот, вклучувајки го минатото, а со тоа од кои земји и народи потекнуваат тие нивни сограѓани, кога се работи за Австралија, Канада и Америка. При тие дискусии, ние Македонците, што ја познаваме базичната историја, специјално на античките Балкански и Средоземни народи, реагираме на контрадикторниот говор, односно искажување на нашите соговорници, кога се спомнува нашето македонско минато. При запознавање со наши сограѓани, кога е во прашање нашата националност, откриваме дека, нашиот соговорник нема доволно познавање за македонската националност и за Македонија. На прашање од каде потекнувате? Ние скоро сите Македонци велиме: од Македонија. Тие велат, а од Грција. Ние велиме : Не, не од Грција туку од Република Македонија. Тие понатаму прашуваат: Каде се наоѓа Македонија? Тогаш ние велиме: Северно од Грција, Западно од Бугарија Источно од Албанија! Ние кои ја познаваме повеке античката историја, одговараме и на нивното прашање, кога го спомнуваме Александар Трети Македонски, како Александар Велики, на кое тие кои учеле во нивните училишта, велат: а, Александрос Грик? Ние велиме: Не, Александрос, туку Александар Македон, а не Грик! И продолжуваме, со кратки објаснувања, дека Македонија и македонците се најстар народ на Европа. Дека Грција, Бугарија и Србија, во коалиција против Отоманската империја-Турција, во Балканските војни во 1913 година, ја победија Отоманската империја и наместо да помогнат да и дадат право на Македонија, да стане самостојна држава, исто така , како што тие станаа самостојни, после Руско-Турската војна во 18 век, Србија и Бугарија, а во 19 век (1820-те години) и Грција, тие “ослободители”, ја поделија Македонија меѓу себе!? Големи главоболки и стресови-нервирања, доживуваме, додека објаснуваме, а од кога ке се увериме дека го примат позитивно нашето објаснување, за македонската националност и сувереност-државност, стануваме радосни и оптимисти дека во скори времиња, ќе биде воведена и нашата македонска историја, во нивните наставни учебници, во нивниот образовен систем. Нашите соговорници, кои пријателски го прифакаат нашето објаснување, за што понекогаш тие прикажуваат и поголем интерес за тоа, во зависност од времето, местото и начинот при самото меѓусебно запознавање или запознавање преку пријатели, гледајки дека имаме, факти и познавае за таа тема. Со тоа доаѓаме до заклучок дека тие нас не примаат и признаваат со нашата македонска националност и со сите потребни атрибути, како народ и нација, иако сме повеќето од нашата емиграција нивни сограѓани со исти државјанства. Но, Македонски интелектуалци, кои не го познаваат доволно англискиот јазик, за да може да објаснат за својата националност и сувреност, од каде потекнуваат тие или нивните родители, или тие обични Македонци, кои едните и другите ги немаат македонските историски книги, било на Македонски или на Англиски јазик, тие не можат и да сакаат да уверат некого за својата македонска историска вистина! Зошто е тоа така? Првенствено голем број на западни автори на историски дела, меѓусебно си ги препишуваат историските теми, како се поставени уште од минатите векови, а прилагодени на интересите на своите актуелни политичари и нивната званична политика. Потоа учители, професори, декани и научници, се придржуваат на актуелната политика, со тоа не публикуваат нови училишни или универзитетски историски учбеници и книги, специјално за античкиот период и периоди по вековите, само таму и тогаш, кога не го губат својот интерес, без разлика на историјската вистинска наука. Често гледаме историски теми, од Западни продуценти и режисери на ВТ-СБС-државна телевизија на Австралија, како во серии со теми за праисториско и античко време, не ја спомнуваат Македонија, Туку Грција. Не ги споменуват жителите на Македонија, како Македонци, туку ги именуваат како Грци, или Римјани, кога е ево прашање наводно “грчкото”, а не Македонско, односно Римското царство, при што за византијската империја велат, наводно, дека била Грчка!? При тие моменти, си имам престава како нашите деца, нашите внуци и сите млади Македонски генерации, во уцилиштата и универзитетите на Америка, Канада, а специјално во Австралија, која се уште званично не го признала македонскиот идентитет на своите граѓани Македонци и од македонско потекло, се перени во мозокот (brainwashed) со делови од фалсификувана историја и географија, за Македонците и за Македонија. Си велам, ако тие Западни држави немаат пристап за Македонски историски дела-книги, посебно за античката историја и средновековната историја, на англиски јазик, донекаде би ги одобрувал. Но, бидејќи постојат голем број на Македонски историски книги,публикувани на Македонски и посебно на Англиски јазик, каде со историски археолошки артифакти и факти, како и пишувани факти од антички историчари и научници, за македонската битност, се пристапни само од авторите на тие историски дела. Зошто никој не презема мерки да ги организира нивните промоции И дистрибуции до позначајни Македонски фактори, кои се грижат за македонското битие и уставното име. А тие се комисиите на Претседателот на републиката, институциите на актуелната Влада на Република Македонија, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, преостанатите. Ниту нив, ниту Организираните Македонски субјекти во дијаспората, а посебно поголемите Македонски Организаци, како што се Обединаетата Македонска Диаспора (ОМД), Македонаскиот Светскиот Конгрес( МСК), Православните Црковни Општини и МП Епархии, Македонските заедници на државите (Австралија, Америка, Канада и Европа ) никојпат не ги промовирале тие драгоцени книги. Не само што не ги промовирале, меѓу македонското иселеништво, тие да ги прашаш нивните членови, повеќето не знаат дека постојат тие книги, а камоли нивните содржини!? Кој е крив за таа незаинтересираност, а од друга страна сите сили и енергија ни се усмерени, на пример, кон Федералната влада на Австралија, за да ја признаат нашата Македонска националност и да престанат да не нарекуваат со погрдни зборови “Словенски Македонци”, а и да не ја употребуваат повеке навредливата референца, туку постоечото уставното име на Македонија- Република Македонија. Ќе ви се извинувам за моите горни примедби, ако ја запознаете македонската и иселеничка јавност, ако има случаеви, за промоции на историски книги или нивно размножување и дистрибутирање. и тоа специјално до Западни пријатели: Конгресмени, Политичари, Професори, Декани на универзитети за историја, Амбасадори, Конзули, инститиции во ЕУ и ООН кои се занимаваат со проблемите на националностите, јазиците и основните човекови права и сл. Специјално, ако се меѓу останатите позначајни македонски авторски историски дела-книги, неколкуте книги со античко-Македонски содржини, на историчарот Александар Донски, од која една, во скратена верзија, но многу јасно и јако означена македонската античка историја, како одговор н писмото упатено до претседателот на САД г-дин Барак Обама од страна на извесен број на прогрчки ориентирани автори,публикувана на македонски и на Англиски јазик посебно во 2010 година. Исто така и една од моите две историски книги, публикувана на Македонски и на Англиски посебно, каде има цитати и мисли и од позната западни автори на историјски научни дела, кои почнуваат да ја промовираат вистинската македонска историја: “Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори” ( од фалсификатаи до коректно презентирање ), публикувани во 2005 година во Бризбен, Австралија. |