Среда, 19 Ноември 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (22 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Продолжуваме со темава.

Во книгата на Мери Рејнолд под наслов "Оган од Рајот" на стр. 19 пишува:

 "Кога во 490 година пред Христа Дариј Први, цар на Персија, извршил инвазија на Грција, Атињаните ги поразиле неговите сили во битката кај Маратон". (На англиски "When in 490 BC Darius I, king of Persia, invaded Greece, Athens defeated his forces at the battle of Marathon") И овде гледаме дека погрешно е употребен терминот "античка Грција", затоа што таква држава никогаш не постоела во антиката.

 На стр. 25 таа пишува дека варварите навлегле во "Македонија и Грција", со што повторно е направен фалсификат. Имено, Македонија тогаш постоела како држава, но не и Грција.

Воопшто постојат и други автори кои војната помеѓу грчките градови-држави и Персија  што се случила во 5 век пред Христа ја прикажуваат како војна помеѓу "Грција и Персија", што апсолутно не одговара на вистината.

 И во книгата на Кристофер Хиберт е направена иста грешка. На стр. 35  читаме  дека  Дорците "ја нападнале Грција од север во околу 1000 година пред Христа". (на англиски: "... Dorians had invaded Greece from the north in about 1000 BC").

Ова навистина е бесмислица. Никаква Грција не постоела во 1000 година пред Христа. Веќе спомнавме дека во вакви ситуации терминот "Грција" вештачки се вметнува и тоа ретроспективно, што е сосема погрешно, па дури и смешно. Поарно ќе било авторот да напише дека  Дорците "ја нападнале Отоманската империја во 1000 пред Христа", отколку што напишал "Грција". Отоманската империја барем егзистирала на тие простори пред Грција. Со ваквата забелешка сакаме да укажеме на бесмисленоста и бизарноста на поедини автори кои го вметнуваат терминот "Грција" длабоко во историјата, кога немало ни трага од таква држава или народ.

 За несериозноста на овој автор ќе посочиме и дека тој пишува оти Атињаните го "бранеле Акропол" од Дорците во 1000 година пред Христа, иако се знае дека Акропол е изграден неколку векови подоцна.

Овој автор ја споменува непостоечката "Грција" и на стр.  67, кога пишува за навлегувањата на Келтите на Балканот.

Доколку некој забележи дека тогаш не постоела Грција како држава, туку постоела како територија, па затоа авторот ја споменува, ќе кажеме дека ни тоа не е точно.  Се знаат имињата на географските региони на јужниот Балкан во антиката и ниту еден од нив не се викал "Грција" (барем не во денешна смисла на зборот).

 Во книгата на Петер Крисп под наслов "Александар Велики" ("Аlexander the Great"), објавена во Лондон (2000 година), на стр. 16 авторот пак ја споменува "Грција" кога пишува за античко време. Тој вели дека Александар успеал  (цитат): "да ја скрши опозицијата во Грција". Меѓутоа, тоа не е вистина затоа што Грција како држава тогаш воопшто не постоела.

На стр. 21 од истата книга под илустрацијата со саркофагот на Александар Македонски, авторот необјективно пишува дека тоа бил "грчки саркофаг".

И во книгата од Бернард Рандел под наслов "Александар Велики" ("Аlexander the Great "), објавена во Њујорк, (2004) година, прикажан е саркофагот на Александар, а овој саркофаг е прикажан и во книгата на Мери Рејнолд "Оган од Рајот" со коментар дека на него, т.е. на релјефот, е прикажана борбата помеѓу "Грци и Персијанци". Се разбира дека тоа не е точно. Освен тоа, познато е дека десетици илјади Грци платеници се бореле во редовите на Персиската војска против Македонците, за што веќе наведовме податоци од антички и од современи историчари.

Во книгата "Последните два милиони години" (цит. дело, објавена во 1974), читаме за инвазијата на Дорците на Балканот. Овде повторно необјективно е спомната Грција, но наведен е интересен податок дека пред-дорското негрчко население, за време на дорската окупација, се уште  ги паметело јунаците од Тројанската војна, и дека тоа усно пренесување, по четири векови,  го натерало Хомер да ја опише оваа војна. Овде читаме:

"За време на темната епоха, кога дошла со  доаѓањето на Дорците од север и нивното уништување на Микена, како и навлегување во Грција, приказните за микенските херои Одисеј, Ахил, Нестор и Агамемнон биле чувани во усната традиција и биле запишани од Хомер четири векови подоцна", (На англиски: "In the Dark Age which followed as Dorians invades from the north destroyed Mycenae and pushed down through Greece, the stories of the Mycenaen heroes Odysseus, Achilles, Nestor, Agamemnon were kept alive in oral tradition to be recordered by Homer four centuries later"".

Во книгата на Натаниел Харис има и други неточни податоци. На пример, на стр. 180, за Источното Римско царство (Византија) пишува дека било "општество во кое се зборувало грчки" ("Greek speaking societies").

На стр. 182 овој автор градот Константинопол го опишува како "грчки град", а за Византија повторно пишува дека имала "грчки особености".

Има и други автори, кои Византија ја нарекуваат како "Грчко царство". Меѓутоа, таа била етнички хетерогена држава.  Во неа живееле голем број народи и надвор од умот е да се тврди дека сите тие зборувале "грчки".

Факт е дека јазикот коине бил официјален јазик во оваа држава, но само како литературен јазик, а не и како говорен. Освен тоа, во Византија одвај дали 1% од населението тогаш било писмено, така што од зачуваните дела од тоа време (пишувани на коине) не може да се тврди дека во цела Византија народот зборувал "грчки". Тоа е крајно тенденциозно. Овде  повторно доаѓа до израз глорификацијата на грцизмот и таму каде што не му е местото.

 

П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.