|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (23 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Меѓутоа има и тесни примери во описите на Византија. Имено, некои западни историчари, со право ја претставуваат Византија како наследничка на Македонската империја на Александар Трети Македонски Велики. Ова е заради фактот што потомците на античките Македонци извесен период и навистина биле на чело на Византија. Дури имало и цела династија, која владеела со Византија од 9 до 11 век, а која се викала Македонска династија. Поради значителното учество на Македонците во самиот врв на општествениот живот во Византија, некои западни историчари сметаат дека Византија не била продолжение на Римската империја, ниту пак била продолжение на некаква грчка држава (рековме дека античка грчка држава никогаш не постоела, туку дека Византија всушност била продолжение на Македонската империја на Александар Македонски. Во книгата "Outline of History"" од авторот Велс, во врска со ова читаме: "За оваа Источна или Византиска империја главно се зборува дека била продолжение на Римската Империја. Но многу повеќе таа била преродба на Александровота империја. ("The Outline of History" by H. G. Wells, Garden City, New York, стр. 489, цит. според Симе Пандовски"Македонија, праисторија империја и денес", Битола, 2000, стр. 178). И историчарите Xон Кросланд и Дијана Констанце го сметаат истото, па во врска со ова пишуваат: "Вториот македонски голем период беше византиската империја, а Тесалоника беше втор по големина град во империјата". Macedonian Greece" by John Crossland and Diana Constance, B.T. Bratsford LTD, London, Great Britain, 1982) Објаснувањето на овој феномен на современо грцизирање на речиси е ш то било балканско во историјата, дава авторот Xон Шеа во својата книга под наслов "Македонија и Грција - борба за создавање на нова балканска нација" (John Shea: "Macedonia and Greece - The struglle to define a new Balkan Nation"). Тој пишува дека поради симпатиите кон грчкото востание против Отоманската империја, западните христијански европски земји, ги поддржувале Грците воено и на духовен план. Тогаш (во недостиг на вистински докази) почнало да се грцизира се што е балканско во историјата, со цел да им се даде поддршка на Грците христијани во нивната борба против Отоманската империја. Можеби тогаш тоа било оправдано, но жално е што таквата состојба (главно) е присутна и денес (иако работите полека се менуваат, а доказ за ова е и објективната книга на Џон Шеа). Патем, во својата книга тој се задржува и на современата македонска историја и за погромот на Македонците во егејскиот дел на Македонија. Продолжуваме со темава: Во книгата од Р. Ј. Унстелд под наслов "Речник на историјата", на стр. 11 во врска со Александар Македонски, читаме: "Тогаш тој објави дека ќе ја предводи армијата составена од Грци и Македонци против моќната Персиска Империја, која се протегала од Средоземието до Индија и да се одмазди за инвазијата на Грција од страна на Ксеркс од пред сто и педесет години". (На англиски: "He then announced that he would lead on army of Greeks and Macedonians against the all-powerfull Persian Empire, which streched from the Mediteranean to India, and avenge Xerxes invasion of Greece one hundered and fifty years earlier"). Овде авторот сосема исправно ги одделува Македонците од Грците, иако сразмерно гледано, Македонците во неговата армија биле далеку побројни, а добар дел од Грците биле само платеници во неговата војска. Меѓутоа и овој автор не успеал да се ослободи од употребата на терминот "Грција" во антиката, па споменува дека Ксеркс наводно ја нападнал "Грција" (иако таква држава тогаш не постоела). Што се однесува до причините за напад против Персија, Александар, во својата желба за освојување и навистина барал најразлични причини да ја нападне Персија (која дотогаш се заканувала и на Грците и на Македонците), па нападот на Ксеркс против Атина, го искористил како една од причините за негов напад против Персија. Меѓутоа, на стр. 167 овој автор пишува дека Македонското Царство се наоѓало во "северна Грција", што навистина претставува фалсификат и искривоколчување на вистината. Продолжувајќи да шири лаги во својата книга, овој автор пишува дека Александар во Персија ја ширел "грката цивилизација" (а не македонската или балканската). Врв на глупостите што ги пишува овој автор е неговото тврдење дека по смртта на Александар неговита империја се поделила на три дела и тоа на (цитат): "Египет, Сирија и Грција..." (!?). На англиски: ("After his death, the Macedonian Empire split into three parts: Egypt, Syria and Greece, where Antigonus in Macedonia ruled the country"). Овој цитат е толку дрзок и безобзирен, што не заслужува никаков коментар. Само ќе кажеме дека не само што никаква Грција тогаш не постоела, туку Антигон останал да владее со Македонија и со грчките градови држави кои ги држел под окупација и кои биле ослободени од македонското ропство дури од Римјаните. Овој автор ја споменува "Грција" во антиката, иако таква држава (а ниту компактна територија) тогаш воопшто не постоела. Дури и кога пишува за Средниот век (стр. 196), т.е. за времето на Отоманската империја, тој ги споменува: Македонија, Бугарија, Србија и Грција. Сите овие држави (освен Грција) и навистина постоеле пред доаѓањето на Турците. Ова значи дека терминот "Грција" не само што не смее да се употребува кога се пишува за антиката, туку овој термин не смее да се употребува ни кога се пишува за Средниот век, затоа што првата држава под име "Грција" била создадена со помо на Русија дури на почетокот од 19 век. Овој автор ја споменува "Грција" и кога пишува за Пелопонеските војни (стр. 207), кога вели дека наводно Грција била нападната од Персија, што секако дека не е точно затоа што од Персија била нападната Атина, а не Грција, каква што тогаш не постоела. Авторот Нигел Кавторн во својата книга "Александар Македонски" (цит. дело), на стр. 140 пишува дека кога Атињаните слушнале за смртта на Александар Македонски, се собрале со неколку градови-држави и го окупирале излезот од Термопилите, така што на тој начин направиле "отсекување на Македонците од југ на Грција" (На англиски: "Cuting off the Macedonians from Southern Greece"). И навистина Атињаните со радост ја дочекале веста за смртта на Александар и веднаш превзеле мерки за ослободување од македонското ропство, со тоа што ги блокирале Темопилите отсекувајќи ги Македонците кои се наоѓале на југ, но овде авторот не требало да го употреби терминот "Грција". Овој автор ја споменува Грција за време на антиката и на други места во својата книга. Натанаил Харис во својата книга (цит. дело) прави еден крупен превид во врска со географијата на Македонија. На стр. 174 тој пишува дека Аристотел се родил на полуостровот Халкидик, кој се наоѓал "во Тракија" (!?). Меѓутоа, познато е дека овој полуостров (денес познат среде Македонците под името Света Гора) се наоѓа во Македонија. Од овде изнесените податоци, може да се заклучи дека постои широк дијапазон во претставуваwето на историската вистина за Македонија и Балканот од страна на западните автори, и тоа од коректно претставување на истата, па се до изнесување на неточни податоци и дрски фалсификати. П р о д о л ж у в а
|