Среда, 26 Ноември 2014   
Делата од Јоне Кленко

Иван Трпоски

Неодамна во библиотеката од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј пристигнаа повеќе книги од Македонија со различна тематика. Во овој запис ќе се задржам на книгата од д-р Стојан Ристески „Две ретки дела од Јоне Кленко“, која, се надевам дека ќе го задржи вашето внимание.

jone-klenko-2

Овој мирен и тивок Стружанец кој има импровизирана работилница среде во чаршијата во која се продаваат стари алати, ташни, колани, слики од стара Струга и од стружани, амблеми, сувенири и други предмети кои посебно му значеле во животот, познат е и како врвен мајстор за чевларство, за кожна галантерија и друго. Тој е жива историја за Струга. Како таков е афирмиран и пошироко, а особено по објавувањето на публикациите „Записи за минатото на Струга“ (две изданија: 2006, 2008) и „Древната струшка ѓурѓовденска ордија“ (две изданија: 2013, 2014). Потекнува од побожна фамилија и за него се` што е од Господа и што се прави за Господа е Господово.

Идеата на Јоне Кленко за да направи скулптура на Свети Климент Охридски има долг пат што го изодел сам, за која никому не му спомнал се` до конечната реализација во 2011 година. Имено, Јоне Кленко во 1958 година посадил орев во месноста Езерски Лозја, на неколку километри оддалеченост од Струга. Оревот израснал со чисто стебло, токму по желбата на Јонета. Во 2000 година, некои од гранките почнале да се сушат, а плодот предвреме да паѓа. Исплашен да не фати црвојадина, Јоне оревот го пресекол и трупот го оставил десет години да се суши. По бесправното сечење на оревот, Јоне, најпрво усно бил казнет со над сто илјади денари од властите во Струга, а подоцна судот се смилувал и казната му ја намалил на 45.000 денари. Јонета ни тоа не го поколебало да побрза да најде мајстор во Струга, резбар, за изработка на цела фигура на свети Климент. По муабетите низ струшката чаршија, тој разбрал дека со резбарство се занимава лекарот д-р Драган Докоски, кој наводно ја прифатил понудата но со едногодишен договор, зашто Докоски, оваа работа ќе ја работел само во викендите и после работното време.

Таинствениот Јоне Кленко не кажал никому ни кога била готова скулптурата. Неа тајно ја внесол во својот дом со д-р Драган Докоски. По завршувањето на скулптурата, авторот се восхитувал што го исполнил аманетот на Јонета, а и што оставил зад себе уште една трага во огромниот свет на уметноста, по која, можеби, еден ден ќе биде препознатлив, истражуван како дел на културата на живеење на македонските простори.

Покрај скулптурата на свети Климент, по нарачка на Јоне, д-р Доковски му изработил  и три ковчежиња – имитација на ковчежињата на Свети апостол Павле – апостол на апостолите, во кои апостолот чувал три камења со исушена крв на Исус Христос што капела на нив од нанесените Му рани. Тие ковчежиња на животот ги оставил на три места: Палестина, Света Гора и во Голем Град (во село Враништа), како најмоќно сретство за ширење на Христовата света вера. А Јоне Кленко неговите три ковчежиња ги посветува на неговите три ќерки, кои подоцна ќе ги подари на три свети места: едно во родниот град Струга, во црквата Свети Ѓорѓија, а по едно во манастирите Свети Наум и Свети Јован Бигорски. По консултација со архимандритот Нектариј, Јоне добил благослов, но со сугестии во ковчежињата да има по едно камче од Светата Земја, односно од Голгота и на внатрешната страна од ковчежињата да биде претставено Распетието на Исус Христос. А и скулптурата на Свети Климент, тој сака да и ја подари на црквата Свети Ѓорѓија во Струга веднаш по нивниот црковно свештенички благослов. Дарежливото срце на овој струшки верник и Македонец колку е благодарно  се гледа и од написот објавен во првата книга каде ги повикува стружани да се вратат во Струга, да се вратат во татковината: Стружани каде и да сте, Струга во мислите имајте ја, во сонот сонувајте ја, во срцето носете ја, родната грутка - не заборавајте ја!

jone-klenko-3
Скулптура на Св. Климент, дар на Јоне Кленко, a изработка на д-р Драган Докоски – Струга 2014 год.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.