Среда, 03 Декември 2014   
Од патувањата по светот – Израел (5)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

НА МАСЛИНОВАТА ГОРА ВО ЈЕРУСАЛИМ

При нашата посета на Израел бевме информирани дека со доаѓањето на Римјаните во 63 година пред Христа, кои овде останале сѐ до 324 година по Христа, се подигнале бројни замоци, паркови и јавни згради. Храмот, делумно бил обновен по победата на персискиот крал Кир над Вавилонците. Меѓутоа, конечно го обновил еврејскиот крал Ирод, за што Јосиф Флавиј ќе рече дека храмот бил најве­ли­чествената градба на тогашниот свет.

Светиот храм конечно исчезнал во огнот на рим­ските легии на Тит Флавиј, во 70 година. Се на­ве­дува дека на советувањето пред решавачката бит­ка за Ерусалим, Тит Флавиј и неговите најблиски со­работници, решиле да го поштедат храмот, како све­доштво за возвишеноста на човековиот гра­ди­тел­ски гениј. Воениот жар, меѓутоа, има свој резон: мес­тото посветено на Бога го проголтале огнените ја­зици на омразата. Останал само еден потпорен ѕид - денешниот „Ѕид на плачот“.

За време на долгите векови прокоба низ туѓиот свет, сеќавањето на Ерусалим и храмот бил поттик за Евреите да ги издржат сите неволји, но и верба дека еден ден повторно ќе се вратат на сво­јата земја. При градбата на секоја синагога, се­каде каде што живееле Евреите, се оставал еден нео­боен камен во ѕидот - сеќавање на Ерусалим. Секоја синагога е завртена во правец на Светиот град. Со мислата за Ерусалим почнувал и завршувал денот на секое еврејско семејство.

Да потсетиме дека на старохебрејски зборот „Ерусалим“ значи „град на мирот“. Арапите го викаат Ал - Кудс што значи „свет град“. Евреите, христијаните и муслиманите ве­ру­ваат дека Господ е еден и единствен. А да ве­руваш во Господ значи да посакуваш мир за себе и за другите. Маслиновата гранка е симбол на мирот. Во близината на Светиот град се наоѓа Маслиновата Го­ра во која Исус ја оплакувал судбината на Еру­салим. Навистина, историјата на Ерусалим е вечна борба меѓу маслиновата гранка и мечот. Све­тиот град и местото каде што се преплетуваат трите го­леми монотеистички религии, со векови е сведок на нај­возвишените чувства и најниските страсти, особено кога псалмите ќе станат дел од поли­тич­ките говори.

maslinovata-gora

Меѓутоа, во пишаните документи стои дека прогласувањето на императорот Кон­­стантин за цар во 313 година значеше пресвртница во историјата на Црквата. Константин, не само што се покрстил, туку христијанството го издигнал на ни­во на државна религија, пред сѐ, зашто во него гле­дал обединувачка сила за своето поделено царство. Со тоа христијанството станало офи­цијал­на религија во Ерусалим. Во тој период почнале да се градат манастири и цркви, а стариот дел бил об­новен и претворен во модерен трговски центар, кој прет­ста­вувал вистинска туристичка атракција. Подоцна, во 634 година, калифот Омар го освоил Ерусалим и го вовел Куранот, а градот го нарекол град на храмови. На ридот на храмовите никнале нови хра­мо­ви а се градел и познатиот Храм на молитвата.

Но, како што се граделе новите храмови, така се ури­­вале и старите. Така, во 1012 година агресивниот ка­­лиф Ал-Хаким ги разурнал синагогите и црквите, по што Ерусалим станал мал град со одвај 30-тина ил­­јади жители. Со Ерусалим Арапите владееле 450 го­­дини, сѐ до доаѓањето на крстоносците во 1099 го­­дина, кога тие го претвориле во свет град. Тогаш тие ги масакрирале муслиманите и Ев­реите, а градот станал центар на крстоносците, до­би­вајќи ново име Ерусалимско Царство. Во тој период крстоносците ги обновиле и познатите хрис­ти­јански места.

При нашата посета ни беше речено дека Маслиновата Гора во Ерусалим е поврзана со преданијата за спасителот  Исус Христос, кој „ќе се врати и ќе дојде овде да ги воскресне мртвите“. Според преданијата, тие што се најблизу до мес­тото од каде што ќе доаѓа спасителот, ќе вос­крес­нат најбрзо. Затоа за да се купи место овде, за ма­лата парцела за урната со посмртните останки се пла­ќаат најмалку 5.000 долари. Странските државјани, пак, кои во последно време сѐ почесто ја изразуваат жел­бата „да почиваат во вечниот мир на Масли­но­ва­­та Гора“, нудат многу повеќе.

Целиот овој простор порано бил со маслинови дрвја со богат плод, со што ридот го добил и своето име Маслинова Гора, кое се користи и денес. Тогаш маслинките биле единствените пло­дови, со чија преработка и трговија можеле да се за­доволат минималните потреби за живот. Со огром­ни камени тркала издлабени во пештерите се пре­сувале маслинките за да се добие маслиново масло. Оттука и не случајно се вели дека произ­вод­ството на масло е еден од најстарите занаети кој  датира од пред 2.000 години. Сега со него се занимаваат некои кибуци кои подигаат нови плантажи со маслинови дрвја, а се изградени и нови современи индустриско-преработу­вачки капацитети.

Денес над Маслиновата Гора се вкрстуваат патиштата на трговијата со многу други производи, што не е ништо необично, па секојдневно овде на камената ограда што ја дели Маслиновата Гора од сообраќајницата има продавачи на разни сувенири и други украсни предмети. Тука најчесто застануваат и автобусите на разните туристички и бизнис групи што доаѓаат во посета на Светата земја. Има и зошто, бидејќи оттука на целиот овој простор можат да се видат најсветите места и други историски споменици интересни за секој дојденец.

А, според преданијата, пак, Исус Христос  посматрајќи го Ерусалим од Маслиновата Гора, рекол: „О, Ерусалиме, ти кој ги убиваш пророците, и ги каменуваш оние кои ти се испратени, колку пати сакав да ги соберам децата твои, како што ко­кош­ката ги собира, пилињата под крилјата свои…“

crkva-sv-magdalena
Црквата Св. Магдалена

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.