Среда, 03 Декември 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (24 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со јазикот

Во ова поглавие ќе изнесеме податоци за некои од современите пишувања на западни автори во врска со јазикот на античките Македонци. Исто така (заради компаративен преглед) ќе наведеме и неколку факти (сведоштва од антички извори) во врска со карактерот на овој јазик.

Во книгата на Бернард Рандел под наслов "Александар Македонски - Велики" (Њујорк, 2004), читаме една бесмислица во врска со јазикот на античките Македонци:

"Македонскиот јазик бил сроден со грчкот, но јужните соседи на Македонците не можеле да го разберат." (на наглиски: "The Macedonian language was related to Greek, but Macedonian southern neighbours, would not have understood it ").

И други автори пишуваат дека македонскиот јазик бил "сличен на грчкиот", што значи дека Македонците биле "Грци". За да ги негираме ваквите тврдења ќе ги повикаме на помош самите антички грчки и други автори, кои сосема јасно пишувале дека македонскиот јазик бил посебен јазик од грчкиот и дека Македонците не го разбирале грчкиот јазик и обратно. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древ¬ните историчари.

Античкиот грчки историчар Плутарх, опишувајќи една расправија помеѓу Александар Македонски и еден негов пријател, во својата биографија за Александар Македонски во 53-та глава, запишал дека Александар: "скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довикува своите штитоносци." (Плутарх: Александар Македонски, Скопје, 1994).

Дека античките Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф. (Квинтиј Куртиј Руф: Историја на Александар Македонски, во превод од латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година).

Позната е случката кога било судењето на Македонецот Филота, кој подготвувал заговор за убиство на Александар Македонски. Заговорот бил откриен и Филота бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.

Квинтиј Куртиј Руф, опишувајќи ја оваа случка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски,во која, тој обрнувајќи им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): "мајчиниот" и "нашиот јазик". Квинтиј Куртиј Руф дури пишува и дека Македонците и Грците тогаш комуницирале преку преведувачи.

Доказ за засебноста на македонскиот јазик има и во еден пронајден фрагмент од папирус, за кој се сметало дека претставува дел од изгубеното дело под наслов "Историја на наследниците" од древниот грчки историчар Аријан. Во овој папирус ( XII.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која е јасно потенцирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на Александар Македонски, по име Евмен (цитат): "...испратил напред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски (на англиски преведено како: "who was Macedonian in speech")... за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред Христа.

Доказ дека Македонците не зборувале грчки е и нарекувањето на Македонците како "барбари" од страна на Грците.

 Веќе спомнавме дека големиот атински говорник Демостен во своето дело "Филипики" за Филип Втори Македонски рекол дека е "барбарин".

Се поставува прашањето: зошто Демостен го нарекол Филипа "барбарин"? Што значел овој термин во антиката? Научниците се речиси едногласни кога тврдат дека терминот "барбарин" во антиката главно се однесувал за луѓе кои зборувале на неразбирлив јазик за Грците со доза на потценување кон нивната култура. Значи, сите народи кои не зборувале грчки, Грците ги нарекувале "барбари", додека помеѓу себе Грците си се нарекувале "ксенои".

Демостен не бил единствениот Грк, кој вака ги нарекол Македонците. И античкиот грчки историчар Исократ ги нарекол Македонците "барбари", а таков бил случајот и со Гркот Тразимах во 5 век пред Христа (D-r Synthia Syndor Slowikowski: "Sport and Culture in the Ancient Mace¬donian Society, The Pennsylvania State University, 1988, стр. 30). Во својот говор за Ларисјаните, Тразимах го нарекол македонскиот крал Архелај како "барбарин" во однос на Грците Ларисјани (Тукидид 2,8,1. Исократ 5.108 и Климент Александриски 6.2.17).

Авторката Ема Станфорд во својата книга "Античка Грција, живот, митови и уметност" (цит. дело), пишува:

"Грчкиот јазик бил основен за Грците за да можат себеси да се дефинираат како поинакви од барбарите, на чиј ба-ба-ба јазик им се потсмевале."

Во книгата "Античка Грција" (цит. дело) од авторот Шон Шехан на стр. 28 пишува дека терминот "барбари" бил употребуван во антиката од страна на грчките автори за означување на сите негрчки народи, т.е. за сите луѓе кои не зборувале грчки.

Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот пишуваат и многу подоцнежни и современи автори. Дури и во "Историјата на Грција", од авторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот ("History of Greece" by George Gerote, Vol.II, third edition, London, John Murray, Albemarle Street, дел 2, стр. 14 и 15).

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.