|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (25 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишувања во врска со јазикот Таткото на историјата Херодот, за населението во македонската област Крестонија пишува дека зборувало на јазик, кој бил неразбирлив за сите околни народи. Ова е уште еден доказ за разликите меѓу македонскиот и грчкиот јазик. Некои од современите западни автори и истражувачи на античко-македонската историја, како, на пример, Артур Вајгал, сосема коректно тврдат дека античко-македонскиот јазик бил толку различен од тогашниот грчки, што обичните антички Македонци не разбирале ниту еден единствен збор од грчкиот јазик (Artur Vajgal: Александар Македонски, во превод на македонски, Скопје,1992). Што се однесува до старогрчкиот јазик, во книгата на Натанаил Харис сепак коректно е презентиран фактот дека по доаѓањето на Грците на Балканот, тие примиле голем број зборови од јазикот на балканските староседелци. Овде читаме: "Речиси сигурно дека покорувањето и асимилирањето на негрчките жители, може да се потврди од присуството на бројни непознати и туѓи зборови во грчкиот јазик" (на англиски: "Almost certainly conquering and absorbing the non-Greek inhabitians, whose existence can be inferred from the presence of a number of unknown alien words in the Greek language"). Меѓутоа во продолжение на својата книга (стр. 100) Харис, пишувајќи за Библиотеката во Александрија, погрешно тврди дека книгите во оваа библиотека биле пишувани на "грчки јазик". Слично пишува и на стр. 101, каде читаме дека владетелот Птолемеј Втори (кој инаку бил Македонец по род) наредил да се регистираат настаните на "грчки јазик" од страна на неговиот висок свештеник Мането (на англиски: "Ptolemy II had ordered records made in (or translated in to) Greek, including the history of his own kingdom by the Egyptian high priest Manetho"). На истата страница во врска со заслугите на споменатиот Мането читаме: "Тој исто така дал придонес и во грчкиот превод на Стариот Завет, наречен Септуагинта, според седумдесет и двајцата учени, за кои се смета дека Птолемеј ги довел од Ерусалим и ги однел да работат на островот Фарос". (на англиски: " He also credited with arranging for the Greek translation of the Old Testament, called The Septuagent after the 72 scholars Ptolemy is supposed to have summoned from Jerusalem and set to work on island of Pharos").Познато е дека голем број книги (папируси) во тоа време биле пишувани на јазикот коине, а не на класичниот старогрчки јазик. Јазикот коине, пак, претставувал мешавина од разни јазици и тој бил прифатен како универзален јазик во империјата на Александар Македонски, а како таков продолжил да се развива и натаму. Дека јазикот коине не бил ист со старогрчкот јазик ќе се послужиме со истражувањата на Александар Донски, објавени во неговата книга "Исус Христос и Македонците" (Штип, 2002 год.). Овде се наведени сведоштва до добри познавачи на тој јазик. Меѓу другото читаме дека денес научниците сметаат дека јазикот коине всушност бил еден вид есперанто во тоа време. Како илустрација за ова спомнато е пишувањето на д-р Чарлс Френсис Потер, кој инсистира на фактот дека јазикот коине не бил никаков "чист" грчки јазик, туку дека бил еден вид есперанто - мешавина од повеќе тогашни јазици. Во врска со ова д-р Потер пишува: "...Коине (мешавина од различни јазици)... настанал како резултат на освојувањата на Александар Македонски на тогаш¬ниоот познат свет. Коине... бил заеднички или универзален јазик на тоа време, еден вид есперанто, што се употребувал во конверза¬цијата, во комерцијалата и во пишувањето со векови пред и по првиот век по Христа..." (Dr Charles Francis Poter: The Lost Years of Jesus Revealed; A Fawcett Gold Medal Book, Published by Ballantine Books, 1962, 1958, CBS Publications, r. 40). Уште подециден е српскиот црковен историчар Веселиновиќ, кој во врска со карактерот на јазикот коине, уште во 1908 година, запишал: "Јазикот коине треба да го разликуваме од стариот класичен грчки јазик. Тој бил создаден во времето на Александар Велики како заеднички јазик за сите народи во Македонското царство. Бил наречен и како: заеднички или Александриски дијалект, бидејќи глав¬но се развивал во Александрија. На тој јазик било преведено Светото Писмо во времето на Птолемеј Филаделф..." (С. М. Веселиновиќ: Лекције из Светог Писма - Законске књиге Старог Завета, Београд, Нова штампарија Давидовиќ, Дечанска 14, 1908 год. стр. 17-18). П р о д о л ж у в а
|