Среда, 10 Декември 2014   
Од патувањата по светот – Израел (6)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ПО ПАТЕКИТЕ НА ИСУС ХРИСТОС

Според библиските преда­нија во Ерусалим во текот на вековите доаѓало до судири меѓу разни вероисповеди за поседување на правото на светите места. Во црквата на Светиот гроб, местото каде што Христос е погребан и вос­крес­­нал, најсветото место за христијаните, во текот на овие расправии, свештениците се тепале, па дури и се убивале едни со други. 

Се смета дека Крим­ска­та војна барем делумно била предизвикана од рас­правиите меѓу европските сили кои поддржу­ва­ле разни цркви и настојувале да докажат дека имаат право над светите места. И денес, многу земји овде градат цркви во својство на амбасади, обидувајќи се на тој начин да го обележат своето присуство на Све­тата земја. Стратегиското значење на оваа зем­ја повторно се буди. Израел повторно стои на гра­ницата меѓу Европа, Азија и Африка. Спро­тив­ста­вувањето на интересите на разни цркви кои постојат  во Светата земја и денес е очи­гледно.

Така, за да се влезе по покус пат во црквата на Светиот гроб, треба да се минат капиите на Коп­тската и на Сириската црква. Но, грчките свеш­теници не се во добри односи со коптските и за да дојдат во црквата и да вршат богослужба, мора да ја минат целата чаршија од Стариот град, при што се разминуваат со трговците и со многубројните туристи.

 При нашата посетана Јерусалим доз­навме дека уште од времето на осман­лис­киот период, со генерации, клучот од црквата на Све­тиот гроб се наоѓа во сопственост на едно мус­ли­манско семејство кое секое ут­ро ја отвора глав­ната врата и на тој начин „е најден ком­промис“ да се избегнат расправиите меѓу хрис­тијанските ис­поведи околу тоа кој би требало да се гри­жи за клу­чот, а со тоа и за Црквата. Затоа со пра­­во се вели дека, како и речиси сѐ друго во овој дре­вен Свет град, и самата историја на Ерусалим е проткаена со неизвесности и спротив­ности.

Во текот на престојот во Ерусалим ја посетивме и Гатсеманската градина. Во неа се зачувани седум маслинови дрвја стари околу 2.000 години. А тука, во прекрасната базилика, се наоѓаат и остатоците од не­ко­гаш­­ната карпа каде што се пресувале маслинките. Таа уште се вика и Базилика на агонијата, зашто според библиските преданија од Новиот завет, Исус често доаѓал да се моли на карпата, а тука ги до­жи­веал и најтешките мигови во неговиот живот, кога по­чувствувал дека ќе биде жртвуван. Според би­блис­ките преданија, со Исус таа вечер биле не­го­вите ученици Јакоб, Петар и Јован кои требало да би­дат будни и да се молат за него. И додека Исус ја из­говарал молбата „Боже, ако не можеш да го отфрлиш ова од мене и ако мора да бидам жртвуван, то­гаш јас сум подготвен да го прифатам тоа“, не­го­ви­те ученици трипати заспивале и трипати тој ги будел.

isus-hristos
Исус Христос

Домаќините ни раскажуваа дека сегашната базилика е изѕидана во 1919 година и во нејзината изградба се вклучиле 12 нации од исто толку земји, поради што таа денес се нарекува и „Црква за сите народи“. Таа е изградена без прозорци, со што уште при првата посета се забележува мрачната атмос­фера со која се доловуваат најтешките часови на Исус. Не се зборува додека се стои до олтарот, зад кој се видливи остатоците од некогашната карпа. Тука е и Црквата на солзата – Dominus Flevit. Таа, всушност, претставува превртена солза, зашто спо­ред преданијата тука Исус ја проронил првата солза за тагата по Ерусалим, за кој претчувствувал дека ќе биде разурнат по неговото жртвување и вос­крес­ну­вање.

И покрај сите историски искушенија, во Еру­са­лим се слушаат и еврејски и христијански и мус­лимански проповеди. Има, навистина, и прок­летства. Меѓутоа, исконската човечка желба за мир секогаш мора да смета на суровата реалност. Сите светски проблеми, недоразбирања и историски (не)правди се преплетуваат во ерусалимскиот микрокосмос. Затоа, Ерусалим е град над градовите. Па не еднаш ќе чуете дека сѐ додека тој постои, со сите свои псалми и прок­лет­с­тва, ќе постои и оваа наша цивилизација; несоврше­на, можеби и болна, но единствена што ја имаме.

Оние кои суштествувале под сонцето на Све­тиот град кажувале дека животот во Ерусалим е тежок. Можеби смртта е лесна. Затоа илјадници лу­ѓе доаѓаат во Ерусалим со една единствена желба - да умрат во него.

При нашата посета на Израел тргнавме по патеките на Исус Христос. Така, меѓу другото го посетивме јужниот дел на котлината низ ко­ја тече реката Јордан. Тоа е значаен историски простор за трите религии. Имено, најголемата оаза во Ју­деј­ската Пустина е Ерихон. Денес, тој град е под па­лестинска автономија, во јужната Јорданска до­ли­на, на крстопатот кон Ерусалим и Бет Шеан на ис­точната страна на Јордан. На арапски овој град се на­рекува Ериха.

Иако се наоѓа длабоко во пус­ти­ната, сепак, Ерихон ги има најбогатите извори со вода, што овозможија оваа населба да се претвори во една од најпродуктивните во производството на земјоделски производи. Тука се произведуваат сите видови овошје, а растат и најубавите цвеќиња.

За туристите и за дру­гите посетители Ерихон е привлечен заради богатата историја. Тоа е прв град освоен од Џошуа, што е опфатен во територијата на племето Бенј(џ)а­мин. Локацијата на тогашниот антички град била на северозападниот дел на сегашниот северен Ерихон. Затоа, ова место е едно од најголемите пре­диз­вици за археолозите, зашто со ископините се откриени остатоци од повеќе периоди. Откриени се и изворите на Елиша, а западно од градот се Херодовите западни палати од периодот на Макабите. Има остатоци од синагоги изгра­дени во шестиот век со мозаичен под. Во не­по­средна близина на Ерихон, пак, протекува и реката Јордан, која подолу се влева во Мртвото Море.

Тука, на реката Јордан до градот Ерихон, според библиските преданија, е местото каде што Јован Крстител го крстил Исуса Христа. Но, тоа место сѐ уште не е отворено за крштевање на хрис­тијаните кои доаѓаат овде. Тие се крстат, според оби­чајот од библискиот период, во реката Јордан, на местото во непосредна близина на Галилејското Езеро.

crkvata-na-site-nacii
Црквата на сите нации

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.