Среда, 31 Декември 2014   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – АФИРМАТОР НА МАКЕДОНИЈА

slave-katin-3
СЛАВЕ КАТИН

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИ ВО СВЕТОТ

Светозар-Светле  (Стив) Стамевски од селото Одри, Тетовско е истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Тој е македонски бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген и црковното живеење на Македонците во Детроит, како  и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД 

Повеќегодишен ангажман на авторот на овие редови е проучувањето на македонската миграција и Македонците во светот, што доведе до објавување на бројни дела во оваа област, особено за успешните Македонци во дијаспората. Нивниот број не е мал и нив ги има во сите прекуокеански земји, како и во земјите во Европската унија. 

Пример за  Македонците кои постигнале успех во полето на бизнисот и човек кој ја афирмира Македонија, секако, е Светозар–Светле (Стив) Стамевски од селото Одри, Тетовско. Тој е македонски емигрант во државата Мичиген, САД, истакнат бизнисмен во Детроит, добро познат и признаен донатор, хуманист, и лојален патриот на Македонија и САД. Неговото семејство ја искусило секоја фаза на македонското распетие, во настаните типични за долгата борба на македонскиот опстанок, не само во старата татковина, Македонија, туку и во новата средина, САД. Тоа е семејство за почитување и треба да послужи како пример за другите Македонци  во двете татковини, бидејќи успехот на работата на Стамевски е прекрасен пример и инспирација на едно честито и благородно  семејство.             

bus-stamevski
Претседателот Буш и Стамевски

Светле (Стив) Стамевски е горд на својата стара татковина, Македонија, а ја почитува и дава значаен придонес и во новата татковина, САД. Тој е човекот кој  дава свој прилог за афирмирање на Македонија, која треба  успешно да чекори кон демократските реформи во рамките на европските и светските интеграциски процеси. Стамевски еистакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на поранешниот претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Тој е активист во политичкиот живот на Мичиген, повеќе- годишен претседател на Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД.  

prvce

Инаку, Светле Стамевски е роден во селото Одри, Тетовско. Тоа е село вгнездено во полошката питомина, кое повеќе од седум века, живее, се гради, се развива и тагува, се шири и се иселува. Одри е едно од најраскошните села во Тетовско, во чии  атари се наоѓаат корените и потеклото на големото македонско семејство Стамевски. Тој доаѓа во селото во убавата и богата куќа. На дедовските корени од дедо му Крсте и татко му Тврдомир. За жал, бројот на Македонците во селото Одри постојано се намалува, додека албанската популација рапидно се зголемува, исто како во селата Теарце, Пирок, Камењане и други.

Интересно е да се спомене дека во средината на XV век (1545 година) во ова село живеело само македонско население и, за разлика од денес, тогаш тоа било чисто македонско село. Денес во селото живеат повеќе од 1.600 жители од кои само стотина се Македонци. Во селото Одри опстојува на времето и настаните црквата „Свети  Димитрија“ која била изградена во XIV век.

Светле Стамевски потекнува од печалбарско семејство. Неговиот дедо заминал за Америка во далечната 1919 година, а Светле тргнал по неговиот пат и го вкусил печалбарскиот леб во 1971 година, кога и се преселил кај своите родители во Детроит. Таму, неговиот татко Тврдомир ја поставил основата на бизнисот, во кој вложол многу труд, време, памет и средства. Тогаш го купиле ресторанот, кој е место за средби и разделби, а потоа Светле започнал да купува недвижен имот, кој им обезбедил напредок во бизнисот. Така, денес семејството на Светле Стамевски е сопственик на пет големи трговски центри во различни места во Мичиген и Охајо. Тие се сопственици на шеесетина дуќански простории и друг имот. Неговиот луксузен дом претставува привлечно и богато катче за живеење.

Светле станува личен пријател на семејството на Лора и Џорџ Буш. Многу пати, заедно со својата сопруга Светлана ги посетил на нивниот приватен имот во Тексас, каде минале незаборавни денови во долги разговори за најразлични теми, особено за Македонија. Но, за Светле ќе остане незаборавен митингот во Охајо, после кој САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

Светозар Стамевски е немирен дух кога станува збор за афирмација на националните достоинства, и кога станува збор за името македонско, на црквата македонска, на својот народ и на своите две татковини – македонската во која се роди и американската каде со своето семејство век векува.

Тој е дел од сиот тој колаж на себеорганизирање на Македонците во најголемата македонска колонија во САД, во најголемиот светски центар на автомобилската индустрија, а тоа е Детроит. Среќен е што повеќе млади Македонци способни генерации родени и образовани во САД, навлегуваат во сите сфери на животот, во индустријата, економијата, науката, универзитетите и друго.

stamevski2
Црковната управа на МПЦ „Св. Богородица“ и претседателот Стамевски

Уште од првите денови на неговото доаѓање во Америка, Светле доаѓа во духовните светилишта. Со гордост зборува за најголемиот и најубавиот високоиздигнат македонски храм во Детроит, македонската црковна општина „Раѓање на Пресвета Богородица“. Тој е активен уште од 1974 година кога се формира Иницијативниот одбор на оваа значајна Македонска православна црква. Потоа, кога се одбележуваше 75 години од Илинденското востание, кога митрополитот Кирил го изврши осветувањето на местото, и кога во 1980 година го изврши осветувањето на стариот објект, како и за новиот, денешен објект кој е осветен во 2000 година..

Црквата „Света Богородица“ е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци, особено од тетовскиот крај, кои живеат во метрополата Детроит и пошироко. Таа е организатор на бројни активности, меѓу кои и на црковно-народни собири.

Светле Стамевски повеќе пати бил во управата на црквата, бил кум и два мандата бил претседател. Во исто време, тој бил во повеќе делегации кои ја посетиле Република Македонија и се сретнал со бројни личности од државниот врв на Република Македонија, со дипломати и црковни достојници. Меѓу другото, бил на повеќе средби во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок, особено по неговото вандалско разрушување. Го помогнал реновирањето на манастирот, како и изградбата на манастирскиот комплекс на Попова Шапка „Свети Наум Охридски“.

За негова тага го посетил неговото родно село Одри кога криминално-терористичките банди му ја ограбија куќата во селото и му ги украдоа неговите три автомобили. Тогаш беше и член на делегацијата на тетовци од Детроит кои ја посетија Република Македонија и тетовскиот крај.

stamevski3

Сето горенаведено е пренесено и илустрирано во монографијата на Светле (Стив) Стамевски која е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид. За оваа монографијата се одржа голема промоција во Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит на 24 септември 2007 година, на која беше речено дека таа  претставува исцрпен осврт за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар-Светле Стамевски. Книгата, во исто време, е огледало за семејството Стамевски, како и за личноста на македонскиот бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген, претседател на Македонската православна црква „Света Богородица" во Детроит и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД, се наведува во соопштението од МПЦ во Детроит. Таа е значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и сегашноста на Македонија и македонскиот народ, со посебен акцент на Македонците во Детроит, кои се мостот на зближување на Македонија со САД. 

------------

 Делови од материјалот се објавени во монографијата за Светле Стамевски од Славе Николовски–Катин во издание на „Македонска искра“ од Скопје, 2005, 1-222. (на македонски и англиски јазик).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.