Среда, 07 Јануари 2015   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (29 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Продолжуваме со книгата од Џовани Касели  под наслов "Истражувањата во Кносос" (цит. дело, 1999 година). Во оваа книга авторот исто така коректно пишува дека Критската култура не била грчка и дека имала влијание врз грчката култура. Тој го споменува Критското писмо.

Во книгата "Времето на боговите цареви 3000 - 1500 година пред Христос" (цит. дело) читаме осврт во врска со сумерската литература. На стр. 19 читаме:

"Гилгамеш и другите сумерски приказни подоцна се среќаваат во Библијата и во литературата на класична Грција" (на англиски: "Gilgamesh and other Sumerian tales were found later in the Bible and in the literature of Classical Greece")

 Овде гледаме дека исто така е употребен терминот "класична Грција", иако таква држава никогаш не постоела во историјата.

Повеќе контрадикторности во врска со  античките Македонци се застапени во книгата на Улрих Вилкен, под наслов "Александар Македонски".  Оваа книга првпат е објавена во 1931 година во Германија, а во превод на македонски е објавена во 1988 година. Во книгата авторот прави добар преглед на историјата на античка Македонија, но од аспект на етно-културното детеминирање на античките Македонци, се забеле­жуваат низа контрадикторности и конфузија. Имено, од дел од содржината на оваа книга, се добива впечаток дека овој автор смета дека античките Македонци биле "Хелени". Но, во други делови од книгата, тој ја потенцира нивната засебност како народ. Поизразените прогрчки ставови, Вилкен ги дава на следните страници:

 На стр. 286 читаме: "Интелектуалниот живот на дворот на Александар... беше наполно грчки"

На истата страница во продолжение читаме:

"Љубовта  на Александар кон грчката литература докрај остана непроменета. Тој започна со Хомер, а подоцна бараше на далечниот Исток да му испратат други дела од литературата, класична и современа".

Вилкен не е единствениот автор кој делото на Хомер го смета како "грчка литература". Меѓутоа, за Хомер (доколку и навистина постоел како единствен автор, за што постојат различни мислења) се знае дека потекнувал од Мала Азија и немал никаква врска со Грците, ниту пак во негово време (8 век пред Христос) постоела некаква "грчка литература".

 Вилкен и на други места спомнува грчки детер­минирања за Македонците. Пишувајќи за преводот на Стариот Завет (за што претходно пишувавме), Вилкен, на стр. 337, пишува:

"Така се појави Септугинта, грчки превод на Стариот Завет во третиот и вториот век, но и елинистичката еврејска литература."

Овде пак ќе спомнеме дека Стариот Завет бил преведен на јазикот коине (кој бил наметнат од Александар Македонски во териториите што ги освоил и кој јазик бил мешавина од повеќе јазици), а не на античкиот класичен грчки јазик, додека несоодветниот термин "елинистичка еврејска литература"треба да гласи:"еврејска литература на јазикот коине".

 Вилкен неточно го споменува јазикот коине како "грчки јазик" и кога пишува за неговото распространување и времетраење во Египет (кој тогаш бил под власта на македонската династија на Птолемеите, која била востановена од генералот и полубрат на Александар Македонски, по име Птолемеј Лагов). Во врска со ова, на стр. 349, читаме:

 "И во Египет домородниот јазик на крајот победи во споредба со грчкиот."

Цитирајќи го постариот германски автор Драјзен (кој исто така бил прогрчки настроен), Вилкен заклучува дека Филип Втори бил "најголемиот обединител на Грција", додека неговиот син Алексан­дар бил "посредник во ширењето на грчката цивилизација"

Овде е направен груб фалсификат врз исто­риската вистина. Познато е дека Филип Втори војувал со Грците, а не дека тие се согласиле на "доброволно обединување". Практично, тој ги поробил или ги ставил под своја контрола сите тогашни грчки градови-држави. Но, не може да се каже дека ги "обединил". Тоа е исто како кога некој би рекол дека Хитлер во 1941 година "обединил" голем дел од Европа. Практично во најголемата битка помеѓу Македонците и Грците што се случила кај местото Херонеја, македонската војска им нанела тежок пораз на Грците и во таа битка загинале повеќе Грци отколку во која било друга битка пред тоа што тие ја воделе.

И во воведниот дел Вилкен пишува дека Александар ја ширел "грчката цивилизација широко во светот" и дека тоа било негова најголема заслуга. Се разбира дека оваа констатација не одговара на вистината.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.