Среда, 07 Јануари 2015   
Од патувањата по светот – Индија (3)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО КАЛКУТА

Речиси сите видови уметнички занаети биле во застој за време на долгите години на англиското колонијално владеење. По добивањето на независност, големо внимание почна да се посветува на об­но­вувањето на занаетите и на нивниот натамошен раз­вој. Во сите делови на Индија се создадени произ­вод­­ствени корпора-ции на занаетчии, а се отворени специјализирани продав­ници за уметнички и занаетчиски производи. Во со­вре­мена Индија занаетите зазедоа едно од врвните места во националната култура на земјата.

Во туристичко-историска понуда стои де­ка пробивот на освојувачите во Индија доведува до обе­­динување на делови на северот од земјата во моќното Царство Магатха, едно од најзастапените во стариот период на Индија, кое егзистирало повеќе ве­кови. Меѓутоа, во текот на времето навлегува хин­ду религијата, будизмот, потоа исламот и хрис­ти­јан­ството и во еден подолг период се градат големи хра­­мови и други споменици кои зборуваат за ис­то­рис­­киот развој на оваа земја. Подоцна Индија ста­нува колонија на Велика Британија. Британците ја изградиле првата железничка пруга и поврзале многу значајни историски и економски простори на бо­гатата Индија. Тие го наметнале англискиот јазик во земјата на Индусите кои зборувале десетици ди­ја­лекти и тешко можеле да се разберат меѓу себе, за потоа англискиот да стане службен јазик. Сè до 1920 година кога Махатма Ганди го пре­зема водството на Конгресот, а потоа Нехру ја по­дига националната свест, за во 1942 година да се ос­лободат од британската управа и во 1947 година да добијат целосна независност.

При посетата на Калкута од страна на делегацијата на Република Македонија присуствуваа: министерот Владо Наумовски, градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, авторот на овие редови како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници и Јасминка  Миронски, уредник во весникот „Нова Македонија“. Кога стасавме  во градот беше запурно и тешко се дишеше. Уште со доаѓањето на аеродромот ја почуствувавме климатската непријатност. За време на посетата на Калкута ни беше ре­чено дека никој точно не знае колку жители има гра­­дот, зашто стотина илјади немаат дру­­го живеалиште освен мало местенце на улиците, па не е можно да се опфатат во статистиката. Велат де­­ка „голема Калкута“, со индустрискиот појас и пре­д­­­градијата, има повеќе од десет милиони жи­тели.

kalkuta
Богатството во Калкута

Калкута е пристаниште низ кое поминуваат повеќе од 15 милиони тони стока годишно и е од­далечена од морето стотина километри. Таа се про­тега на голема површина па тешко е да се каже дали от­секогаш е голема или мала во лавиринтот на неј­зи­ните фабрички оџаци, старите бунгалови и новите по­веќекатници, пространите авении и тесните со­качиња. Таа е огромен град изграден на најнепо­год­на подлога од солени мочуришта. Оваа џиновска населба е многу млада; од пред три века Калкута била ано­нимно рибарско селце на еден ракав на Ганг во споредба со некои други градови во Индија.

„Вистинска Калкута“ се калкутските улици. Тесни, меѓу ниските, речиси импровизирани згради, покриени со лим или ќерамиди. Тоа е простор со ќепенци на кои стои трговец меѓу полиците пренатрупани со тегли и канти од кои испаруваат топли ја­дења со силен мирис. Овде се туркаат луѓето, чес­то голи до појас и со испотени лица. На тие и такви ули­­ци тропаат милиони велосипеди, се влечат рикши во традиционален кас, а меѓу нив, пак, се пробиваат ав­­тобуси. Редици канти и ќупови чекаат покрај железните пумпи за вода која тече многу бавно. Таква е Северна Калкута, таква е и Јужна Калкута, градот на најголем број сиромаси и бездомници.

Во Кaлкута бевме кога монсунските дож­дови беа многу интензивни. Излегувавме неколку пати од хотелот со цел да се запознаеме со интересни споменици на културата и воопшто со животот во тој милионски град, каде е тешко да се одреди бројот на жителите. Улиците беа пре­полни со пешаци и беше многу тешко ав­то­мо­би­лот да се пробие низ толпата луѓе. Секој се­кому му свиреше, секој возач се лутеше еден на друг, но како да имаа непишано правило да не се судрат или фи­зич­ки да се пресметуваат.

Повод за нашата посета на Индија и престојот во Калкута беше смртта на најхуманата личност на минатиот век - скопјанката Мајка Тереза, или како што е неј­зиното родено име Агнеса Гонџа Бојаџиу. По стапнувањето на почвата на Калкута веднаш стекнавме чувство на блискост со Мајка Тереза, со која во една прилика се сретнавме во Скопје. Тогаш се запознавме со мисионерката која од Скопје со себе ја понесе идејата дека љубовта треба секому да му се дарува а тагата со секого да се споделува.

Инаку, за Мајка Тереза е запишано дека таа стана добитник на бројни признанија и награди за ис­клу­чително хумано ангажирање во згрижување на нај­сиромашните од сиромашните, поради што ја доби и Нобеловата награда за мир. Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на мило­ср­дието што таа ја основа во Калкута. Крајот на жи­вотниот пат на еден од најголемите алтруисти на сто­летието ги трогна сите, но, секако, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините ак­тив­ности - гладните, бездомниците и болните.

kalkuta2
Секојдневие во Калкута

Продолжува

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.