Среда, 14 Јануари 2015   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (30 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Што се однесува до "грчката култура" што ја ширел Александар, само ќе кажеме дека тој ширел сегменти и од македонската, тракиската и другите балкански култури. Освен тоа, веќе наведовме податоци од кои јасно се гледа дека многу значајни сегменти од таа "грчка култура" Грците ги превзеле од постарите балкански народи и пошироко.

Но, истиот тој автор Улрих Вилкен, во истата своја книга, нуди и сосема поинакви податоци за Македонците, кои повеќе или помалку одговараат на историската вистина.

 Пишувајќи за односот на македонскиот крал Александар Први кон Грците (Хелени), Вилкен со право пишува дека нему не му било дозволено да учествува на грчкките олимписки игри затоа што бил сметан за "варварин" (човек од не-грчко потекло). Во врска со ова Вилкен пишува: "Александар Први Македонски чувствуваше симпатии кон Грците и сакаше да учествува на Олимписките игри, на кои само Хелените имаа пристап,но прво беше одбиен како варварин, па мораше да го докажува педигрето на својот дом, Аргеада, на Тераклид Темен од Аргос, по што беше примен како натпреварувач. Оттогаш кралевите на Македонија имаа третман на Хелени, но, како  и порано, така и потоа, нивниот народ беше сметан како варварски".

 Во врска со етничките разлики помеѓу античките Македонци и Грците, Улрих Вилкен, сосема јасно запишал: "Македонците беа наполно здрав народ. Тие не беа тренирани како грчките атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа и многу лоши навики, останати од дамнешните времиња, како што беше неумереното пиење, со што, во очите на Грците беа вистински варвари. Меѓутоа, антагонизмот беше реципрочен, бидејќи Македонците беа израснати во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Хелените".

Подоцна,  по смртта на Александар Македонски, Грците биле едни од пр¬вите народи што се кренале на востание против македонската окупација на нивната земја. На стр. 295 од својата книга Вилкен пишува: "По веста за смртта на Александар, во Грција избувнаа нереди, кои сосема ја избришаа Коринстката лига. Под водство на Демостен, кој со големи почести беше примен назад, Атина се крена и ги повика Грците да се борат за слобода против Македонија". 

Вилкен пишува и за силно развиеното чувство на етничка македонска припадност. Во врска со ова на  стр. 203, читаме:

"Александар успеа да ја задржи во свои раце војската, офицерите и другите. Во нападот или во битката тој беше постојано ист - тој беше крал на македонската нација".

Ваква контрадикторност во однос на толкувањето на историските настани, од еден ист автор и во една иста книга, постои и на други места. Кај овие автори практично не дошло до кристализирање на вистинските историски состојби. Од една страна тие биле под влијание на грчката пропаганда и грцизмот, но од друга страна, силата на аргументите им налагала да произнесат и поинакви гледишта.

Не треба да се запостави ни фактот што во 19 век посебно бил развиен грцизмот во Европа. Тогаш била создадена грчката држава како христијански пандан на Отоманската империја и затоа речиси цела Европа ја поддржувала оваа мала грчка држава. Тогаш почнуваат да се пишуваат книги во кои се глорифицирала грчката историја. Драстичен пример за ваквите автори е прускиот автор Драјзен. Меѓутоа, Вилкен (како автор од првата половина на 20 век), иако очигледно бил под влијание на овие, во тоа време, "општо прифатени" ставови, се обидел да понуди и поинакви аргументи.

За Вилкен можеби треба да се покаже разбирање и затоа што тој пишувал во време кога се уште низа значајни пронајдоци од македонската историја не биле познати.

Но, да се вратиме на културата.

Постојат изразени разлики и во уметноста помеѓу Македонците и останатите антички соседи.

Овде накратко ќе се задржиме на разликите во архитектурата. Така, на пример, Еуген Борза (цит. дело) пишува дека една од главните карактеристики на македонската уметност било созда¬вањето илузија. Овде читаме:

"Архитектурата на фасадата не е структурна (како кај Грците), туку таа е стриктно орнаментирана. Главниот архитектонски принцип е креирањето на илузија".

 И понатаму:

"Не само што Македонците ги развија 'илузорните фасади', туку тие исто така достигнаа висок дострел во полихроматското сликање, а го достигнаа и врвот во архитектонските карактерис-тики, покривајќи ги  ѕидовите и таваните со различни дизајни. Во сликарството исто така е застапен принципот на создавање илузија, а бројните декоративни архитектонски карактеристики, кои биле работени во калап во релјефите на грчките објекти, во македонските гробници биле работени директно врз гипсениот малтер".

Помеѓу античките Македонци и Грци постоеле разлики и во фолклорот. Забележани се описи на две македонски народни игри. Едната се викала Телесија, и таа била вид на воен танц. Другата игра се викала Карпеа и во неа со мимики, во ритамот на шупелката, се прикажувало крадењето на волови.

П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.