Иселеници и Регион
Среда, 10 Јуни 2015 03:02   
Враченa картатa за Македонија

vracena-karta-za-makedonija-180Во неделата,  Претседателката на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , Жаклина Михајлова, на брановите на Радио Програмата “Глас од Македонија“свечено ја  врачи наградата – Карта за патување до Македонија , на Катерина Марковска, која патем речено на матурските испити во НЈВ доби најголем број поени по македонски јазик и излезе прва во државата.

Повеќе...
 
Среда, 10 Јуни 2015 03:01   
Прогласување воена неутралнност на Република Македонија, спас за сите македонци и суверенитетот

janko-tomov-180Со прогласувањето на ВОЕНО НЕУТРАЛНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,ќ е престанат сите притисоци, закани и тешкотии, од било каде да доаѓаат, за опстанокот на македонскиот  национален и суверен идентитет. Ќе се спречи губење на  драгоцено време на актуелната влада и нејзините институции, во опозиционирање-спротивставување на лукавите напади и покушаи за дестабилизација на Македонија, од странство и од својата внатрешност и сл., а ќе се стабилизира многу побрзо, од што беше досега, во изминалите 20-тина години. Побрзо, од многу Европски и Балкански држави, Македонија ќе створи прогрес-просперитет,  во сите полиња на современиот привреден, економски,  политички и  одбрамбен живот. Со тоа ке се спречат и трошковите за патувања на поединци и делегации, од владините институции, за непотребни учества и присаства на разни договори и лукави провокации од лидерите и институциите на ЕУ, а исто така и губењето на драгоцено време за дочетоците и приемите, на голем број поединци и групи од ЕУ и НАТО во Собрнието, владата, претседателството и нивните институции.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јуни 2015 02:35   
Друштва и асоцијации на македонците во државите Мичиген, Илиноис и Пенсилванија (1903-1943)

michigen-180Македонците во новите средини во САД започнале организиран живот уште со нивното доаѓање. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ на авторот на овие редови, во периодот од 1903 до 1943 година  во државите Мичиген, Илиноис и Пенсилванија биле формирани поголем број друштва и асоцијации на Македонците, од етничка Македонија,  особено од егејскиот дел на Македонија на тие американски простори, меѓу кои:

Повеќе...
 
Среда, 03 Јуни 2015 02:29   
Лопатица - комитското упориште

lopatica-180На три километри источно од селото Подмол, на северната страна во подножјето на врвот Бобишта на Селечка лежи селото Лопатица. Опколено со дабова и лескова шума, низ него течат рекички со чиста планинска вода кои му даваат живот на селото. Полето е богато со разновидни крушкови корени. Лопатичкото поле дава убава пченица и квалитетен тутун. А во планинските ниви, голем е приносот на лопатичкиот овез. Некогаш, од местото Еленик - мојнско преку лопатичко, бонечко, писокалско до над селото Штавица, покрај дабова, имало и букова шума.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јуни 2015 02:27   
Признание од Владата на Нов Јужен Велс за Душан Ристевски

Priznanie-za-Dushan-Ristevski-180Премиерот на Нов Јужен Велс , Hon. Michael Baird, за време Денот на Австралија во јануари оваа година на нашиот познат општественик, поет и драматург Душан Ристевски, му додели државно признание (Community Service Award) за неговиот неизмерен  допринос во австралјанската заедница. Од името на Премиерот, плакетата му ја предаде членот во парламентот од Рогдаел Госп. John Flowers, кој на Душан наискрено му се заблагодари од владата на Нов Јужен Велс за неговото долгодишно работење во мултикултурна Австралија.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јуни 2015 01:48   
Дела на Славе Катин промовирани на Илинден

slave-katin-ilinden-1-180Љубојно е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер, многумина заминале и се задомиле во многу земји од светот, но тие  доаѓаат во родно место,особено за Илинден. Затоа и останала поговорката „Ојш кај ќе ојш, во Љубојно за Илинден дома да си дојш“.

Повеќе...
 
Среда, 27 Мај 2015 03:03   
Друштва и асоцијации на македонците во државите Њујорк, Охајо и Индијана (1903-1943)

newyork-180Во периодот меѓу двете светски војни најголема активност во САД и Канада покажале ор­ганизациите МПО, МАНС и МКНС. Така, според пишаните документи во книгата „Македонците во САД и во Канада“ од авторт на овие редови, се вели дека во нивните ограноци членувале, главно, Маке­дон­ци од егејскиот и од вардарскиот дел на Македонија. Особено организаци­ја­та МПО била присутна со свои ограноци во сите средини каде живееле ма­кедонските доселеници. Така, организациите и асоцијациите на македонски­те доселеници од нивното доаѓање до Втората светска војна, поединечно во секоја држава се следните:

Повеќе...
 
Среда, 27 Мај 2015 03:01   
Одржан саем на книгата во Мелбурн

saem-na-knigata-2-180Во чест на 24 – мај, Денот на македонските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј Австралиско Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци“од Мелбурн одржа Саем на книгата во просториите на библиотеката во Thomastown.

Повеќе...
 
Среда, 27 Мај 2015 03:00   
Одржана промоција на „Битисување“ и „Крикови“ од Славко Крстевски

promocija-melburn-3-180Во организација на Социјалните културни здруженија на Демир Хисар и С. Слепче од Мелбурн, денес 15 мај, 2015 година во просториите на Sheldon Receptions, се одржа промоција на две значајни дела од писателот Славко Крстевски од С. Слепче, Македонија. Книгата, роман-мемоар  “Битисување“ и стихозбирката “Крикови“ се уште два бисера во македонската книжевност, книги кои претставуваат трајно сведоштво за важни моменти, настани, емоции, страдања, воздигнувања.

Повеќе...
 
Среда, 27 Мај 2015 00:12   
Македонското иселеништво во западната хемисфера, помогна за падот на европскиот комунизам

Македонското иселеништво во западната хемисфера, помогна за падот на европскиот комунизам

Janko Tomov 1Пишува: Јанко ТОМОВ, Мај 2015

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.