Историја

Српски конзул во Битола за Македонскиот јазик во 1892 година

Српскиот конзул во Битола, Димитрије Боди, во извештај до министерот за надворешни работи на Србија, Владан Ѓорѓевиќ, во 1892 година запишал значајно сведоштво за употребата и афирмацијата на македонскиот јазик во образованието.

Во својот извештај тој наведува:

„…Она што се случува во овој град, господине министре, според моето скромно мислење може да предизвика далекусежни последици за нашата работа во тој крај, каде што и досега имавме сосема мал успех. За нас сега е важно да се истиснат туѓите пропаганди, а подоцна ќе биде лесно.

Доволно е да најдеме еден свештеник и неколку луѓе, и работата е завршена.

Дознав од моите луѓе дека тамошната општина на својата седница од 22 август оваа година донела одлука за новата учебна 1892/1893 година наставата да се одржува на македонски дијалект. Дури и на градските учители им била дадена задача да изработат програма за јазична настава и да подготват привремена граматика на македонскиот дијалект.

Доколку наставата во градското училиште се покаже успешна, тогаш на полугодието да се прошири и во соседните села: Маврово, Личишта, Тихолишта и Шестово.

Една комисија составена од тројца учители е задолжена да ја започне работата, и таа веќе заседава во Економскиот интернат…“

Ова сведоштво претставува значаен историски документ кој покажува дека уште кон крајот на XIX век постоеле иницијативи за организирање на наставата на македонски јазик, како и обиди за подготовка на наставни програми и граматички правила за македонскиот говор.

Извор: Извештај на Димитрије Боди до министерот за надворешни работи Владан Ѓорѓевиќ, 26 април 1892 година.

 

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top