Коментари

Македонците нема за што и на кого да се извинуваат што постоиме како држава!

Macedon Webmaster

Macedon Webmaster

Треба да се извинат тие што цело време се трудат да „докажуваат“, како и сите оние што со Букурешкиот договор ја делеа Македонија

Македонија предолго плаќаше цена за туѓи уцени, домашни импровизации и политички авантуризам. Предолго државата беше третирана како експеримент, како привремена творба без историја, без народ, без идентитет и без право сама да одлучува за својата иднина.

Тоа време мора конечно да заврши.

Заврши времето кога во име на „европската иднина“ се потпишуваа обврски без јасна стратегија, без гаранции и без предвидлив краен исход. Заврши времето кога Македонија се туркаше да прифаќа услови на бланко-лист, а народот потоа требаше да биде убедуван дека секое понижување е „историски успех“.

Не е историски успех ако државата постојано попушта, а за возврат добива нови услови. Не е европска политика ако секој чекор кон Брисел значи нова уцена за македонскиот идентитет, јазик, историја и достоинство. Не е државништво ако политичарите се гордеат со потписи, а народот живее со последиците.

СДС и претходно, а и денес, покажува дека суштински ништо не научил. Нивната политика останува иста: прифати сè, потпиши сè, отстапи сè, па потоа прогласи го тоа за мудрост. Но, тоа не е мудрост. Тоа е капитулација завиткана во европска реторика.

Со години Македонија беше убедувана дека „само уште ова“ е последното барање. Само уште еден потпис. Само уште една отстапка. Само уште едно понижување. И секогаш по тоа „последно“ барање доаѓаше ново.

Македонија даваше, а за возврат добиваше услови. Македонија попушташе, а за возврат добиваше блокади. Македонија се откажуваше од делови од сопственото достоинство, а за возврат добиваше магла и празни ветувања.

Доста беше.

Токму затоа не е случајно што довербата во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски е толку висока. Таа поддршка не се должи само на реформите и инвестициите, ниту само на зголемувањето на пензиите и платите. Таа произлегува и од неговиот цврст став дека Македонија мора да има јасно поставени црвени линии – граници до кои може да разговара и да прави разумни компромиси, но под кои никогаш не смее да се спушти. Граѓаните препознаваат кога некој ја брани државата со исправена глава, а не кога националните интереси ги става на бланко-лист пред туѓите барања.

Држава не се води со наведната глава, со страв од туѓи реакции и со надеж дека некој друг ќе ја заштити. Држава се води со став, со стратегија, со црвени линии и со јасна свест дека постојат прашања за кои не се тргува.

Македонија не бара ништо повеќе од она што ѝ припаѓа на секоја нормална европска држава: почитување, рамноправност и право да не биде третирана како исклучок, како проблем и како држава што постојано мора да докажува дека има право да постои.

Македонскиот народ не е народ под услов. Македонскиот јазик не е јазик под услов. Македонската историја не е предмет за политичка трговија. Македонската држава не е монета за поткусурување во туѓи дипломатски агенди.

Македонците нема за што да се извинуваат.

Нема да се извинуваат затоа што имаат свој идентитет. Нема да се извинуваат затоа што македонскиот јазик е реалност. Нема да се извинуваат затоа што македонската историја не почнува од вчера, ниту завршува со нечиј политички диктат.

Европскиот пат е важен, но тој не смее да биде алиби за нови национални понижувања. Македонија не смее да биде присилувана да избира меѓу Европа и сопственото достоинство. Ако Европа е заедница на вредности, тие вредности мора да важат и за Македонија. Ако Европа зборува за демократија, тогаш мора да го почитува правото на македонскиот народ сам да ја определува својата иднина.

СДС ја потроши довербата на народот со политика на отстапки без гаранции. Ја потроши европската идеја, претворајќи ја во оправдување за секој пораз. Затоа, кога повторно зборуваат за „храброст“, народот со право прашува: храброст за кого? За нови отстапки? За нови услови? За ново наведнување?

Вистинската храброст не е да потпишеш сè што ќе ти стават на маса. Вистинската храброст е да кажеш дека Македонија има граница под која не оди. Вистинската храброст е да ја браниш државата и тогаш кога притисоците се силни.

Денес Македонија мора да покаже дека е држава, а не територија за експерименти. Дека има институции, а не политички извршители на туѓи барања. Дека има народ кој памети, разбира и повеќе не прифаќа празни ветувања.

Државноста не е само знаме, химна и граници. Државноста е способност да се каже „да“ кога тоа е во интерес на Македонија, но и „не“ кога некој бара премногу. Државноста е свест дека има работи што не се продаваат, не се менуваат и не се ставаат на преговарачка маса.

Треба да се извинат тие што со години се трудат да „докажуваат“ нешто што не треба да се докажува. Треба да се извинат тие што го доведоа македонскиот народ во позиција постојано да објаснува кој е, што е и од каде е. Треба да се извинат тие што ја мерат македонската вистина според туѓи политички потреби.

И треба да се извинат сите оние што со Букурешкиот договор ја делеа Македонија, оставајќи рани што македонскиот народ ги носи повеќе од еден век. Тие рани не се само историски факт. Тие се жива меморија, семејна болка, иселенички копнеж и национална неправда што не може да се избрише со дипломатски фрази.

Македонија не е на бланко-лист. Македонија не е држава без меморија. Македонија не е народ без корен. Македонија не е политички експеримент.

Македонија постои.

Македонскиот народ постои.

Македонскиот јазик постои.

Македонската историја постои.

И за тоа никој нема право да бара извинување.

Ова не е само мој личен став. Ова е став на илјадници чесни родољуби во Македонија и во дијаспората, во Пиринска и Егејска Македонија, став на Македонците во Албанија и на секој чесен човек што ја љуби својата татковина и многувековната историја на Македонија.

Ова е АМАНЕТ!

Аманет од илинденците, од асномците и од сите оние што за оваа идеја лежеле по зандани, биле прогонувани, понижувани, иселувани и замолчувани, но никогаш не се откажале од Македонија.

Затоа, без извинување, без страв и без наведната глава:

Македонија постоела, Македонија постои и Македонија ќе постои.

Македонија вечна!

Амин!

 

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top