Коментари

САРКАЊАЦ: Како да се пишува историја на мала земја со оспорен идентитет

Проф. Бранко САРКАЊАЦ

Историјата не смее да биде производ на туѓи политички и идеолошки интереси, туку простор во кој еден народ има право да ги истражува, толкува и афирмира сопствените корени, идентитет и културно наследство.

Историјата им дава на припадниците на еден народ гордост. Велат, особено ако систематски се негирани и стигматизирани како инфериорни, ако им се одзема правото да имаат свои записи за својата историја и култура. Јасно, националниот интерес е секаде во светот главна морална и онтолошка претпоставка на секоја историја. Од позицијата на Македонија и на оспорен идентитет ние имаме и други претпоставки за кои треба да водиме сметка.

Вистината во историјата не може и не смее да биде производ на идеолошки или политички интереси на хегемониски групи чија доминација го определува дискурсот. Не треба да се бараат дефиниции за оваа релација хегемониска група-дискурс. За нас е просто – историјата која го негира постоењето на македонскиот народ е хегемониска.

Политичката надмоќ на Грција во однос на Македонија и општото место дека Грција е колепка на европската цивилизација не им го одземаат правото на македонските историчари да трагаат по корените на македонската култура, историја и јазик.

Историчарот ја има и претпоставката на „враќање на негираниот“. И видовме овие две и кусур децении дека овие онтолошки претпоставки помалку допираат до левоориентираните политичари, научници (значи и историчари). Не само кај нас. Така е, на пример, во една земја како Израел. Кој било политички коментатор во Македонија, без да се колеба, може да изјави дека левичарите заборавиле што значи да се биде Македонец – и да биде во право. Тука е потребно едно дообјаснување. Во најголем дел,тука под левица го подразбирам она што е поврзано со СДСМ во втората деценија од 21 век. Во 2017 година, кога е пишуван овој текст, Левица на Димитар Апасиев има мала политичка моќ и не е сместена под општиот поим левица како што го користам тогаш. Денес, во третата деценија на 21 век, работите се сменети и не може да се пренебрегне позицијата на Левица во однос на македонското прашање.

Меѓутоа, ако сакаме да пишуваме своја историја, да го определиме својот историски дискурс, тогаш македонската историја мора да покаже уште поубедливо дека може да синтетизира и да пишува историја на Mакедонија, на Балканот, и, се разбира на светот, на македонски јазик.

Работата не е толку едноставна, како што и историјата не е монолинеарна. Денес имаме пак еден идеолошки пресврт – крајот на либерализмот. Либерализмот што го прoгласивме за победник во Студената војна, кој победи со политиката на „човекови права“ уште не може да се справи со фактот дека Френсис Фукујама не ги предвидел добро работите, туку повеќе луѓе како Панајотис Кондилис. Сега, кога историчарите, не само во Македонија, туку низ светот, ја прават својата приказна, својата синтеза, за европскиот, либералниот аналитичар тоа е, уште, едноставно национализам, „влегување во темните коридори на националистичките наративи“. Тоа е толку типично за европоцентричниот либерален мислител. Ако си од мала земја и ако не правиш синтези во пишувањето историја си глупав, ако правиш си националист кој талка по „темни коридори“.

Историјата и денес не може да го одвои наративното од објективното. Ова важи за сите национални истории. Историјата никогаш не може да се одвои од „митски реконструкции на минатото кои се раководат од потребите на една заедница, било да е таа стварна или замислена, национална или поинаква“. Дали стварното и замисленото (замислуваното) се јасно разграничени или целосно се преклопуваат е прашање на кое уште ќе се градат политички кариери и ќе се пишуваат докторски тези. Стварноста и стварното се исклучително комплексни поими.  Мојата позиција е хегеловска. Умот е тој што ја разбира стварноста. Денес умот е во сложените интеракции на науките и уметностите, но пред сите во сложените интеракци на општествените науки. Ако на ова ја додадеме меѓузависноста на науката и политиката, влијанијата на бизнисот, идеологијата и медиумите, работите стануваат веќе прилично замрсени. Често се цитира дека потребите за легитимација на еден народ раѓаат „потреба да се создадат или прифатат одредени историски наративи кои им одговараат на желбите и очекувањата“ (Роже Шартие). Во ова има колку наука толку и политика.

Во такви сложени односи, задачата на историјата во една мала земја станува неблагодарно тешка.

Можеме и да ги искиниме сите тие врски.

Нашата, македонска, позиција може да се брани и со laissez-faire пристап кон верзиите на историја зад кои стои национален (и етнички) интерес. Овој пристап го отфрла насилното сместување на историски факти во готови дадани наративи. Како на пример, сè што ќе откријат нашите историчари или археолози да се смести во готовата и неменлива матрица на грчкиот или бугарскиот наратив. Ова е, инаку, позиција на теоретичари кои можат да се најдат на многу универзитети, како, на пример, на Brown Universityво САД. Тоа може да значи и добра основа за отфрлање на тн. позитивистичка историографија, но може да крие и стапици за македонската историја и историографија. Во секој случај, нашата позција треба да биде дека ниедна верзија на историјата не е супериорна во однос на која било друга.

Прашањето кое останува е: дали соседите го прифаќаат ова

(Извадок од поголем текст:  Бранислав Саркањац, “Македонската историја и политиката на дисциплината”, 70 години Институт за историја – 70 години македонска историографија зборник на трудови од меѓународната конференција одржана на 13 и 14 декември 2016 година во Скопје, Филозофски Факултет. Скопје, 2017, pp.371-386.)

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top