Коментари
Понеделник, 28 Март 2022 22:11   
КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Асанж Ве бара на втората линија господине Бајден

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Асанж Ве бара на втората линија господине Бајден Страшо АНГЕЛОВСКИ

Повеќе...
 
Среда, 23 Март 2022 02:00   
Расцепот во православието причина за војна во Украина

1 Свекрва

Повеќе...
 
Среда, 23 Март 2022 02:00   
ВОЈНАТА ШТО МОЖЕШЕ И МОРАШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ

1martin1 

(Цртички и отровни стрелички - 162)

Повеќе...
 
Среда, 23 Март 2022 02:00   
Александар Џеповски : Македонија сака нејќе ќе мора со Русија во сојуз

1Dzeposki Александар Џеповски

Повеќе...
 
Среда, 16 Март 2022 02:00   
Свекрва : По доаѓањето на коалицијата СДС и ДУИ на власт во 2017 година, Македонија е видоизменета

1 Свекрва

Повеќе...
 
Среда, 16 Март 2022 02:00   
МАКЕДОНИЈА - ЕУ: НАДЕЖ ИМА, ПОКАНА ЗА ПРЕГОВОРИ НЕ!

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 161)

1. АПЕЛ: И се обраќам на македонската опозиција и нејзините пратеници во македонскиот парламент  н а ј и т н о - не само со "европското знаменце", туку со сите можни правни алатки што и се на располагање, да поднесе закон со којшто се укинува Законот за обезбедување на поранешен премиер со шест професионални полицајци, плус службен возач и возило, по завршувањето на неговиот мандат!!!

   Привилегиите од тој закон денес ги ужива и лицето Зоран Заев (ЗЗ), а што е најапсурдно: тој е два пати аболициран за тешки криминали и злоупотреби!  Седум професионалци ангажирани да му бидат сервис на ЗЗ според постоечкиот закон треба да ги плаќаме сите ние - граѓаните и даночните обврзници на Република Македонија!

   Неспорно е дека лицето ЗЗ  го наследи тој закон и привилегиите што ги гарантира истиот од неговиот претходник  - премиер, но тоа не е и не смее да (п)остане правило, особено не во ситуација кога земјата се соочува со најдлабоката економска и  политичка криза од својата независност.

   Според светската пракса, службено обезбедување му следи на екс шефот на државата, кај има и други привилегии: канцеларија со секретарка, еден асистент, службено ауто со возач и едно лице за обезбедување (ова е американскиот модел што и ние го следиме), но НЕ и за поранешни премиери.

   Доколку лицето ЗЗ не се чувствува безбеден во својата земја, што ја тормозеше како премиер наметнат од длабоката држава цели пет години, во кој период ја разобличи по сите основи, тој може да си дозволи самиот да си ангажира на своја сметка, приватно обезбедување. Неговата бизнис империја е импресивна: бројни фирми во Струмица, ширум Македонија и во странство, фарми за марихуана, тендери и кој знае што уште не, а според изјавата на Боки 13 дадена во судот и еден и пол милиони евра во готово од уцената на познат македонски бизнисмен!?

   И додека го пишувам овој прилог. лицето ЗЗ, заедно со неговиот верен пајташ од Заевата влада, екс-министерот за здравство Филипче, според провладините медиумски ботови наводно заминале за Дубаи (на скопскиот аеродром ги испратија неколкумина од шесте специјално за нив одбрани полицајци, но не знам дали тие ги придружуваат на патувањето) . Меѓутоа, ЗЗ сепак заминал во Турција, каде во Анталија се одржуваше традиционалниот интернационален дипломатски форум (не ми е јасно зошто воопшто ЗЗ бил поканет на тој форум и што имал таму да каже, кога зад себе - во сопствената земја, по заминувањето од функцијата, остави вистинска пустош).

2. Деновиве на гости ни дојде високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на ЕУ Жозеп Борел. И наместо да не орабри со некоја добра вест од Брисел за евентуален почеток на преговори за членство во ЕУ, тој ни приреди среде Скопје уште еден ладен туш. Борел ни порача дека во Унијата "имало волја, но не и датум за почеток на преговорите". Според него, билатералните прашања не смеат повеќе да загрозуваат никаков процес на пристапување, дури ни ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања. А за  утеха, гостинот ни порача и дека, наводно, "го разбирал разочарувањето што многумина го чувствуваат, а стартот на преговорите за пристапување на нашата држава и Албанија е висок приоритет за ЕУ".

   Посетата на еврокомесарот Борел ја доживувам како континуитет на изживувањето и малтретирањето на ЕУ кон нашата земја поради злоупотребата на членството на Бугарија (но не само таа!), а не како некаков принципиелен став. Ако на ова се додаде и  "провнозата" на бугарскиот премиер Кирил Петков дека за 15 години ќе се надминат проблемите меѓу двете земји, кристално јасно е и крајно време е да се запрашаме: што и како понатаму!?

3.  Претседателот на РМ Стево Пендаровски одбива да се сретне со амбасадорот на Руската федерација во Македонија Сергеј Бездникин. Таквиот став Стево го објасни бидејки во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД  "имало формулација дека тие што ги подржуваат санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Русија".

   Кутриот Стево, па кои сме ние дипломатски да ја изолираме Русија бре човече? Наместо да се сретне со амбасадорот и да му го каже в'лице нашиот став за кризата во Украина предизвикана од руската воена интервенција; дека го подржуваме територијалниот интегритет на Украина и сме против решавање на билатерални проблеми со употреба на воена сила, туку низ дијалог и пореговори. Ќе беше добро доколку Стево ја поканеше и амбасадорката на Украина за лично да и го презентира и нејзе нашиот став, тој очигледно слепо ги следи наметнатите ставови  кон најгорливиот воен конфликт во ова столетие.

   Но  би го запрашал Стевота: кому бре човече струмичките земјоиделци ќе ги продаваат раноградинарските производи, праските и лубениците? На ЕУ и на САД, или на огромниот пазар што веќе е затворен за нас?

4. Во Македонија на 11ти март се одржаа повеќе активности со коишто се одбележаа 79 години од депортацијата на македонските евреи во Втората светска војна. На тој ден бугарскиот фашистички окупатор со однапред подготвени списоци, започнаа да ги апсат евреите од Штип, Битола и Скопје и да ги собираат во импровизираниот конц-логор во скопскиот Монопол, за по десетина дена да ги спроведат до старата скопска железничка станица каде беа натоварени во сточни вагони и упатени кон логорот на смртта Треблинка, во Полска.

   И наместо да го признаат злосторот (оригиналната документација на уништувањето на македонските евреи од бугарските окупоатори ја поседуваме ние, во Државниот архив на Македонија во Скопје) и покрај бројните апели барем да се извинат за злосторот - од бугарска страна молк.

   Се огласи само бугарскиот претседател, генералот Румен Радев со изјава дека. според него: "спасувањето на бугарските евреи во Втората светска војна е резултат на моралниот капитал на цели генерации"!? А да го прашаме Радев дали, освем егзекуцијата на 7.144 македонски евреи, дали и стрелањето во Ваташа и злосторствата во с. Дупница се составен дел од тој морален бугарски капитал?

   Колку за појаснување: нацистичка Германија и се заканувала на фашистичка Бугарија дека ќе ја бомбардира Софија и други градови доколку не ги предадат евреите, а исти закани упатувале и САД доколку пак Бугарија одлучи да ги предаде нејзините и евреите од окупираните територии. Фашистичката влада во Софија постапува во типично бугарско-византиски манир и за да ги задоволи двете страни одлучува да ги жртвува евреите од Македонија, но не и евреите во  Бугарија.

   Да видиме следната година, кога се навршуваат 80 години од овој злочин, дали Бугарија ќе се одважи да се извини за 7.144 македонски евреи што ги испрати во логорот на смртта Треблинка!?

5. И додека на тлото на Европа беснее војната, американската вселенска агенција НАСА гледа далекурочно како да се справи со  "проблем што ги загрижувал астронаутите" - сексот во  вселената.  За таа цел е основан "Клуб 62 миљи" што треба да истражи дали луѓето можат безбедно да се размножуваат во вселената со што би се обезбедило долгорочно човечко рисуство на други небески тела или вештачки објекти бидејки никој досега не се занимавал со интимни односи или човечкото искуство во сексуалните функции и состојба во Вселената или во вселенските вештаччки објекти, или како сето тоа може да влијае на работата на екипажот.

Звучи секси-футуристички, зарем не!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен миистер и амбасадор

 
Среда, 16 Март 2022 02:00   
Александар Џеповски : Путин ќе каже дали на пописот имало 35 % Албанци и 15 % Бугари

1Dzeposki Александар Џеповски

Повеќе...
 
Сабота, 12 Март 2022 11:10   
КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: И нацизмот на почетокот вака “проодуваше“

1str21 Страшо АНГЕЛОВСКИ

Повеќе...
 
Среда, 09 Март 2022 23:16   
Борис Јанев : Си беше еднаш.........
171093307 
 
Бориј Јанев : Си беше еднаш.........
 
Повеќе...
 
Среда, 09 Март 2022 02:00   
Свекрва : Военото лудило во Украина зема се поголем замав!

1

Свекрва : Военото лудило во Украина зема се поголем замав!

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.