Култура и туризам

Апокрифна литература позната во јужнословенската средина (11)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА

ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Се смета дека Протоевангелието на Јаков инспирирало повеќе уметници да го обработат мотивот за Богородица млекодавачка, за што пишувале: Н. П. Кондаков, Г. Мије, Л. Мирковиќ, во сликарството и во книжевноста. Co овој мотив насликани се многу икони, а и се испеани стихови. Кога говори за раѓањето на ИсусХристос, Ефрем Сирин (373-379) пее:„Севишниот се хранеше со млеко, а од неговата добрина се хранат сите суштестваѐ“.

Апокрифот познат во славистиката под општиот назив „Детството Исусово” во литературата е зачуван во три верзии. Првите две верзии, во кои е детално претставена дева Марија, се распространиле во многу текстови: сириски, ерменски и арапски обработки, кои најверојатно не стигнале до јужнословенската средина. Но, затоа една од најстарите верзии позната како „Томино евангелие”, се среќава и во словенските текстови.

За жал, во неа Богородица е многу помалку предадена, во споредба со претходните две верзии. „Томиното евангелие” нашло своевидна почва во нашата средина. Самата содржина, описот на детските години на Исус, кој недостига во четвороевангелијата, е многу интересен. Настаните се движат меѓу петтата и дванаесеттата година на Исус, предадени во единаесет глави

Интересно е да се спомене дека „Томино евангелие”, изобилува со многу остри и силни постапки на Исус, невообичаени за другите текстови, во кои тој е секогаш нежен и обмислен. Се претпоставува дека оваа верзија стигнала во рацете на еретички автори и оттука може да се толкува пресвртот што се открива во личноста на детето Исус.

Во овој текст се чувствува отсуството на Марија и сѐ до деветтата глава како закрилник на малиот Исус е Јосиф. Личноста на Марија се јавува само трипати. Еднаш мајка му Марија го пратила Исуса со сад да донесе вода од чешмата. Исус го скршил садот и ѝ донел вода на мајка си во кошулата.

Вторпат родителите го искарале Исуса, бидејќи сурово постапил кон едно другарче. Во третата епизода Јосиф и Марија го нашле своето дете во Ерусалимскиот храм, каде што спорел со учените книжници. Оваа епизода ја среќаваме во Евангелието од Лука.

Боговдахновениот мудар Симеон живеел во Ерусалим и, според реченото, го очекувал доаѓањето на Исус. И пророчицата Ана го чекала и го дочекала Исус. Секоја година родителите го носеле Исус во храмот, на Пасха. На дванаесет години тие го изгубиле синот и така уплашени го пронашле во храмот, по три дена барање, како разговара со книжниците. Во Томиното евангелие, иако ретко, Богородица е претставена како нежна мајка, а во третата епизода, покрај пофалбата на Исус, следи и таа за неговата мајка.

Од апокрифната литература позната во јужнословенската средина се споменуваат текстовите за двајцата разбојници Тит и Димах, кои ги нападнале Јосиф и Марија во Египет, со цел да ги ограбат. Co чудото што го направил Исус тие не ги нападнале.

Од овој настан произлегол и апокрифот за двајцата разбојници, распнати на крстот до Исус, но едниот од нив, подобриот, бил син на претходните разбојници, кој во детството бил болен и дева Марија шест дена го доела, и на тој начин го спасила. Од безгрешната Марија, од нејзиното млеко, пораснал добриот разбојник. За овие текстови поопширно станува збор во повеќе славистички трудови.

Инаку, Марија, мајката на Исуса, се јавува во новозаветните евангелија, посебно во Евангелието од Јован, на свадбата во Кана Галилејска и на самото распнување на Исуса. На свадбата во Кана бил присутен Исус Христос со учениците и со мајка си Марија. Таа го опоменала синот дека домаќините немале повеќе вино. Исус им наредил на слугите да ги наполнат со вода седумте камени садови, во кои водата се претворила во вино. При крстот Исусов стоеле мајка му Марија, Марија Клеопова и Марија Магдалена. Исус се грижел за својата мајка до крајот на животот и им порачал на мајка си и на ученикот Јован Богослов: „Жено, ете ти син!”. Потоа му рекол на ученикот: „Ете ти мајка!”. Од тој час Јован ја зел кај себе Марија.

Продолжува

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top