Култура и туризам

Чудата на Дева Марија во преводите и литературата на Јоаким Крчовски-дел (15)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Во Македонија биле познати разновидните верзии од раскажуваните и предаваните чуда на Светата Дева. Еден успешен превод на оваа омилена литература направил македонскиот просветител од 18-от и 19-от век – Јоаким Крчоски. Покрај своите четири дела печатени во Будим, ја објавил и многу интересната содржина во книгата „Чудеса пресвјатија

Богородици”, објавена во 1817 година, и која доживеала голема популарност, заради собраните чуда, што ги правела

заштитничката на сите луѓе – Богородица.

He случајно книгата „Чудеса пресвјатија Богородици”,  доживеала повеќе изданија во 19-от век. Самото дело е превод од елински (грчки) јазик и тоа третиот дел од составот „Арматолон сотириа” од светогорскиот монах Агапиј Ландос Критски, објавена во Венеција во 1641 година. Агапиј ги собрал чудата на Богородица, позајмувал и од грчки и од италијански книги.

Meѓутоа, преводот на македонски јазик Јоаким  Крчоски не го направил од Агапиј директно, туку од српскиот превод на истото дело од Виќентие Ракиќ, објавено во Венеција во 1808 година, како што откри X. Поленаковиќ. Б. Конески ја разјасни структурата на чудата, бидејќи бројот на чудата не се совпаѓа со тие на Ракиќ, ниту по редослед, ниту по број.

Меѓу 66-те чуда се наоѓа и тоа под број 11, во кое е засведочен популарниот средновековен расказ „Девојката без раце”. Неговата noпуларност ја засведочува и самиот Крчовски. Во Галија на царот му се родила убава ќерка Марија, но набргу по нејзиното раѓање починала нејзината мајка царица.

Царот се преженил за друга жена. Таа била убава, но многу лоша и кога царот отсуствувал од дворецот го убедувала слугата да ја убие убавата ќерка на царот и да и ги исече рацете како доказ за злосторството: „Утро да ја земеш и речи ù како да ја водиш на теферич и отведи ja y планината да ја убиеш. И за нишан да ù отсечеш руките, да ги донесеш.”

Во шумата Марија ги замолила слугите, откако сфатила дека ја водат на судиште: „И ви заклинам вас у имја пресватија Богородици, што е родила истинаго Бога и судију всјех, немојте ме убивати. A ако сакате моите руки да ги носите на нишан, а вие отсечете ми руките и носете ги. И тури си руките на едно дрво и ги отсекле и ги отнесле на царицата, и им дала многу дарове.”

Марија боледувала во планината и ја нашле група благородници. Во неа се вљубил синот на еден благороден човек и, иако била без раце, го убедил татко си да ја земе за сопруга. Кога таа била трудна, синот заминал на натпревар со коњи, што го организирал царот, таткото на Марија. Маштеата го забележала убавото момче, го привлекла во дворецот и ја дознала од него судбината на пасторката Марија.

Нејзината лоша мисла, иако дознала дека во меѓувреме Марија родила две близначиња, испратила по слугата на нејзиниот сопруг писмо до таткото негов, како да е составено од неговиот син, и му соопштила дека Марија била крадливка и затоа и биле отсечени рацете.

Во писмото „тој наредил” да ја убие жена му. Таткото се сожалил и ја оставил со двете деца на истото место, каде што ја нашол син му. Еден пустиник ù ја отстапил на Марија пештерата и ја хранел секој ден со плодови и корени. Кога се вратил дома, домаќинот сфатил што се случило. Во меѓувреме, Марија постојано и се молела на светата Дева и таа и се јавила во вид на видение и ù ги повратила двете отсечени раце.

Потоа, Марија „сета ношт стојала и чинила благодарение Богоматери, и читала „Богородице дјево радујсја’, како и секиј пат имала хадет, с великим умилением и сокрушением срдца.” Сопругот ја одвел жена си и децата дома, ја прославиле сите присутни Богородица, а свекорот прославил празник во нејзина чест. Татко и’ на Марија ја открил повторно својата ќерка. Ја спалил втората сопруга на голем оган, а зетот го прогласил за свој наследник и цар. Марија останала мила и срдечна сопруга, благодарение на спасителката и чудотворката дева Марија.

Продолжува

Најново од: Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top