Среда, 18 Февруари 2015    PDF Печати Е-пошта
Теофилакт соопштува дека седиштето на Охридската архиепископија е во Македонија

Македонска нација

teofilaktДоаѓањето на Теофилакт чело на Охридската архиепископија и неговите обиди за асимилација му нанела огромна штета на македонскиот народ. Сепак и покрај сите преименувања, обиди за грциизирање и асимилација на населението низ вековите, македонскиот народ успеал до ден денес да опстане и да го сочува своето име, што говори за неговите длабоки корени.

Теофилакт Охридски бил византиски свештеник и охридски архиепископ (1084-1107). Се родил кон крајот на првата половина од Х1-от век на островот Евбеја, а умрел помеѓу 1118-та и 1126-та година. Го завршил Универзитетот во Цариград и имал широки познавања од повеќе области, особено филозофија, класична историја и реториката. Пред да биде нзначен за архиепископ на Охридската автокефална црква (1084 до 1107), извршувал важни должности на Цариградската црква Света Софија и бил учител по реторика на Патријаршиската школа.

Важел за една од најистакнатите личности во византискиот учен свет во тоа време. Поради неговата ученост тој бил учител на Константин Дука, син на императорот Михаил VII, како и други членови на царското семејство. Иако близок со царското семејство, тој одржувал и блиски контакти со симнатото царско семејство. По доаѓањето на власт на Алексиј I Комнен, Теофилакт бил отстранет од Дворот и бил назначен за архиепископ во Охрид. Се смета дека на оваа позиција доаѓа во 1084 година и дека на охридскиот трон останал се` до 1107 година, кога заминал во Солун. Точната дата на неговата смрт не е позната, но се смета дека починал 1125/1126 година.

Теофилакт кој е еден од најпознатите православни теолози во тоа време и кој оставил коментари на евангелија и други новозаветни текстови кои во Ренесансата стануваат познати и во Западна Европа, назначувањето за архиепископ во Охрид го прима како казна и во своите писма бара да го ослободат од должноста која мора да ја обавува во провинцијата кај барбарите кои не го знаат грчкиот јазик. Откако не успева да биде ослободен тој се обидува да го наметне грчкиот јазик во Охридската архиепископија и ги пишува „Житието на Климент Охридски“, „Житието на Тиверополските маченици“ и други дела.

Иако живее во Македонија долго време, тој во своите дела и писма многу ретко го користи името Македонија. Сепак, во Житието на 15-те Тивериополски маченици, зборувајќи за прогонувањето на христијаните во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363), Теофилакт ќе напише: „Во Македонија Теодул и Тацијан, благородни и пламени по дух мажи, влегле ноќе во еден храм на идоли и ги искорнале тамошните идоли. Тогашниот управител на областа за да му угоди на тиранинот, решил да фати мнозина, кои се осмелиле да ја прават таа работа. Но Теодул и Тицијан сметале дека е неблагодарно да не излезат пред јавноста и да не се посочат себеси дека се осмелиле да го прават тоа, а да ги изложат невините луѓе на гневот на тиранинот, кој гори за да се освети за своите богови и се жртвувале за Христовата вера“.

Осврнувајќи се на бугарските освојувања во Македонија во првата половина на IХ-от век, Теофилакт вели дека, Бугарите, „откако ја освоиле целата илирска земја, стара Македонија до градот Солун и стара Тракија, т.е. околината на Верија, го имам предвид Филипопол, како и погорните области, ги завладеале тие земји како постојани населеници, а пак жителите на секој град ги раселувале, преселувајќи го населението од едни градови во други“.  

Со потенцирањето дека Бугарите ги освоиле „стара Македонија“ и „стара Тракија“, Теофилакт Охридски покажува дека тој прави разлика меѓу историско-географската област на Македонија и Тракија со византиските теми Тракија и Македонија на дел од историско-географскиот простор наТракија. Истовремено тој укажува дека Бугарите се освојувачи и дека се дојденци во Македонија, но не укажува дека исчезнале Македонците. Напротив, како што вели населението било раселувано од едни градови во други, што значи дека било правено со цел да се ослабне нивната способност да се организираат и кренат бунт против Бугарите. Всушност  Македонците биле домининантен народ за што говорат и синодалните акти на Охридската архиепископија од времето на архиепископот Димитрија Хоматијан (1216 - 1235).

Исто така, во писмото упатено до протосекретарот Григориј Каматир околу 1106-та година Теофилакт соопштува дека градот Охрид се наоѓа во Македонија. Во писмото во кое му се заблагодарува на Каматир што за управник на темата на Вардариотите бил испратен Константин Дука (синот на протостраторот и севаст Михаил Дука, брат на царицата Ирина, кој бил негов ученик, Теофилакт меѓу другото ќе напише:

„Се научив дека е испратен за управник на Вардариотите (турски колонисти населени покрај Вардар н.з.) мојот воспитаник, почитуваниот протостраторов син, којшто прилега на татка си покрај другото и со љубовта кон науката... Не знаев дека тој се разбирал и од геометрија, ако и да било природно да ја мери земјата, зашто секогаш имало по нешто погрешно. Да беше посакал, би можел да стане и музички образован, а тоа е природно, зашто аритметиката е сродна со хармонијата... Тој би можел да стане музички образован ако се зафати најпрво да вежба со дувачки инструменти и се научи да ги надува и отпушта хармониски и со ритам... Ако пак врши набљудување на движењето на Сонцето, тој ќе се научи како последното, Сонцето, ја тера колесницата, и во таквиот случај тој ќе биде не по презимето туку по името Хрисилиј... Ако, пак, ти е до тоа да биде врвен возач на колесница и за него да се натпреваруваат димите кои се натпреваруваат во боите, не задржувај го таквиот во тесните предели на нашата Македонија, туку испрати го во Лариса, зашто Тесалија и Фарсалското Поле се попогодни за тоа... Ако пак, дојде кај нас, тој не ќе може да се истакне ниту во другите науки, ниту во геометријата... Кај мене само една уметност, ако ја знае може да му биде полезна, а тоа е пеењето и диригирањето со хор“.

Теофилакт, како и другите Византијци, имал императорска задача да ја покори бунтовната Македонија и да го грцизира населението, што може да се види од неговите други писма. Оттука тој ќе напише за нашата Македонија: „Но, токму со таквото именување, архиепископот Теофилакт покажува дека ја подразбира не само античка Македонија, туку Македонија во поширока смисла на зборот, вклучувајќо го и градот Охрид каде што ја вршел архиепископската должност и каде се наоѓал тронот на Охридската архиепископија“.   

Доаѓањето на Теофилакт на чело на Охридската архиепископија и неговите обиди за асимилација му нанеле огромна штета на македонскиот народ. Сепак и покрај сите преименувања, обиди за грциизирање и асимилација на населението низ вековите, македонскиот народ успеал до ден денес да опстане и да го сочува своето име, што говори за неговите длабоки корени.

(извор: М. Бошкоски - „Имињата Македонија и Македонци во средновековните извори“, Скопје, 2003, стр. 122-123; Документи том I, Скопје, 1981, стр.111-112)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.